Помошшш...нешто чудно се дешава, значи 29та недела сум , во ред е има движења но, денес нешто језиво се случува и еве уште трае. Стомакот ми се поткрева скроз на едната страна (почесто левата ) како да има некој стегнато тупаница од внатре , ќе се поткрене и така стои неколку секунди , значи ова трае од некаде 8 часот вечерта, лежев на грб, ми беше страв да се вртам , сега станав малку и ај викам да седнам и пак се погледнав во стомакот пак така се случува. Осеќам како цела топка да се накрева од едната страна... моментално пијам магнезиум малку да се смирам
Нормално е, се мести па му треба место да се намести и затоа е така. Не се плаши. Мене опасно ми буричка над бешика сега. Го осеќам ко да копа бавча таму.
Нормално е, потврдено од гинеколог. Не ме прашувај како знам И дури агресивно мрдање, удирање и сл и тоа било нормално
Да не е газе или глава? Кај мене кога се намести, главата често ја чувствував поткрената на само едно место. Ќе се испакне и ќе седи некое време, па ќе го снема. И сега знае цела страна да ми се измести, само што поретко, нема место за мрдање многу.
нешто како глава, искрено. Инаку на последно ехо матичната ми кажа дека било во хоризонтала поставено
Јас конечно завршив со чистење, фала богу. Почнав да ги вадам етикетите од алиштата за бебе и што да видам... Луѓе јас мислев дека ке немам во што да ја пресоблечам кога ке поврати, ке се покака итн , ама мислам дека имам купено многу повеќе од што реално ке искористам и ке ми треба. А тотално неосетно сум изнатрупала куп алишта, може затоа што се што ке купев стоеше во кутии, во посебни кеси спакувано, а вака кога ги наредив се запрепастив. Уште и имам нарачано работи што допрва чекам да стигнат Не бидете како мене Друго, на машината имам некој програм baby steam care, се мислам дали да пуштам на тој, да не ги упропастам алиштава... Како што читав на тој програм перело на 60 °С и плус на пареа се дезинфицирале. Страв ми е со тоа боите, и така маж знае од време на време од бели маици да добие нови со некоја розе нијанса Ама па на бебе неќам одма да ги "средам". Џабе, се имам купено и колор кечер и се ама заклучив дека не ми оди перење, ама затоа пеглање профи Сега најдобро да легнам, па утре со нови сили да продолжам, нозете тапан ми се. Добра ноќ.
Најверојатно се мести како што треба чим било хоризонтално. Испери ги на 40, не се гнасни тие за да ги переш на 60, секако ќе ги пеглаш. Нема да ги уништиш, подели ги само добро темни, светли и немаш гајле.
Дане е стврднување, зошто кај мене така се стврднувањата на едно место неколку секунди и како топче. Сега се повеќе и ќе ги чуствуваш стврднувањата ништо страшно само е језиво малку ама си е нормално се
Беко ли ти е машината? И кај мене има бебешка исто ама темп си ја ставив на 30 ја сменив, така нови кога ги перев, мислам дека таа програма два пати ги плакне само ама и не сум толку искусна домаќица за сигурно ова
ме изнасмеа слатко. Нема нешто повеќе што ми пречеше во првата бременост од тој бејби брејн. За среќа сега уште ме држи умот, ама како полека да ми бега и сега. Што ли ќе се прави незнам. Честитки да е живо и здраво. За малку не дочека да влезе во септемвриски навистина