Мене ми кажа ти си слаба, немаш прекумерна тежина, бебето си одговара на недела,немаш историја у фамилија за дијабет, не личи на дијабетичарско бебе ( одма се познавале бебиња кај кои мајките имаат гест. дијабет) и така уствари одлучи да не правам. А реално какви ти не испитувања направив во бременоста и за ова одлучив да го послушам. Во странство не се замараат, а камо ли да им прават секакви испитувања, немаат увид ни во обична крвна слика, па и тие раѓаат Така да советувајте се со гинеколозите и одлучете си што ке правите.
За ова не можам да се согласам. Испитувањето се прави затоа што не може да се види гестациски дијабет. Ни на ехо ни на крвна слика. Зголемена плодова вода и крупен плод се знаци, дијабет во блиска фамилија или висок шеќер на обична крвна слика. Кај мене ги имаше сите знаци, значи повисок шеќер на гладно, дијабет во фамилија и крупно бебе, што не е чудно затоа што сме доста крупни и јас и татко му. Два пати правев од претпазливост и испадна негативен.
Девојки сеа пред малку прочитав дека од утрогестанот кога се прима орално може да си омалаксан и без енергија. Екстремен умор осеќам цело време, мислам во секој момент ако замижам ќе заспијам. Денес почнав 3x200мг да земам. Што мислите дали ќе биде подобро сабајле и вечер да ги ставам вагинално, а таа на средина да ја пијам зошто тој период сум на работа?
Да, можеш вагинално да ги ставаш ако прекина крварењето. Мене ме убија кога ги пиев, како дрогирана бев, само спиев и кога ќе се разбудев пак бев уморна. Ужас.
Ако има исцедок колку што јас памтам препорачуваат орално да се земаат, ама консултирај се со гинеколог. Ако ти даде зелено светло мислам можеш како сакаш да ги земаш. Јас сум на дабростон и исто од нив чувствувам поспаност, малаксаност и откако ќе го испијам апчето гадење. Не е алармантно ама не е ни пријатно.
Иста бев од Дабростон кога бев на контрола прашав да ги сменам со утрогестан и подобра сум . Од сабајле се мислам дали да пишам. Некаде од 5/6недела цело време сум со гадење и повраќање од вчера драстично ми се намали гадењето само по еднаш повратив од сабајле и почнав дури и да јадам понормално. Со претходната бременост повраќав цело време. Има некоја вакво искуство и се да биде во ред ?? На контрола сум во понеделник до тогаш ќе паничам дали ми се добро бебињата, од утре сум 10 недела.
Не се секирај и мене многу ми се лошеше на почеток а сега сум се подобра. Нормално е како одиме кон второ тромесечие да се намалува тој симптом, ништо страшно не е.
Сè ќе е во ред. Мене така ми го снема повраќањето и гадењето едно време и после ми се врати во уште полоша форма, глава не можев да кренам, од сон станував со повраќање. Така да уживај си и дај Боже веќе да немаш повраќање.
Дај боже да е како што викате нели секоја бременост е различна се молам така да е сега со мене. Незнам како би преживеала уште едно разочарување недај боже.
Мешковци кажувајте спас за киселини и жеговини, мислам дека изгорев Го немав овој симптом досега, од пред некој ден ми е. Гастро гард не помага некако, има некој друг спас?
@Iris-1234 @Thinkerbell. го немам исцедокот од синоќа, не се има повторено. Се надевам така и ќе остане. Инаку да, буквално ко дрогирана сум, не можам да задржам концентрација, ептен сум ко притисокот да ми е мнооогу низок. Ни кафе, ни вода во поголеми количини, ништо не помага. Ќе зборам со докторката дали да ги ставам вагинално, фала ви.
Нормално дека не е нормално. Не е и на некои овде нормално (под овде мислам на државава не форумот) на секои 2 недели на преглед, на 3 мислења, ама не е и тоа да не направиш ехо или крвна слика. На 4-5 недели ехо е сосема во ред, на месец-два крвна слика, не е ништо страшно. А за процент на преживеани бебиња е малце безвезе да збориш меѓи мајки.