Сестра ми имат и не се задоволни воопшто. Тркалцата се многу фетки мн се клаца цела количка и тој делот за седење не е убав некако чуден е не е згоден за седење, они уште во транспортерот го возат. Плус црна фаќа мн прашина и упки материјалот. Може зависи и кој модел, тие го имаат А&А Angel @jelo честиткиии живи и здрави да сте Честитки и до новите мешиња, добредојдовте во најубавата тема
Здраво, дали имате и болка во стомак и кичма покрај тоа што имате крвав исцедок ?прашувам за сестра ми таа не член на форумов .Таа има и болки понекогаш па е уплашена да не и се случи нешто. Инаку докторите викаат дека е се во ред.
Се тркалам во кревет, не можам веќе со стомаков. Го замислувам бебе со златен ланец и ми вика Are u mad bro? Последниот месец ми трае 3764838 денови. Ни чепот не сака да падне. Сликава е најточен пример како се чувствувам во моментов. @jelo прво честитки, да сте живи и здрави, а второ пуштај абер за нас напатените да си дочекаме побрзо
Честито, нека е живо и здраво! Не е нормално,никаково крварење или обоен исцедок посебно ако има болки,нека оди на дежурен лекар во болница нека ја видат на ехо,и да ја боцнат прогестерон депо и да и дадат терапија за подршка утрогестан.
Беше на лекар, ја гледаа на ехо, преглед и направија, бета расте како што треба, прима вагиналетки прогестерон 3 на ден, ама пак има болки . Инаку е рана бременост 5 та недела.
Се надевам немаш никаква компликација, те молам не се оптеретувај со такви мисли. Ја сум 25та недела и скратен цервикс. У кревет више месец дена. Секоја недела читам колкави се шансите да преживее бебе ако се роди сега. Се мрднав, одвај чекам да влезам у некоја безбедна недела да ми се смири душата.
Фала богу за сега е во ред..ама сепак ете да не ти е мирна душата. Од срце ти посакувам да издржиш ...а ке издржиш, многу има во иста ситуација па дури ги надносувале
Знам и јас така се мотивирам. Све со стресови и паники, изгледа така се станува родител... Мора само да бидеме позитивни и да се чуваме. За нас и за бебињата наши Бтв од која недела почнува 7ми месец ? 27/8?
Јас имав два дена крварење во 6та недела, ми дадоа орално утрогестан, едно навечер. После 2 недели бев на преглед, ми рекоа дека супер си е заштитен плодот и дека терапијата помогнала. Без грижи, ќе биде се во ред следи ги насоките на гинекологот.
15 needela sum i custvuvam nesto slicno na krkorenje na creva, ama ne se crevata. Ponekogas prvo osekjam bolka pa posle kako krkorenje. Dali e mozno toa da se dvizenjata na bebeto? Dali nekoja od vas imala bolki koga bebeto mrda?
Секогаш постојат исклучоци. Инаку колку и да сме радознали најважно е живи и здрави да ни се, полот е тотално споредна работа.
Болката е од што се шири матката, а кркорењата се бебенцето. За 3-4 недели очекувај да го осетиш најубавото чувство.
Па не исклучоци, туку различни искуства. А секако дека здравјето е најбитно, затоа не се ни дискутира