Прават и во Адриалаб, сега Синлаб, кај Ѓорѓи Димитров. 100ден е плус со 3 боцкања. Прават и во Биотек Ѓорче не знам со плаќање како е.
Генерално нема потреба од плаќање на приватно за 3 боцкања, плус за пациентите е тоа што си добиваат вредност на глукозата по 60 минути, наместо на 0 мин(читај=гладно) и по изминати 120 минути. Ја читаат вредноста, секако на крај вие си добивате краен резултат од крајна вредност, која Ви кажува дали можеби имате гестациски дијабет или не.
Мене ми треба термин за околу 26 септември кажа сестрата нема не верувам дека ме излажала... Ќе видиме и така треба да се чујам пак со нејзе дали ќе има термини или ќе биде со приоритетен пошто и она спомна можам приоритетен упат да ти дадам.
Otvori na moj termin.mk i ke vidish. Izvini ova e za ambulanta 36. Ti barash za skrining tamu nema mesto.
За извештај за боледување така е, на брзина ги поминуваат ама за скрининг јас бев и за прв и за втор и убаво поминав. Е сега пред мои очи докторката ја молеа да прими трудница без упат затоа што се сомневале други доктори од приватни клиники дека нешто не е во ред со бебето и ја пратиле на ГАК ама докторката им кажа дека ќе биде прегледана само ако има време откако ќе ги прегледа сите пациенти што се уредно закажани и и објасни дека скрининг не се прави набрзина и треба да се посвети време бидејќи многу е лесно да се направи пропуст, а после докторот да е крив.
Да бидам искрена кај и да отидов и во прва и во оваа бременост сите го пофалија матичниот мој за водење бременост, испитувања и водење мајчина книшка, буквално се соџвакано, кофа отидов на породување сите искоментираа. Така да му верувам и не се замарам требало не требало, он знае најдобро дали треба или не, ако ме праќа со 3 боцкања одам со 3, ако вика не треба не треба и крај.
Девојки дали во прво тромесечие пиете кафе? Значи не можам глава да кренам колку многу ми се спие, а морам да работам. Такви дремки ме напаѓаат, во состојба сум да заспијам на биро. Знам дека не се препорачува и во претходната бременост не пиев, ама не бев вака уморна цело време. Сега сум како да сум копала на нива буквално...
Денес крвна слика ок конечно. Закажуваат царски со полна 39 недела, па страв ми е до тогаш да не побрза девојкава, па да биде итно а не на закажано. 1 цм отворена вчера, се надевам ќе издржиме уште недела време
Пиев по едно, сега и по две пијам, плус кока кола знам да се напијам често. На почеток по едно зошто многу ми се гадеше и повраќаше инаку сега две, евентуално 3 ептен слаби.
За цените, општо да бидеме реални сегде има покачување, видете прво со струјава што ни прават, реално тоа само си повлекува за сето ова. Инаку се слагам за скрининг на приватно без размилсување. Јас ги правев во Систина скептична бев токму поради апаратура и точно е дека за ГАК и да сакаш мора да бараш врски./
Јас ептен на почеток пиев, а и матичната ми дозволи. После кога ми почнаа мачнините прекинав. Сега пијам по две.