Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    945
    Пол:
    Женски
    Слаба,никој во фамилијата нема дијабет,бебето се ми беше за 1 недела поназад(покасно сум останала бремена), 9,8 после 2 часа и ме ставија на диета,тримесечниот ми беше добар и шеќерот на гладно,плус 11 пати примав инсулин.Едвај 5 кг качив цела бременост
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Женски
    ;(
    Еве кај тебе значи теоријава на мојот доктор не важи.
    Не викам дека е во право и дека нема исклучоци, само јас решив да го послушам зошто за се нешто испитував на своја рака.. :inlove:
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.814
    Пол:
    Женски
    Ево мене од Биотек! Ме стаија у една соба, ми дадоа столче удобно, друго за нозете, ви фи лозинка, даљинско од клима... кој е ко мене. Имам уште 1час чекање, ама после идам и 10 ќебапчиња ќе изедам, не 5. Мртва гладна сум. Искрено многу сум задоволна од Биотек, од услуга, од однос, од квалитет на вработени... порано одев во Адриалаб сега Синлаб, а сега се овде. Е се плаќа шеќеров 600ден дека со 3 боцкања, ама друго ништо не сум платила досега, крвни слики, уринокултури, се е беспари, а знам дека со упат и вака работат за деца за брисеви и е нешто ситно, 80ден. Башка и блиску ми е.

    Бејби вчера реши исто да ме гњави, да ме буцка, да ме труцка, едвај чекав туш и да му ја легнам. Спиев дури и без станување, ми се примора некаде после полноќ, ама не станав оти не можев очи да отворам, многу ми се спиеше. Сабајле дете однесов у школо, на работа па правец тука да ни земат крв, денес ништо немам сработено, дури се мислев и ден да земам, ама ќе земам во петок па ќе видиме како ќе биде, нека стојат деновиве, да ми се најдат зимово и пред породување.

    Инаку спакував на бато играчките, излегоа досега 6 вреќи за ѓубре од 60л полни колички, големи коли, коцки, разни слагалки, разни играчки, плус имаме 4 различни буткалки, точачиња, коли, големи гумени животинки за јавање... се расчисти нередот низ дома.

    Убав ден мајки, да земам да обавам телефонски разговори дури дремам овде, па ќе одам директ на јадење од тука.
     
    На Ano, Kate Rina 93, Звездичка30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    Друштво, се одјавувам и јас од оваа тема. Вчера се роди втората мирна принцеза, 3400гр, но потежок царски имав и не успеав да пишам. Повеќе во темата породилни приказни кога ќе најдам време :hug::hug::hug:
     
    На Kateruna, Blue moon, Erika.greeneyes и 49 други им се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.595
    Малце се извртува муабетот, ниту навредив некој ниту па кажав дека сте смотани. Почна муабетот и јас се надоврзав со мое искуство, кое мислев ќе биде релевантно и утеха за членката. Некој друг реши да се надоврза на мојот муабет со прашање дали бил нормален таквиот пристап. За мене е нормален. И мене ваквиот лежерен пристап ми беше шок кога се преселив тука, но со тек на време се навикнав. И бидејќи сум ги искусила двата системи, и тој во МК и тој овде, сметам дека можам да си земам за право да направам споредба.

    Да ја тргнеме настрана бременоста, еве да го земеме општиот однос спрема болестите и лекарите кај нас. Ние во МК се однесуваме како да имаме неограничени ресурси во здравството. Од наративот дека матичниот треба да е достапен 24/7, до екстензивни испитувања по своја волја, сугестии на лекарот што сакаме да испитаме итн. Често кога зборуваме за мк здравство и колку е катастрофа правиме споредба со западните земји. Ама во западните земји лекар е најсвет ресурс и најчесто тешко се стига до преглед. Во МК ја имам удобноста да одам кај матичниот со било каков симпом и веројатноста дека ќе ме прими истиот ден е 100%. Тука за преглед чекам месец-месец и пол, во зависност од симптомите кои сум ги пројавила. И тоа е бидејќи има национални препораки како се третираат симптоми и болести, нешто што сметам дека под хитно мора да се воведе и кај нас. Чеклиста со симптоми кои треба да ги има пациентот за да се прати на испитување. Бидејќи тоа испитување кошта пари, од иницијалниот преглед на лекарот, до ресурсите во лаб, до толкувањето резулати и големата веројатност за понатамошни испитувања. Во овој поглед мислам дека сме дефинитивно размазени, па ау бау ако докторот не се согласува со нашето мислење. Да не ме сфатите погрешно, МК здравство е лошо, но да се запрашаме самите колку допринесуваме во тоа. Имаме првенствено нереални очекувања. Матичната не ми крена, бев на преглед чекав 3 сати .... и јас тука завршив на ургентно и чекав 6 часа за преглед. Да бев МК најверојатно ќе бев ударна вест во вечерните вести.

