Здраво жени, се приклучувам и јас во групата и лесна бррменост на сите ❤️ Денес 5+1 прво ваг.ехо со следното: 1 гестациски сакус од 16мм со видлив yolk sac. и 1 susp.сакус од 6мм. Првиот е супер ,а вториот доста мал и не се знае дали ке продолжи или ке застане. Искуства ве молам.
Мене докторот во 5та недела ми рече додека не слушнеме срце нема као што да се радуваме... И јас цела во прашалници си отидов дома, правев бета , ама као џабе ми било тоа... Кога слушнавме срце ми рече сега официјално можам да ти честитам... Не мора да значи дека другиот сакус нема да се развива и сл, само и они не знаат и не се на сигурно па затоа така викаат. Со лесно, се да биде во ред и да имаш школска бременост
Мамички вчера бев на скрининг сите мерки добри за бебушот малце се опуштив а знаете каква под стрес отидов...џелата во мисли што ќе ми кажат дали ќе биде добро после тоа озлегов насмеана...и знаете долторот ми вика се ме праша само за полот не ме праша и јас му викам е се гледа ли а он вели 100 % и јас му реков дека несакам да знам само сакам да ми се роди живо и здраво... денеска кога се гледам пак кафеаво розево пак сум скиснета немам мира иако ми вели докторот дека е во ред...мн се плашам сакав мирна бременост
Мешиња јас пак со моите паники. Сега на бришење имав светла крв, гледам долен веш е чист. Лежам и чекам дали ќе ми почнат болки. Од сабајле имав дијареа па се мислам да не е некој хемороид, не знам како да разликувам од каде е крвта. Да почекам уште некое време или да одам на итна, не знам се мислам да не паничам без потреба а хемороид да е. Полна 35та недела денес, некна цтг беше супер и без контракции
Бев во вторникот на скрининг и сите мерки се таман за 21 недела. Само за рбетот ќе морам пак да одам другата недела, принцезата не сакаше да се сврти Пробав на сите четири неколку минути да полежам, не сака. Ми рекоа прошетај, касни нешто слатко. Шетав половина час, земав чоколадо, ништо. Сепак никој нема да ѝ кажува што да прави Само што излегов, после половина час почна да прави журка. Ќе пробам со цеден портокал, ако имате предлог помагајте
jas imav niska postelka,postelkata se mesti do 28 nedela.So pretpazlivost bez diganje tesko,i bez odmosi
Аааа ја открив Америка затоа мене устата ми горчеше два дена ,па се чудев мислев да не сум се напила од чаша со сјај
Ти како ги пиеш? По потреба или секој ден ? Ми ги дадоа прво 3х2 ама ме искина стомак и дијареа од нив мислам. Се жалев кај докторката и ми рече да ги пијам по потреба
Честитам од се срце! Твојата приказна ме бодри секој ден, да не се откажувам, дека секогаш после дождот иде сонце! Да сте живи и здрави, уживајте во овие бесценети моменти!
Денес ја прашав сестрата, рече тапи болки во ред се, да не се силни и без престан. Скраја. Леле само јас сум ко потресена? @AngelOfArh знам и ти имаше болкички, до која недела точно памтиш?
Да ти кажам уште знаат одвреме навреме ако се оптеретам а 21ва сум. Нормално е, тоа е ширењето на матката и не трае, после одмор поминува, само од магнезиум и одмор.
Не си само ти и јас сум, особено откако ми измерија цервикс. Ама сепак стресот не помага, само ведри мисли.