На неопределено сум. Ама лоши се околностите, откако кажав дека сум бремена се се смени буквално. Отворив две боледувања по една недела до сега, ако отворам уште едно тек тогаш ќе збеснат. Гледам колку што може повеќе да седам, да не станувам да се движам, иако гинекологот ми рече релација строго кревет веце. Ама болкиве стегањава што ги имам некогаш се и неподносливи.
Штом си на неопределено законски немаат право да те избркаат од работа. Можат да си беснеат они колку сакаат, поважни сте ти и бебето.
Мислам дека не ти можат ништо ако отвориш патолошка, еве мислам @Bella_Stella е правник па ќе ти каже како да се заштитиш.
Абе види, ќе си извагаш што е што. Ако доктор рекол лежење, лежење, дури и лежење со перница под газ строго. Оти ќе тргне да искача во некое време невреме па после од работа нема да превземат одговорност.
Работата не е да тераш инат нели, ама во услови кога другата страна е нечовечна обавезно треба да си ги искористиш законските права. Доколку имаш потреба да останеш на патолошка, а реално имаш ради цервиксот, не смеат и не можат да ти направат никаков проблем. Единствено доколку си на определено можат да не ти го продолжат договорот. Инаку кога си на неопределено и веќе си соопштила дека си бремена, не смеат да ти дадат отказ, освен ако со твоето однесување т.е. несоодветно вршење на работните обрски си ја загрозила фирмата, што не е случај. Знам дека во таква средина не е лесно, ама како што кажав мисли на себе и на бебето. Извади си го породилното здравје, па размисли за промена на работата.
Честитки мама, да сте живи и здрави! голем да расне, да ве прави горди родотели, а ти мама побрзо да се оправиш Честитки и до @velesanka @perlaa1, да ви се живи и здрави бебушите
По грешка си ме цитирала мене ама верувам дека @najjacha ќе прочита. Инаку, во приватните фирми е многу тешко, има премногу неправилности и прекршени закони и едноставно работникот е незаштитен. Во таква фирма сум и знам како е ама едноставно некогаш мораш да пресечеш.
Ако ти се верува исто е и кај мене на работа. За две боледувања мрчат....незнам како има жени и каде работат кога цела бременост не се појавени. Им завидувам. Верувај мајка ,на работа си заменлива, дома не си, така да ако мота да мируваш не се зафркавај
Ама и да е на определено,сепак во време на бременост не смее да не ти продолжи? Мора да чека породилно па тек после така?
Можеби не сум многу компетентна да те тешам, ама колку што се сеќавам цервиксот ти беше 31мм, мене ми е 32мм и уште на три други женски овде им е со истата должина во иста недела од бременоста. На ниедна друга Доктор не ни кажал строго мирување. Не дека не, и мене ми е страв, едвај чекам наредна контрола, ама благодарение на другаркиве и уште еден Др роднина што го прашав, се утешив и некако појасно ми стана дека должината на цервиксот не е трагична и не треба да е под 2,7 или 2,5мм. Опушти се, деновиве ќе одиш на уште едно мислење во Систина, така мислам дека пиша, па ќе видиш и таму што ќе ти кажат.
И јас имам такви болки доле ниско јас ти препорачувам да си останеш дома на боледување бидејќи прочитав дека си на неопределено време немаат право законски да те напуштат сепак си и со скратен цервикс отвори боледување и лежи дома одмарај па потоа кога ке ти заврши здравје породилното ке мислиш што понатаму
Не. Има право да не го продолжи договорот. Сè што требало тој како работодавец си исполнил според договор и толку.
Не, работодавачот може да ѝ го прекине договорот за вработување на бремена жена ако тој е склучен на определено време, со истек на времето за кое бил склучен. Се правеа напори оваа одредба во законот да се промени зошто е дискриминирачка, но мислам дека сеуште не е променета.
Да, еднаш го измери 29, еднаш 31. Ќе одам неделава имам закажано во Петок во Систина на второ мислење. Само не знам дали болкиве што ги имам се предизвикани од скратеноста на цервиксот за да се секирам или пак нормални се. Фала ви на сите на советите, стварно правам се што можам да максимално да си одмарам, па макар и дома да е после работно време. Не верувам да ме избрка од работа поради законот нели, ама сепак тензијата што се дешава поради мојата состојба е баш, баш грда.