Девојки...многу ме здоболува заб. Ве молам препорака за некој добар заболекар шо ке ме среди вака трудна ....бидејки тука во Скопје немам свој...
Не е само ехото, има многу други работи. Пример тука крварење до 12та недела не се третира никако. Не се даваат лекови, не се дава патолошка бременост. Бременост над 35 се смета за ризична, со тоа што само нифтито се нуди како бесплатно, друго во смисла на контроли, испитувања е исто за сите. Може е и разлика од земја до земја, но кај што сум јас и во околните земји практиката е оваа. Затоа и велам на членката, да си ги следи препораките од земјата каде што е и да не споредува со МК.
Секако дека зависи од земјата и дека ќе се раководиш според тоа што ќе ти кажат стручни лица. Јас пак имам многу примери каде испитувањата тука се поклопуваат со испитувања и препораки на страна. Пак ќе речам зависи од земја и од типот на бременост. Не дека едното е подобро од другото, или дека едните знаат повеќе другите помалку. Начинот на живот и генетиката си го земаат уделот и во оваа гранка, не е се црно или бело.
Ви текнува дека имав мирно бебе? Е имав, минато завршено. Свртено е со лице према надоле, водоравно е сместено, глава десно, нозе лево, со раце директ на царски си игра, до нозе лево ме шутира. На ехото беше љуто, со раце во тупаници и се криеше да не го видиме чоекот. Мајмун еден. Многу е немирен, а седнам малку посвиткана, ќе ме реши за сите пари. 22 недело, добредојде, баш ми влезе јако сосе другар ти Супер Марио Леле колку ќе ми се одбие од глава се што викав Јас вака не... осеќам дека ќе имам скроз различно бебе од синко голем. Иначе утре скриен шеќер, во Биотек, мојот доктор сака со 3 боцкања а тоа секаде е на приватно а и ако 2 боцкања нема термини, па исто ми се фаќа. А дур одам на државна, поарно ќе дадам 600ден во Биотек. И уринокултура, е таа е преку фонд. Бесплатно водење бременост мај ес, без 3000ки не ми проаѓа месец.
Не тие рано за скриен шеќер 22 недела си или пак порано сакаш мене ми рекоа дека се прави од 24 до 28 недела.
Додека бев бремена кантарионот ме спаси. Ставав на туферче натопена газа, една недела така и ги снема. На пораѓај пак ми излегоа, и тоа цел гз.. и внатрешни и надворешни. Флебодиа пиев малку ми ги намали ама не ги снема. Сега @Alishan30 ми препорача една крема проктен ,па ќе ја земам таа, да пробам
И јас мислам дека е рано јас правев 26 недела е сега ако има насока од доктор да се направи порано тоа е друго
Па што знам, докторот ми даде упат, не барав јас. Иначе 2 пати ќе правам во бременоста, какви год биле резултати ќе правам и во 30 и некоја. Мојот доктор има уплав од гестациски дијабетес.
Ај пак...Девојки...многу ме здоболува заб. Ве молам препорака за некој добар заболекар шо ке ме среди вака трудна ....бидејки тука во Скопје немам свој...
Јас воопшто не ни правев, докторот рече нема индикација и не гледам причина зошто би те изложувал безпотребно да правиш.
Зависи што бараш. Во Ѓорче ти ја препорачувам докторката над Шехерезада кај црквата е, над Фармахем, одлична докторка. А мм иде и кај тие до Биотек што се, исто прекрасни доктори. Колеги од работа одат во Хром кај др.Жикица. Јас би ги избрала оваа кај Фармахем или кај Биотек, некако ми се најсовремени и знам дека се што треба ќе имаат. Во принцип ти треба безадреналинска анестезија и добар доктор.
Јас се мислам дали да го правам рано ми е 22 недела сум мада на почетокот од бременоста и пред бременост шеќерот ми се движеше 5.4 па 5 сеа последниве два пати под 5 ми е и тогаш многу паничев дури и испитав тримесечен HbA1c тој под 5 ми беше и некако се смирив новиов матичен ми рече како сакам па ќе видам.