И јас јадев па еве фала богу 34 та недела терам. Не оправдувам ни претерувања, ама од еднаш, два пати ништо нема да ни биде. И претходно сме јаделе така да нема гајле. Јас еднаш од пазарче јадев маслинки, оние што ги продаваат од канта, отворена, ако ти е за утеха Инаку немам слушнато дека е забрането мувлосано сирење во бременост.
Јас откако останав бремена се мислам ке се породам. Сега уште повеќе страв имам, 34 та недела сум. Сакам веќе да влезам во 36та и да се релаксирам.
Јас имав кафен исцедок скоро секој ден од 6 до 11 недела, но многу често и крварев, свежа крв. Утрогестан примав и примам вагинално, и дополнително пролутекс. Првиот пат кога прокрварив свежа крв бев на преглед, кажаа дека е хематом и дека ќе се чисти подолго време, да не паничам, но да бидам на строго мирување. Така и беше и еве сега веќе некоја недела нема, се надевам толку било. Само слушај доктори, примај терапија и ќе биде во ред.
Имав циклама боја и ќе ги носам на се друго, комбинации 300 та. Што сакаш носи, а кој превртува очи нека си земе бели
12 недела сум докторот рече секак уште месец ќе ѓи користиш. Јас си ѓи ставам вагинално сабалје и вечер утрогестан 200
Ти ја прекина ли веќе терапијата... и јас секогаш кога ќе видам кафено се плашам следно да не е свежа крв ептен сум паничар а и како да не бидам кога изгубив едно бебенце...
Немам болки и исцедокот не ми е крвав само кафеав и тоа на бришење ...човек да не е на раат незнаеш дали да се радуваш на бременоста или да очекуваш лошо...
Пролутексот ми ги прекина, а утрогестанот само ми ги намали, ставав 2*400, а сега откако се смири 2*200. Нема да се паничиш, знам дека не е пријатно, особено кога ќе видев свежа крв сите црни сценарија си ги замислував, поради лоша историја и јас, ама докторот кажа само ако има многу обилно крварење и јаки болки, тогаш да трчам на ургентен, се друго е нормално. Кај мене болките си беа нормални, издржливи, како менструација на неколку пати.
Фала ти миличка ме смири малку ...знаеш пред две недели бев на контрола а се чувствувам како месец да поминало...
Здраво мешињаа Од денес 13та недела, вчера бев на прв скрининг и приска кај Петрова во Ремедика, некако набрзина беше, пол не се ни трудевме да видиме оти ми е сеедно, дури се мислам да купувам крем, бело, па на пораѓај да ме изненадат што е Гледаше се друго, многу брзо заврши, заминувала на одмор и беше прегужва кај неа Ама ко што ми кажуваше, најважното го виде, вратот, носната коска, срцебиење, глава, мозоче, рачиња, ноџиња итн Рече супер и изгледа, само ми доцни ден, два со развој стандарт, ама ништо не е ден, два, го препишуваме на доцна овулација Останува да чекам резултати од приска само, па да ве позамарам со резултатите здравје тогаш Сега само ме копка да не не виде нешто толку набрзина, ама па она ме виде со првата дека има чворови на папчаник и умотана е, па и верувам некако... На тема јадење, купена "тазе" баклава од Веро, си апнав два залка, после ја извадија да јадат, надолу баклавава мувлосана Земав јаглен, ништо не ми е до денеска, се надевам и ништо нема да е, оти татко ми дигна узбуна и ќе го кренеше цело Веро на нозе ако почнев да повраќам, ќе го имаше и по портали сигурно , за него бремена жена е нешто свето Толку од мене набрзинка Чувајте се мешиња