    Така да не навредувам никој, темата е за делење искуства и моето искуство е ова. На темава има членки кои се во различни фази од бременоста и навистина сакам и уживам кога читам различни искуства, што е нормално, што не, на што да се обрати внимание итн. Реалноста моја и на членката во Англија е таа. Опциите се ограничени, скоро и да ги нема. Дека ќе се врати МК да ја води бременоста не верувам. Дека ќе добие специјален третман, исто не верувам. Доколку има медицински оправдани причини верувам дека сите испитувања кои следуваат ќе и бидат пружени. Колку порано ќе научи дека најсигурна опција е да му верува на здравствениот систем кај што е, толку подобро. Ова го кажувам од искуство, бидејќи истово го поминав со другарка која беше бремена тука и цела бременост ја помина во стресови од вакви споредби. Па лоши мисли, па што ако имам ова, што ако имам она. Имаше бременост без никаков проблем, а цело време го помина во грч, од дома не излезе. Лоши искуства има секаде, секако дека можам цела бременост да се фокусирам на тоа, но мој избор за максимално да избегнам стрес е да се опуштам и да им верувам на тие кои се образовани да ми ја водат бременоста. И сметам дека тоа треба да е исто секаде, без разлика каде сте.
     
    На Zumbulche, Anturium, arontt и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    7.056
    Пол:
    Женски
    Честитки :)
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Честитки, здрави и живи да сте:l:
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.022
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Имаше некој симптом?
    Ставање килажа брзо, сечење нозе и раце, жед глад, нешто од овие симптоми имаше?
     
  9. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    945
    Пол:
    Женски
    Ништо немав,дури матичниот ме тераше да го повторам тестот,на исхраната внимавав колку што можев се хранев доста здраво,пешачев и на крај скриен шеќер
    Во 32 недела ми се појавија кетони во урината и до крај го имав од шеќерот
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Не можеш да споредуваш два системи во две дијаметрално различни држави каде се е буквално различно. Во ред е да кажеш дека треба да се верува на систем, и други овде тоа и ги кажаа на членката ама не е во ред да зборуваш во Мк како правеле ова или она испитување ко божем тоа не треба да се прави. Нели секој систем за себе.
    Кажа дека си во скандинавска земја. Спореди ги статистиките за болести, животен век, и општото здравје на цела нација таму и кај нас. Во здравствен систем кај што те шуткаат лево десно, за сенешто ти требаат 10 упати, дијагноза поставување трае вечност, резултати од тумор маркери се чекаат со месеци разбирливо е зошто болниците се полни и зошто се прават толку испитувања ( на страна што голем дел од лекарите си ја префрлаат топката едни на други).
    Немаме никаква превенција за да имаме здравствен систем како во Скандинавија. За пример ќе го земам ХПВ-то, во тие земји скоро и да е искоренет, зошто се едуцирани, вакцинирани и се работело на превенција а не на лекување. Кај нас имаш девојки што не знаат с од сексуално образование и што е ХПВ.
    Да не ја споменувам и коронава што беше типичен доказ за тоа колку доцна се одеше на лекар и колку нездрава нација сме.
    Затоа не се споредуваат тие работи и не можеш да кажеш овде е подобро кај нас не.
    Јас лично сум среќна што имам доктори што сериозно ми ја сфатија состојбата, се замараат со мене, и сум покриена со терапија (макар и превентивно). Особено кога ќе прочитам во фб групата за жени со мојата дијагноза како се третирани на страна иако знаат каков проблем имаат и во какви стресови и лоши ситуации се наоѓаат.
     
    На Tess36 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  11. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.176
    Тешко е ова да се објасни. Истото го поминав и јас, пишував и тука уплашена како е можно таков ноншалантен однос. Само ќе кажам дека уште 10 бремености би истерала тука. А тој ноншалантен однос на породување ми го донесе најубавото искуство.
     
    На arontt и Lavender13 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    19.132
    Пол:
    Женски
    На Балкан само тие што не се доктори знаат повеќе од доктори. :D
    Кај нас двајца доктори немаат ист став. Две ординации два принципи и различни резултати.
    Лесно ни се достапни многу испитувања и доктори ама краен резултат е нездрава нација. Краток животен век. Дијагноза нема.
    Ке земам едно снимање за пример. Кој си сака си закажува термин за снимање. Докторот да не изгуби пациент ке закаже. Плус што не е стручен да процени треба не треба. Не сака ни да си земе проблем и да не прати пациент, ако бидне нешто крив ке е. А кога некој ке има вистинска потреба ке нема термин и ке оди на приватно. Затоа што други закажале на офтика глумење. Плус апарати нема или се покварени или никој не умее да ги користи.
     
