Па реално приската е само математика што би се рекло... ама ако така си одлучила, во ред е, скринингот секако е најважен, приската е споредна работа
Вчера испитував крв и имам ненормално висока седиментација. Инаку сум во 29та недела од бременоста. Некој со слична ситуација? Страв ми е.
И мене ми беше премногу висока, сите доктори што ги консултирав ми кажаа дека не треба да испитувам во бременост.
Ај да ви се придружам ви темава, по толку време непишување на форумов, сега мислам дека е вистински момент да се вратам. Денес ми стигна покана за прв скен, овде не те третираат како да си бремена до 8ма недела, јас сум 7+5 и следна недела ќе одам, овие недели ми беа агонија дека сум со Хашимото и Хипо и страв ми е дека треба да се зголеми терапијата и дека недобро функционирање на тироидната ќе му штети на бебето, пред да останам бремена ми ја зголемија терапијата оти ТСХ ми беше 6, не ни знам како останав дека идеално нели е под 2…ги информирав докторите тука за мојата состојба ама си стоеа на нивното, прв преглед после 8ма. Мене деновите ми се смрт, јас сум личност која момент од денот не седнува, секогаш сум со нешто зафатен, а сега поради гадење и нејадење немам сила за ништо, спијам и лежам секој слободен момент од денот. Исхрана катастрофа, не повраќам ама не можам ниту да смислам храна, аверзија до степен што само влегување во кујна мене ми иде нагод за повраќање. Денес сум на парче леб со малце јајце, крокет од комир и салата и јаболки и мандарини, веќе 3 недели иста шема одвај ако каснувам нешто, среќа не губам тежина, се мерам и иста килажа сум. Нека минат уште 4 недели да влезам во второ и се надевам ќе живнам оти вака се чувствувам ужасно.
Нормално е да е покачена за тоа на бремени жени не треба да се испитува и мене ми беше покачена прашав што значи тоа докторот рече ништо на бремени не се испитува и од тогаш не сум испитувала
Како се справувате со затнат нос? Мака мачам, штом легнам одма ми се затнува и не можам никако да заспијам. Следна недела сум на преглед и ќе прашам дали смее некој спреј да користам, ама дотогаш ако имате некој совет, би ви била благодарна.
Не се грижи за тсх на старт,секако корекција на доза отприлика на 4 до 6 недели се врши, во поодмината бременост повеќе паѓаат. Сега за сега без стрес, гледај исхрана, инсистирај на суплементи за железо ако имс потреба, зашто реално хашимотото и онака го бутка железото многу, почни си и со пренатални витамини ако не внесуваш доволно храна за да не ги исцрпиш резервите дополнително, гледај некои со метилирана фолна кско фемибион или новалак..
Јас во понеделникот испитував ме прашаа дали сум бремена и кажаа дека седиментација масти и незнам таму што не се испитува кај бремени. Така да сигурно кај сите ни е покачена нема место за паника
Добро утро девојки! После вчерашната бура, денес пука сонце, дури и ме разбуди, немав спуштено ролетни... Конечно привршувам со чистење, денес финеси уште останаа. Све исправ, од прекривачи, постелнини, завеси, кебиња... Затоа сум како претепана, едвај се движам, за ремонт сум уште малку Денес планирам ако стигнам се да довршам да почнам со перење алишта на бебе. На која температура перете алишта за бебе? Планирам да ги перам на пониска температура, после во сушара и да ги пеглам. Спалната ја прилагодивме за бебе, маж вика креветче од негова страна, ке станувал он, до кога ке го држи желбата не знам, ама битно сега ја има Организери спремив за фиоки, се убаво да наредам, ми фалат уште некои за козметика, ке треба да докупам. Релаксаторот ке треба некако да го исчистам, дајте ми идеја како? Мислам дека ништо не се вади за да може да се испере, ке треба со бришење ваљда... Количката сега за сега не знам дали да ја склопуваме, да не фаќа џабе прашина... Млеко сакам да купам, да имам за секој случај, да не трчаме во ниедно време по аптеки . И така си се изназборев јас а колку работа ме чека.
Добро утро и од мене. Во чекална кај гинеколог, испив течноста за проверка на шеќер и сега час листање на нет. Денес последен ден од 24, утре ја раситнувам 25та. Вагата мрднала, вкупно 3.5кг од старт…се надевам дека нема да надмине 9-10 Оти тек допрва се качува. Собата на бебуш полу готова, уште врата, креветче и две фиоки фалат. Море и некој организер да зедам не ќе да е лошо, кога ги спомнавте. Количката купена пред 7.5 години за среќа стои уште во подрум, три деца, со периоди како единечна но и дупла, одлично ме служеше. Спремна за четврта рунда. Транспортер, коритце и слични тракатанци исто, некаде низ подрум складирани. Се селиме за неколку недели па се ќе тргнам на страна и ќе се исчисти и препере. Е креветчето, хранилката душа им извадија, канта се. Ќе мора нови. Некако оваа бременост сум најрелакс. Првата бременост барав второ и трето мислење, па Оти ден два напред назад, мм плус минус. Аиии колку се опседнував. Втората веќе поискусна верував на докторот и не се влечев по приватни ординации и не гуглав. Третата, воедно и трета во две години, буквално со две бебиња дома, заборавав и термини . Сега ни термини заборавам, ни непотребно се оптеретувам со паранои. Тоа што боли или се укочувам нормална ствар, ама вистински уживам во бременоста. И така, со добра мисла и денес се да си е супер и нареден преглед веќе третиот скрининг треба да е.
