Пред да отвориш породилно треба да си 6 месеци во работен однос. Еден месец пред породилно да те одјави готово е, губиш право на породилно. Барем јас вака знам, ако грешам нека ме поправат членките.
Да немаш воопшто прекин 6 месеци, а можеш да менуваш фирми ако сакаш. Само прекин во стажот да не се прави.
Здраво девојки, оддамна ме нема, иако бев доста активна претходноСе надевам пак ќе ви се вратам во темата.Моментално очајно ми треба совет. На кратко само: имам веќе едно бебенце од 14 месеци, добиено по тежок пат по инвитро. Е сега случајно правам тест на ден кога треба да добијам и ми излегува позитивен. Следниот ден, на 27 ден од циклус правев бета и излезе вредност 500. Навистина не можам да поверувам, и толку многу сум изгубена што се чувствувам како се прв пат да ми се случува. Првата бременост ми беше со инвитро и се беше поинаку (од терапија, од вредности на бета и сл).Прашањето ми беше дали таа бета одговара на тој период од циклус? Дали е во ред, дали треба да биде повисока?Претходно имав некое чувство во гради, денес како да ми спласнаа ептен. Многу се плашам, затоа ми треба совет за природна бременост, зашто мислев дека природно мене никогаш ама баш никогаш не може да ми се случи
Болки имав на почетокот како да ќе добијам, од сон ме будеа грчевите, до 12 недела некаде. Сега поретко грчеви, од лево во препоната сега почесто ме боли како пецкање, синоќа пиев магнезиум, па ми помина и заспав. Болки може да има и како резултат на ширење на матката. А искрено откако ми го измери цервиксот само нешто ме пецка, ме боли, можеби и на психичка база. Ведри мисли до петок, па ќе кажеш што ти кажале во Систина. Ако не треба да одиш нема да одиш на работа, вие сте сега најбитни. Јас одев на пракса и требаше на истото место да тргнам на работа. Кога и кажав на работодавецот дека сум бремена си прими друг вработен. Се изнервирав зошто потрошив напразно време и испаднав зафркната, ама сега се знае што ми е најбитно.
Секако, на крајот од денот ништо не е битно освен нашите бебуши, свесни сме сите дека сме заменливи за 15 минути на работа. Уште едно нешто сакав да прашам, упат за на клиника за преглед дава матичниот гинеколог или матичниот доктор? Сакав уште едно мислење да слушнам, ако имате предлог доктор?
Матичниот гинеколог. Од мене топла препорака за Ана Данева. Најчесто нема термини кај неа ама понеделник и четврток е во амбуланта, ако не најдеш термин оди со приоритетен.
Значи многу се радувам кога ќе прочитам вакво нешто. Како Господ никој не е. Мислам дека бетата ти е добра. Ти посакувам лесна бременост.
Не ти се болките од цервиксот, ваљда расте матката па за тоа. Мене ми се скрати 1цм за 2 недели цервикс , немав никакви знаци ни болки.. Ко што читав така е кај сите и тоа е најлошото.. се крати а немаш симптоми . Прашај Ферона капсулите , јас ги пијам еве више 3 недели е стабилно.. се надевам ќе остане така.
Жени, нормално е чувство на треперење во пределот на матката ниско? Бебче го чувствувам и погоре, под папокот, а долу ниско ми трепери.
@Lina-Detelina Ми беше 3.5цм во 21ва на скрининг кога ми го мереше, за 2 недели после беше 2.4. Ама јас имам и фанелинг и слаџ па претпоставувам за тоа се скрати толку брзо. Сега се исчисти слаџот и грлото си остана исто. 26та недела сум моментално 2.4 ми е цервикс, утре сум пак на контрола да видам... На строго лежење сум, станување за до вц само и за јадење.
Chestitki se izraduvav mnogu se sekjavam zaedno (skoro ist period bevme vo temata za vontelesno i ovde,mojot sin e malku pomal od tvoeto devojche 13 meseci). Golem e gospod,veruvaj vo chudata negovi Ti posakivam lesna bremenost ❤