Да ти посакам лесна бременост. Мислиш патолошко боледување? Породилно ќе отвориш или 45, или 28 дена пред термин или дента кога ќе се породиш.
Нормално е да се грижиш.. и јас цела бременост во грижи ја поминав, ама кога ќе го видиш бебушко, верувај вреди низ се што поминуваме. Овој пат верувам ќе биде се добро, само мирувај Да имаш лесна и школска бременост На трудничко мислиш породилно? Или сега патолошка да извадиш? Породилно 45 дена пред термин се отвара, Патолошка мислам дека можеш после срцева акција. Ако грешам нека ме поправи некој
@Kate Rina 93 мислам дека ти пишуваше и се жалеше за хемороиди. Дали најде спас? Таман се ослободив, повторно се појавија, пострашни и поболни. После породување ти се изгубија?
Ако се надворешни мене единствено што ме спаси после пораѓај беше домашно кантарионово масло. Претходно мачкав масти и уште толку полошо беше мислам. Миење со ладна вода, нежно бришење и памук или туфер потопен во маслото и да стои на местото. За 2-3 дена се повлекоа.
Во Систина на обичен преглед (не скрининг) со какво ехо ве гледаат? Дали е 4Д и дали ви даваат сликички? И дали и за вагинално ехо плус се доплаќа? Морам и вагинално секако за мерење цервикс.
Многу се нервирам луѓе, не се здрави тука со прегледиве, мислев денес ми е прв ултразвук оно да ти било 6ти октомври, а тогаш ќе бидам полни 13 недели. Ни имам видено како дете изгледа, ниту пак имам слушнато срцева реакција, ќе скренам до октомври од мисла дали е се во ред.
Јас сум полошо, прв ултразвук од 18-20та. Барем кај мене може ултразвук на приватно, но не пред 8ма недела. Ако имаш можност закажи си на приватно. И не се споредувај со МК, здрави прави деца се раѓаат и таму и со еден/два ултразвуци низ цела бременост.
Може на приватно, ама цените се движат од 100фунти нагоре, зар секој месец за контрол треба да давам по 100 фунти, несфатливо ми е како можат да не си ги проверуваат пациентите почесто.
Нема да одиш секој месец на ехо контрола. Ќе ти биде шок, посебно кога ќе споредиш со сите испитувања за кои ќе зборуваат членките во МК на оваа група. Кај мене нема ни брисеви, ни скриен шеќер, ни 4д ехо, ни секој месец еха, ни мерење ддимери и целосни крвни слики на секои две недели. Но стапката на здрави и живородени деца е поголема од МК и покрај “недостатокот” од прегледи и испитувања. Мој совет да си ги следиш препораките од таму и да не се притресуваш со се што ќе прочиташ на темава.
Многу јаки болки имам од сок од домати и марула. Два рупурута или антиметил и после пола саат сум ок.
Проблемот е што јас сум со Хашимото и Хипотероидизам и не е баш паметно да немам редовни контроли пошто компликациите со овие состојби не се баш наивни.
Верувам дека месечни контроли со бабица ќе имаш, само испитувањата нема да се толку екстензивни како во МК. Најверојатно и бабицата знае за твојата состојба па тоа што треба да се испита плус ( доколку треба ) тоа и ќе ти биде пружено.
Наместо паника, дај сега 100 фунти за еден преглед, таман и ќе ти регулираат терапија за тироидната, па следниот преглед ќе си го чекаш на државна.
Ако е нормална бременост и тука пациентки одат поретко на ехо. Ако има историја на претходни абортуси, ако трудницата е над 35 години, и ако има потврдени други заболувања и состојби контролите се почести по проценка на доктор. И тоа треба да е норма и за на страна, и е. Барем за жени со иста дијагноза на пример како мојата, знам дека им се третира бременоста како високоризична и и на страна поразлично ги третираат. Не е само кај нас почести контроли и различни тестови. Се зависи од бременоста. Дај Боже сите нормални бремености да имаат и 3 скрининзи само да прават во 9 месеци, ама не е се така розево
Барем за срцева реакција оди приватно на преглед. Посмирена ќе си. Вака месец дена само тоа ќе мислиш