Јас мислам дека сигурно може да се види скрининг мислам се прави од 18 до 22 недела е сеа некои доктори не сите сакаат да го прават од 22 до 24 ама ако не пак ќе одиш а не мие јасно зошто да чекаш цел месец за преглед не можеш порано да одиш јас одам на две до три недели не можам повеќе да чекам но тоа кај претходниов матичен сеа кај овај новиов ќе видиме.
А порано, и јас одам на 1м, претходниов пат месеципол ме фати, 6 недели. Ова вонреден скрининг му доаѓа за да види само срценце демек како се развива. Јас не сакам на 2-3 недели, ту мач ми е, башка мм е во едно здружение за деца со аутизам и некои нивни експертизи велат дека пречесто гледање на ехо не е добро и ради тоа не одам повеќе од 1 месечно. Доволно ми е 1м. Мрдка, претка, арен е значи.
Тенкс. Иначе мојава е многу успана од сабајле дури ме плаши. Некни црева ми извади. Денес е многу мирна ич не ја осекам
12 за легнување?! Што беше тоа. Секоја вечер ќе се силам со серија дека ќе гледам и во 11 очи во седечка положба ми се затвораат. Е си ги имам и јас епизодите со будење во 4-5 за во тоалет па да бе можам да презаспијам, ама не се предавам си лежам и ме фаќа сон Туку само јас ли сум отрпната па никаков неред не ми смета. Мислам колку и да е средено пак ќе има нешто несредено, па затоа и не се ни замарам колку е средено. Колку можам толку. Колку потфатил мм, толку. Што е за право како се вративме од одмор така он само пушта машини. Тие што се од сушара јас само ќе ги подздиплам, а тие за надвор он ги пружа и собира. Е затоа јас вчера се натегнав со моите плакари. Таман пред одмор исправ 2 пара пантолони кои ме фаќаа, вчера средувам и не можам да ги закопчам за 15цм. И пак останав без пантолони. Имам само едни тегет памучни од претходната бременост, ама тие септември да протерам. Од подебели (есенски фустани) два успеав да издвојам за носење. Останува денес уште од под кревет да видам што има што би можело да се носи, па да се прави план за шопинг. А друго се оди под кревет, па здравје после вторава бременост конечно ќе селектирам што ќе остане, а што не. Иако кај мене тоа е релативно. Последниве 4 години стигнав до 40, па паднав до 34 и затоа чувам еден тон облека. Да завршам со моите алишта па после следи тура средување кај мали и играчки и алишта, кречење, теписи да дадам на перење и да завршам со големи работи. Само незнам што ќе правам со креативниот хаос во еден од плакарите на мали каде чувам милион кутии, амбалажи, лепаци и разни diy тракатанции ама ќе мора да ослободувам простор. Честитки да е жив и здрав и само радости да ви носи Таман е за скрининг. И јас сум 20+3 кај докторката што ме води, а 21+3 кај Петровска.
17+3 сум, скоро 5ти месец. Колку често имате болки во овој период? Во долниот дел имам константно некои притискања, грчеви, едвај седам. Се смирува само кога лежам. А не работам некоја физичка тешка работа, во канцеларија сум постојано на столче. Со скратен цервикс сум малце, дали и тоа има улога еве не знам.
Јас колку што знам со скратен цервикс воопшто не се препорачува седење. Од друга страна болките може да се од самото ширење на матката бидејќи бебето расте. Ако можеш земи си боледување некое време, сè додека не се стабилизираш со цервиксот и болките.
Лесно поминав. Јаки болки 2 сати имав и за 10мин го родив природно без анестезија тешко 3240. Дома ми падна чепот, а воден ми го пукнаа во болница. Бев со многу плодова вода.
Знам, ама сплет на околности, боледување моментално не доаѓа во предвид, ако земам уште едно боледување ќе ме избркаат. Никако не сум...
Те разбирам Тогаш консултирај лекар, може ќе ти појачаат терапија (утрогестан, магнезиум, но спа). Дома лежи си и не се секирај, ќе биде во ред