Не е рано, ја го осеќам бебче уште од порано и истите тие грчења и стврднувања, на почеток мислев дека е бебето ама после ко шо читав да не се тие лажните контракции незнам, више се осеќа дека не е бебе туку цела матка ми се стврднува, кога сменам положба се губи. Мн чудно чувство. Мене ми е прва бременост и сум сега 25 та недела, тоа го осеќам и ја уште од 15та. Инаку мислам дека не си мн поправена сепак нормално е. Ја до сега сум 6,7 кг поправена ама не ми се приметува ич дека мн сум слаба. Пред бременоста бев 45кг.
Здраво, сакам да прашам за трет скрининг колку пари е во Плодност Битола, а колку е во Скопје Ремедика.
Трет скрининг не ми наплатиа како скрининг туку како обичен преглед, и како преглед се закажува, а ехото е исто рутински преглед на развојот ништо поразлично. ремедика ова
И јас го чувствувам од порано, прво мислев да не е некој мускул стомачен. Ама тоа е тоа, сабајлево појадував па после тоа одма се јави. Плива како рипка 17+1 сум, јас едно кило имам качено.
Колку е цената? Матичниот гинеколог ми предлага да појдам и на трет ради што има повеќе отпор на протокот кај папочната врвца до бебето. Вака било добро, но ми спомна за да бидеме посигурни да појдам и на трет.
Па тоа си мислам. Пред 3 недели на преглед бев 43, нешто или 44. Сега гледам 46! А завчера 45, нешто. Како може за два дена едно кило. Зедов се мерев, се гледам на огледало каква сум. Инаку сум слаба и јас, варирав така 45 44 пред бременост. Инаку последен преглед пред 3 недели не јадев многу дотогаш можда и затоа ми се намалиле килцата или грамовите, а сега последниве 3 недели почнав повеќе да јадам, па затоа можда се поткачиле. Да речеме дека не е многу. Ама страв ми е од гестациски шеќер. Како да го познаам ако го имам? Плус стомаков во последно многу ми се зголеми, како може вака за 15та недела...ццц. Ве молам која сака да ми прати сличе од стомакот, така што сте слична недела, во порака. Дали можда скокна стомаков ако имам шеќер?? Ајде да речеме дека трета бременост ми е, ради тоа мислам побрзо се шири се зголемува. И зедов се измерив, имав мерките од претходната бременост, горе долу слична сум. Утре морам крвна слика да видам.
2900 ден ама од 1 ви ке има поскапувања, најубаво да прашаш на контакт центарот дали ги имаат веќе цените. Димери и хемостаза имаш испитано?
Вчера не ги знаеа новите цени кога ѕвонев, јас пошто барав термин за 26 септември ми кажаа неколу дена однапред да се јавам да му кажат за промените.
Во која недела се прави третиот скриниг и јас сакам да закажам ама незнам точно кога е нај идеално време
Добри ти се димерите, не е на одмет оди нека те видат, јас со високи димери дека нон стоп тоа следевме со Котларова од ремедика.
Мислам дека секоја бременост е различна и во носење и се. А и конструкција е во прашање, јас имав 46кг стартна килажа, 7.5 кг се здебелив со мало стомаче бев а другарка ми со 42кг остана трудна, исто 8кг беше поправена, ама стомак лелеее, како 3јка да носи ќе спласне мешето не се секирај
Фала ти на утеха. Тоа си размислувам, дека секоја наредна бременост како побрзо да се зголемува килажата а и стомакот повеќе се испакнува. Мислам дека и протеините играат улога. Една познаничка баш ми спомна кога била на породување, стомакот ѝ бил многу зголемен а и целата била кружна, сестрата ѝ рекла дека можно е и ради мал внес на протеини да се зголемува проширува телото. Многу се битни, и сега ќе почнам повеќе да внесувам.
Јас морам да споделам нешто. Има нешто со pregnancy brain, дефинитивно не сум толку бистра веќе. Си седам јас на телефон си читам глупости стандард, бебе нешто шири раце, нозе и туку слушам крикови. Ништо немав пуштено, телевизорот не работеше. Ми се ококорија очите, викам бебево пушта звуци, зарем...Ова е чудо. Спремна да вртам по луѓе, како сум јас чудо на природата, туку гледам на мобилен во позадина сум пуштила на твитер видео со фоки и не се изгасило, туку на repeat си било. Сама себе си се плеснав по чело. Еeee до кое ниво спаднав...
Не да постои тоа Бејби бреин, жива вистина. Фино ме изнасмеа. Леле јас ви љубоморам со тежината. Со синко качував по кило месечно, 8м трудна, 8 кила качив, милина. Е со ова некако побрзо качувам. Веќе имам качено добри 5-6 кила ако не и више. Ми сметаат. Намалив на леб и реков нека пројде роденденот и на благо скроз ќе редуцирам, само овошје ќе јадам, ќе се вратам на овесот за доручек и до крај да не се занесеме сеа. Ама еден апетит жени мои, еден апетит колку пустината Сахара, за благичко не толку колку за чипс, за бургер, за бурек, за тестенини, за пецива, за сендвичи такви ладни вкусни, сочни, со многу мајонез и сосови... Лепота, нели?! Еве сега замислувам и почнувам да се лигавам. Друго да ви кажам мајка од сабајле си потплакува, како ми текна дека само уште еден ден ќе е детенце невино без апсолутно никакви обврски, ми се плаче ми се рика. Ми пороасна големото бебе, сега бато ќе биде, па малото да го пркнеме. По ветувањата многу ќе помага, па ќе видиме како ќе биде. Паметен на мајка тој. Утре частам торта јас мешиња Друго, проверував крв, се супер ама хемоглобинот на долна граница, а кај мене е висок стандард и тоа повеќе од тоа што треба. Железо ок, не сјајно како што беше, ама ок, ќе видиме во понеделник што ќе каже докторот. Ќе си го најдам стариот резултат да проверам и да споредам, ама се мислам дека тогаш беше железото околу 20, а сега е 12, а хемоглобинот беше 139, а сега е 116. И уште едно прашање, во која лабораторија правите скриен шеќер, а да не е на државно на клиника нели. Со првото правев во Адриалаб, во Тафталиџе, сега не знам дали да одам пак таму. Биотек наплаќаат како приватно 600ден. Фармахем ќе се јавам во петок, авицена и адриалаб да проверам, па да знам во понеделник кај да ми закаже. И ус тоа да прашам, знаете понеделник до среда дали ќе ви работат матичните? Има најава нели за протест па да знам. Додуша мојот секако се наплаќа па и да штрајкуваат не е фер, си плаќам ко за приватен секој месец.