Здраво девојки, да пријавам дека сум 5+6 денес и видовме (повеќе од шо слушнав) срце. Се гледаше на ехо точкичка, не се слушаше најдобро и рече да дојдам пак во 7ма да го слушне подобро. Спојлер: ❤️ Тие белите долу биле откуцаите ми рече. Не камен, не карпа, цела планета ми падна од срце и рамена. Се надевам и натаму сѐ ќе биде во најдобар и за мене и за секоја од вас
Би требало да мерат меѓутоа така со еднократно мерење можеш да си направиш само паники. Во зависност од тоа што си јадела и кога и по неколку часа може да покажи повисок шеќер. Евентуално да си купиш апаратче, па денови да следиш наутро на гладно, пред оброк, после оброк. За таа опција AccuCheck се добри апаратчиња и со прифатлива цена. Од едно мерење не можеш да заклучиш дали имаш дијабет или не без разлика дали тип1, тип2, гестациски итн
Прават и со упат, ама од општ доктор. Се оди само понеделник и се закажува. Може да ти закажат по 2-3 недели. Со две боцкања е.
Кај мене вредноста денес 156(што и да значи според некоја нивна скала) и одма упут за утре за анализи со три боцкања. И со минатата бременост првото испитување, со едно боцкање, не беше ОК, па ме пратија на специјалист, и таму беше добро. Со надеж и утре така да испадне. Докторот ми рече секоја наредна бременост е телото се повеќе склоно кон труднички дијабетес, па мора да се следи. Инаку бебуш супер, клоцање и боксуваше на ехото, во топ форма. Муабетот за топење, навечер ритуал ни е сите три моми да го галат мешето и да му зборуваат.
Да го заокружиме август со уште едно септемвриското бебе Мамички, денес го запознав моето СЀ на свет ❤️
Да си жива и здрава 10 минути се смеам Инаку јас многу глупа и заборавена бев после 7ми месец. Мм по 20 пати ми објаснуваше и на крај се откажуваше и ми викаше "ај породи се и потсети ме пак ќе ти кажам" Честиткииии