Јас ги перев на 40 степени, потоа само на плавење уште 18 минути таква програма имам на машината. Инаку кај мене на релаксаторот се вади навлаката, а транспортерот го перев до сега надвор во двор со прашок и црево, но мм виде дека има два штрафа кои може да се извадат па и тоа во перална ќе оди
И јас некако повеќе уживам оваа бременост, еве на праг на 6ти месец и некако се осеќам прилично нетрудно, ако не претне бебе заборавам скроз. Вчера пак муабет си правеа братчињава, како реагира на синко и муабетот негов не ми е верно, ко на филм, дури солзи да ти потечат, бато збори ова рита, едвај чекам да почне да осеќа бато нанадвор па да може да се радува и он како мене. Денес ќе одам по нов упат за крвна слика а утре ќе зимам крв, се надевам дека ќе биде се добро. Моментално фокусот е на утрешниот ден, ама од петок па ќе го исчекуваме понеделник, уф, многу ми е страв од таа вага зошто и се осеќам некако поправено, ама тоа е што е, ќе слабееме после пораѓај.
Od ikea mk се вика страната, одат 6 во пакување во 3 димензии, помали и поголеми. Јас земав два сета за две фиоки, големи се фиоките и баш добро се вклопуваат.
Баш ке проверам дали се вади и кај мене, уште стои спакуван релаксаторот. Макси кози е ако некој има искуство нека каже
I mene mi ja zgolemija dozata pred da ostanam bremena, sega sum 11 nedela i seushte ne sum bila na kontrola za tiroida zosto doktorot mi beshe na odmor. Ali ne se panicam neshto posebno za nedela dve ke odam. Do sega bebeto normalno si raste
Немој да се плашиш. Со покачената терапија секако ти се има спуштено Тсх. И јас сум со Хипо/Хашимото, а и блиску сме со неделите, 8+2 сум јас. Проверив кога дознав дека сум бремена, стабилно беше 1 и нешто, докторката рече сега секако не смеам да менувам доза, контрола после еден месец, така да си ја пијам истата доза од претходно. Кога си покриена со терапија немаш потреба да се грижиш, чим си забременила сигурно Тсх било на коректно ниво. За храната не знам многу како да ти помогнам. Генерално немам проблем, само спрема некои јадења осеќам аверзија и ги јадам со не преголем мерак. Пробај да најдеш неколку намирници што се доволно нутритивни и да јадеш малечки порции, па и залак по залак ако треба. Исто од другарки знам дека за гадење им помагаше голтање жив ориз, сирови бадеми, зелено јаболко, ладно млеко од фрижидер. За уморот нема мислам решение, цело време сум уморна и јас. Буквално станувам од спиење, се мијам и пак легнувам во дневна да се “расонам”.
Фала ти на утехата, нема што да правам и да треба да се смени морам да чекам. Инаку за храната, јадам и јас зелено јаболко, тоа најдобро ми влијае, млеко тука не можам да пијам оти е пакувано во пластика и има ужасен мирис, пробав ама згрешив оти одма си направив аверзија, сирови бадеми не сум пробала, а ни ориз, ќе пробам. Јадам со сила секако морам малце пошто работам и цел ден сум на нога и ми треба сила. Работам и по 10 часа, уште немам кажано дека сум бремена поради тоа што ме чека унапредување, сакам прво да ме унапредат па ќе кажам, тогаш ќе ми ги намалат часовите, ама за сега одам и работам цел ден, среќа и мм работи со мене па успевам да искористам повеќе паузи и да не морам да кревам ништо тешко. Мене проблемов ми е чудниот вкус што го имам во уста, некој горко благ и ми ги уништува сите вкусови. Пијам и витамини има едни тука специјални комбинација за трудници, ми ги кажа цимерката која е мед. лице и го имаат секој витамин што е потребен па може и они малце у живот ме одржаваат. Уште некој ден ќе имам и преглед и ќе се консултирам со доктор тука, оти до сега сум буквално сама на себе, само во МК бев еднаш на ехо кога ми потврдија и тоа беше пред 4та мислам и толку.
Ќе биде сѐ добро. Мислам дека само кај нас има толку чести прегледи. Нормално и очекувано е да си загрижена, ама верувај дека тамошните доктори не би те оставиле така ако сметаат дека си во ризик. За кратко си на преглед, мисли колку можеш позитивно до тогаш. Витамините добро е што ги пиеш зошто не можеш да јадеш и слабо внесуваш преку храна. Со лесно до крај!
Мајкии Мерев притисок, ме спопадна дремка наеднаш, 90кусур со 70. Ептен се доближуваат, знам по жилата ми чука напред. Ај вода нешто поткаснав, ваљда се поправи малце. Леле дур лежев шо чувство осетив! Бев на грб испружена потпрена и стомакот издаден. Си читкам така со син ми и наеднаш стомаков како да се потздрви. Не е класично здрвување, ама добивам таков филинг, се присетувам од претходната бременост и ме буни. И ви викам, така како наеднаш некој момент на трепет, на грчење, истегнување нешто комбинирано и фаќам стомак на едно место топче беше направено! Зарем можно е? Изгледа се превртува бебето, се шири матката, ама топчево? одма се поместив. Ама еве со полна 15та недела можам да кажам дека го осеќам бебето, движењата веќе се осеќаат. Не е рано нели? Мислам возможно е така? Инаку две кила сум здебелена за 15 недели. Многу е?