12 саати треба да си гладна. Јас ни вода не пиев утрото, освен за Еутироксот една премала голтка. Јас не пиев други лекови, чекав да завршам со испитувањето.
Се спремаме навелико за бејбисито. Се отвори прозорот во собата на бато, се складираат играчките кои бато ги изигра веќе, ќе се чисти полека полека, до крај на месецов рекоа ќе биде готово со ѕидовите, па да се местиме лека полека. Многу сум возбудена. Плакарите веројатно е дека ќе доцнат, ама важно ќе биде наместено се па кога ќе дојдат само ќе се сместиме. А здравје во декември ќе го наместиме и креветчето и ќе ги наредиме алиштата на бебули во комодата која засега ја користи бато. Работам полека, ама сепак болат раце многу, крени, премести, избриши, намести, запакувај, напиши што е што, селектирај ѓубре... Не е малку. Се избањав, се средив, сега ќе се напијам витамини и еден парацетамол може и ќе му ја легнам рано денес. Дете е спремно за утре за во школо, уште само водичка да му ставам утре сабајле и да го однесам. Е утре ќе се видиме со бепче после цели 6 недели. Едвај чекам, што сака нека каже вагата, битно ќе си го видам прасето бесно на мајка
Искуство со Дулколакс пред пораѓај. Упатството го читав, малку ми е страв. Вие се прочистувате или во болница ве прочистуваат?
Мене во болница со микро клизми. Лесно поминав. Со дулколакс се прочистував пред хсг, можно е малку како грчеви да те фатат, да знаеш да не се плашиш.
Сирупот и поголема доза требаше да испијам. Сега после царски глицерински чепчиња зедов за дома, и тие се ефикасни. Ама најбрзо за пред пораѓај е со микро клизми и најлесно мислам, одма се прочистуваш.
Може затоа си имала грчеви, јас чепчиња земав. Фала на инфо, ќе видам што ќе правам од понуденото. Со господ на помош.
12 часа пред испитувањето ништо само вода можеш вечерта а сабајлето ни вода пред првото боцкање јас прашав дали да ги пијам витамините магнезиум тие ми рекоа не бидејки некој содржат шекер па немој да не ми излезат точми резултатите
Имате ли киселини со јаки болки во желудникот? Пробав рапурут не помага, кисела вода и кока кола исто. Од јаки болки мислев и дека дури се имам отруено. Дали е можно да ми предизвикува одредена храна или нормално си е си се активира во бременоста. И ми почнаа дури сега еве задутре 18 недела здравје.
Почна да се пораѓаш? Леле ме плашиш, јас и ти сме тука некаде мислам со неделите, а се осеќам уште неспремна, иако ме фаќаат некои менструални болки. Во вторник сум на преглед, веројатно и цтг, ме фаќа паника. Сега па и ова за клизмиве...
Пробај нареден пат со сода само. Јас во бременост имав ужасни киселини со болки. Ја избегнував таа храна што ми предизвикува. Инаку ми помагало сода или антиметил апчињата.
Немам јас болки. Ама чепот изгледа падна. Па се спремам психички и физички. Ми зборуваат сите одоколу како што, па викам ајде подобро додека сум дома да си средам работа, срамежлив газ имам на туѓи места Ме фаќа и мене малку паника на моменти, ама од друга страна си имам во главата зацртано дека мора и низ ова да се помине, ако паничам, ништо не добивам. Мисли само што ќе правите со бебе кога ќе се запознаете.
Тие што одите на цтг во Чаир,кое време е најдобро да се оди ?утре веќе сум 38ма полна ,ок сум вака ,незапирлива и немам болки но матичната ми рече да си појдам во Чаир на цтг,па реков утре.И дали мора со упат од матичен да појдам?
Девојки денес јадев печени семки од кајсија некој ги знае како спории некој како еврејски семки можеби 50гр изедов и сега ме мавна мисла дали е штетно ве молам за помош дали може да му биде на бебето нешто
Преплашена сум да не претерав а дека ми беа скоро месец мисла и ми донесоа денес од мк леле мисла ме отепа во паника сум цела нрзнам што би можело да се случи 15+3 сум
Ајде после тебе знам дека сум јас на ред, некако и сакам и страв ми е... Чеп не ми паднал а не знам ни дали ке го препознаам... Како и да е, чекаме убави вести Уште малку останавме од старата екипа.