Jas sum 33 nedela pa treba da se podgotvam za vo bolnica. Dali mozi da mi kazite shto e potrebno da nosam za mene i bebeto za vo drzavna bolnica? ☺️
Има во Локо Кроко зимски вреќички. Исто и кадички, различни видови имаат. Подлога за пресоблекување имам на креветчето, но земав дополнително моч пелени.
Јас со кандидава мака мачам цела бременост,денеска влегувам во 33та недела и ме интересира до крај ако имам кандида(а сигурно ќе имам) ќе биде проблем за природно породување?
На последните брисеви пред пораѓај имав кандида. Се породив природно. Пред пораѓајот и кажав на докторката, ми рече не е никаков проблем.
Дали знаете колку пари е втор скрининг во Плодност? Др Кристинка или Др Владко Ѓорѓиевски? За Кристинка слушав дека имала премногу гужва, брзо прегледувала и само кажувала дека во ред е се, а ништо детално.
3000 денари е, ако не е поскапен. Кристинка мене пола саат ме гледаше на втор скрининг, детално се прегледа. Гужва има сегде, најмногу кај Таше, закажи си во ден ко ќе е дежурен докторот кај што ќе одиш или порано сабајле после состаноци и визити, кон 9.
@Lina-Detelina да, презадоволна сум, таа и ме породи. Повеќе време имаат ко ќе се дежурни, поручек нема гужви. Или порано прва да си за преглед, да не чекаш.
Од која недела почнавте да ги перите алиштата за бебињата? И кој ленор го предложувате? Јас многу сум нестрплива сакам што по брзо да ги средам алиштата
Јас почеток на октомври треба да одам, имам време ама најубаво да си закажам од сега, зошто предходниот пат за прв скрининг едвај најдов еден термин попладне кај Владко, ама не појдов, матичниот ми го напрај првиот скрининг. Извештај, нешто после прегледот даваат?
@Lina-Detelina да, цела папка даваат, за секој орган е посебно напишано во извештајот, мене и слики ми даде многу и од органи и од лицето.
После 36та. Ленор за бебешки алишта никако. Само со течен детергент ги перам неговите, или Нила или Савекс.
Зимска вреќичка од фб страницата Облека за бебиња НАНАМ баш сега порачав, има и од 0 до 6 мес. Има и потенки и подебелки. И баш се евтини, 1 000че. Подлога за пресоблекување не користев, само на кревет ставав или од Слипи пелени за пресоблекување од аптека или моч пелена. Корито земав најобично од пластичарска продавница, со кофа и со канче за црпење, 700 ден ме фати цел сет.
Третово бебе уште од старт ми покажува дека ќе е о ле ле. Во сон навечер станувам за да повраќам, ништо ништо не јадам, ужасно се ми смрди, се ми има одвратен вкус. Што да се јаде ?? Притисок 70/40, гадење од станување до заспивање навечер.. Се осеќам ко 100кг да сум,ептен сум подуена а жива гладна
Здраво мамички, Вие што ќе се породувате во ноември како планирате да ги облечете вашите бебенца за излегување од болница?