@Kate Rina 93 да се јави на рецепција. Те помислувам неколку дена и никако да пишам. Како сте со принцезата, се привикнавте ли?
Добри сме, фативме некој ред. Бебушка малечка ми е многу некако, ама ќе порасне. Мирна е, само јаде и спие Ме зезнаа во болница што ја хранеа со шише, па и дома требаше дохрана и доење и госпоѓицата нормално шишето за јадење го бара, цицето само за да се потпре на него. Млекото ми се намали. Ама не е битно, нека расте па и на ад само ако е. Поголемата даде многу ја сака, не не пушта да ја држиме, ја гали, мое бебе вика па и кажува да не плаче, ќе ја носи во дуќан да и купи сладолед Убавини. Ти како си?
Да ве прашам доколку некој знае Даниела Јованова кога и се приемни денови во ГАК? и во која амбуланта, доколку некој бил кај неа? Благодарам!
Иста сум навечер само што легнам ми се оди во вц таман ми дојде дремка пак а станувам во 5 за работа и така пола ноќ мене во вц ми поминува.... како ќе биде до крајот стварно не знам тек сум 14 та недела...
Така ми беше и мене само што кивнев кога ме мавнеше една остра болка во јајници од памет се вадев сега малце размина...
Денеска 40+5 на бебето му е убаво кај мама не сака да излегува плодова вода си има и контрола пак за 2 дена ме интересира ако не сака природно да излезе како е со провокации дали е многу поболно и колку време трае целиот тој процес?
Иста ситуација бев. Мојот процес со провокации беше болен и долг. 18 часа. Не мора да значи дека така ќе биде и кај вас. Мој совет, пешачете, правете вежби како качување по скали, да си почне процесот природно, најубаво е. Со лесно.
Леле души, баш се радувам Даде главна е сега, плус па и голема нели Јас се спремам, поучена од твоето искуство гледам се да стокмам и да чекам бебе. Гушки и бацки
Здраво девојки, денес 6та недела според апликација. Како се разбудив денес така правец во вц, нагон за повраќање имав ама никако да повратам. Со газирана вода се смирив малце. Исто така денес како воз да ме прегазил, немам сила да функционирам, чекам уште еден сат да завршам со работа па да се комирам. Следна недела сум на прв преглед, ехо најрано може за две недели. Некако чудно ми е, ми се чини дур не го видам на ехо не е вистинско
Имав пораѓај со провокации и пораѓај без. Кај мене дејствуваа провокациите и за неколку часа почна отварањето(ова искуство е индивидуелно). Ако ги споредам болките, беа поинтензивни но процесот на отварање е пократок. Ме примија утрото, вечерта се породив.
Ме те сфаќам. Ти нели викаше не си качила многу? Вие со помала килажа нормално е да качувате повеќе, му треба на телото да качи малку килажа да го износи бебето, не е страшно. А и да, секоја следна бременост побрзо се качува и познава. Ден ден. Дремнав саат време и одма поарна. Стомак нешто ми е вознемирен, имав дијареа малку, малку ми е чудно така, нешто се дешава. Заспав, се стуткав некако и се смири, саат време да не се мрднам од место, цела сум укочена. Бидна и први септември, многу сум возбудена. Дете помина супер, многу убаво, тортата е готова, се лади, цела е шарена ко што сакаше, ама и се е шарено дома. Сега да грабнам етанолот и да рибам, оти осетив дека неарна сум и се треснав дојдов легнав. А и ручек ќе се исполнуваат желби на дете, пица ќе јадеме. Малку претерувам, знам, премногу стојам на нозе и се напрегам, ама таква сум, не можам да не исполнам желба. Ќе се договорам сега со маж, можно е и да нарачам, не се осеќам баш нај нај. Да станам да забришам, па ќе падне и договорот за ручекот. Убав ден!
Како ги будете бебињата на цтг? Моето е се заспано. Пред да влезам лом прави таман ќе ме преклучат заспива и никако да се пробуди. Благо, газирано се јадам пред да влезам ама спанко е
Нека е живо и здраво, само радости да ви носи!!! Те пратам од самиот почеток, ми дава сила твојата борба Се избори мајка
Оооо прекрасна вест! Да е здраво живо буцлето мало! Честитки! Да му спремиш ранче и една петка на рачето од сите тукашни тетки метки