Супер е докторката, нема да згрешиш... Една од ретките на кои им верувам моментално.. а верувај сменив мнооогу гемиколози последниве години...
Не се плаши,и јас имав хематом на почеток од оваа бременост,повеќе мирување и ќе се среди,мене ниту терапија не ми препишаа се молев на Господ 3 недели да поминат до следен преглед и да ми кажат дека е изгубен. Нај важно е ти да си смирена и ќе помине,а за постелката ќе се крене како што пишав погоре само повеќе одмор релација кревет-вц и ќе биде океј.
Здраво девојки, јас сум нова на форумот па сакам да го споделам со вас моето искуство па се надевам дека и ќе ми помогнете. Бремена сум 14 недела. Во 5та недела имав кафеав исцедок се до 11 недела, подтојано мирував и примам дабростон 2х1 магнезиум 400 2х1 вит Ц 1000 1х1 и прогестњрон депо на 4 дена. Во 13+5 бев за брисеви, воедно и ехо и се беше во ред. Утре дента ми се појави некоја чудна болка во вагината како во грлото на матката, и потоа имав обилен кафеав исцедок кој веке е доста намален. Бев на преглед и се беше во ред, но заборавив да му кажам на докторот дека ја имам таа болка бидејќи бев испаничена. Ме прегледа и се беше во ред со бебето, постелката ми рече дека е ниско но како растело бебето така ке се качувала и она. Прашањето ми е дали некој има осетено таква болка, бидејќи мене ми е прв пат и прилично сум испаничена на секој нов симптом. ви благодарам и извинете на големиот пост но морав да споделам.
Која е разликата кога станува збор за царски рез на државна и на приватна? Какво искуство имате со тие анестезии што ги ставаат измеѓу пршлени? Јас сакав во приватна клиника пораѓај ради царски рез но тоа со анестезијата ми го мати умот. Порано тие што се пораѓале на државна анестезија во рака им ставале , ова во грб мене језиво ми звучи...
Спинална е анестезијата. И на државна и на приватно со таква пораѓаат, освен ако нема проблем со кичмата. Два пати се породив со спинална, немам никакви проблеми. Предност е што трае кратко пораѓајот и одма го гледаш бебето, а со целосна е подолго опоравувањето обично.
Имаш тема “царски рез” таму ќе прочиташ подетално за различни искуства. Анестезијата е језива но тоа е мора да се издржи, јас бев приватно али и државно е истата постапка, седечка позиција, наведната и најдоле на рбетот се ставаат инекциите
@Anturium убаво ти кажала. Ке додадам само да мируваш до 12 недела. Јас немав хематом, еднаш прокрварев, бев на утрогестан и мирување. Тоа значи лежење и станување само по потреба. Еве помина, кај сите поминува и кај тебе ке помине. Сега не сум била со ниска постелка и хематоми, ама имаше тука мајки кои беа со такви симптоми, чести крварења и сл па еве ги се гушкаат со бебиња. Не се секирај, примај прогестерон и лежи
Искуство со хематом немам, ама ете веќе ти пишале членки кои поминале низ тоа. Меѓутоа, имав кафеав исцедок доста долго поради ниска постелка, од 6+ до 10+, па потоа пак на неколку дена во 14+. Мислам дека си во рана бременост, така да за постелката имаш време, најчесто се крева како што се крева бебето нагоре. Кај мене си остана ниско, па ете сум 39+ пред породување Совет би ти дала како и другите, да мируваш. Покриена си со терапија, ти ја пратат ситуацијата и стручни лица, ќе биде се во ред
Не се секирај,примај терапија и лежи си,не се напрегај, не кревај ништо,не работи,не е страшно,јас и незнам се на све колку пати прокрварев и трчав во болница,скоро секоја недела бев на ехо,колку пати ме прегледуваа со спекулум,со рака уште од почеток,па еве бебушка спие дома до мене,кога јас се изборив мислам дека секоја мама може.Знам под каков стрес си ради предходната загуба и со што се бориш и те разбирам колку ти е тешко,и јас ја поминав таа борба и се заљубив во бебето на прв поглед.Смирено,добра мисла и ке биде се во ред.Те гушкам
Ви благодарам на сите. ❤️ Знам дека можеби претерувам со реакциите, но верувајте душава ми се тресе и на најмалото нешто, одма помислувам на најлошото. Сакам да не е така, многу сакам. Ама сѐ што поминав не ми дозволува да размислувам рационално за жал. Се надевам дека нема да сум ваква до крај и дека барем малку ќе најдам мир и ќе уживам во бременоста…
Zdravo na site, po devet godini vo vontelesno oploduvane, mi dojde vreme da doagam ovde. Po 4 ivf konecno beta pozitivna. Sakav da znam od koga mozam da otvaram trudnicko.