    На Doktor F, stsmua05, Ena Mena и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    9.831
    Пол:
    Женски
    Па искрено ,по ова што го кажувате ,нашето здравство е сепак добро во однос на странство ( а секогаш мислиме обратно) ,штом имам лесен пристап до доктори и испитувања.
     
    На Starchild му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.595
    Јас во МК дадов искуство со две прави, здрави другарки кои имаа скроз нормални бремености, со никакви претходни проблеми, кои на секои две недели правеа секакви испитувања. Самоиницијатнивно. Пошо има матични кај кои што може да се појавиш и да кажеш јас сакам да испитам тоа и тоа и одма ти даваат упат. Ретко кој ќе се заинтересира да те праша зошто сакаш да го испиташ тоа, дај да седниме да видиме дали имаш некој симптом, конкретна причина зошто сакаш да го испиташ тоа. Или како што спомна некоја членка, ако не се согласи докторот да ти даде упат ќе си го смениш. И секоја недела кога ги земаа резултатите одма почнувавме со муабети, ама ова ми е покачено, ова не ми е во граница, па ајде гуглај што значи тоа. Милион стресови кои се непотребни. Настрана финансиите.
    И јас да бев МК најверојатно ќе ги правев истите работи, затоа не осудувам никоја членка што прави испитувања. Така функционира здравството во МК. Само сакав да повлечам паралела.

    И да, во право си дека демографијата е различна. Луѓето тука се свесни дека судбината на нивното здравје е во нивни раце, и активно се грижат за истото. Преку спортување, здрава исхрана, поминување повеќе време во природа итн. Нешто што ние за жал го немаме.
    Но за превенцијата морам да те поправам. Јас би рекла дека во МК се посветува поголемо внимание на превенција отколку тука. Превентивните прегледи и испитувања во МК се далеку почести отколку тука. Можам да кажам конкретно за пап и мамографија, во МК таквите превентивни прегледи се почести.
    Пошо ја зеде короната како пример, во МК со позитивен тест најчесто следеше контакт со матичен, испитување на целосна крвна слика, ДДимери, рентген. И се ова се повторуваше барем еднаш неделно. Јас кога добив позитивен тест тука западнав во психичка криза. Физички имав симптоми како настинка, но психички тоа ми беше многу тешко искуство. Бидејќи тука не се правеа никакви испитувања, ниту па имав контакт со доктор. И цело време се прашував шо ако сеа иам покачени ДДимери и ми се деси нешо? Тука фокусот воопшто не беше на такви работи, мислам дека и никој не знаеше што се ддимери и зошо треба да се испитуваат. А во МК и покрај леснотијата со која се стигаше до доктор, и покрај сите испитувања луѓето пак паничеа. Значи нешо дефинитивно треба да се смени и во здравствениот систем во МК, и во очекувањата и навиките на луѓето.

    Па јас би рекла дека со подобра организација на системот, МК има шанси да има подобро здравство од западните земји. Наместо беспотребно трошење пари по секакви беспотребни анализи, може парите да се фокусираат во градба на нови и модернизирање на сегашните болници. Но тоа е нешто шо не се случува од денес за утре, како што реков треба унифициран национален пристап и поголема ажурност на самите граѓани во меџирањето на сопственото здравје.
    За жал со нашиот менталитет мислам дека ова е тешко изводливо.
     
    На Doktor F, 1209, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.176
    По би кажала дека е стресно нашето здравство. Тука нема никој да те остави така ако си со ризик, ама ако не си ќе ти кажат оди на плажа не по лабратории. :)
    Е тоа што кај нас сме опседнати со на овој и оној како му е, е менталитет и немање што друго да правиш. Јас на мојата матична и замерував што не ме праќа седге кај што ќе видам тука дека идеа членки, за разлика од Мк тука не ти ги ни кажуваат тебе резултатите ги праќаат кај треба и доктир му мисли зашто ако недај боже нешто тргне низ брдо ќе го јадат они дебело. Твое е да уживаш у трудноќа.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    9.683
    Пол:
    Женски
    Како е моментално Ремедика за водење бременост? Блиска моја сака таму да ја води бременоста и здравје да се пораѓа, ама после слушнати многу муабети дека организационо биле многу слаби, многу доктори и сестри си оделе од таму, веќе фалел персонал и дека болницата ќе се продавала, и не знае што да прави. Се чека долго за преглед? Кај Котларова сака она.
     
  17. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Честитки нека е жива и здрава :party:
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    @Lavender13 Превенција не е ко ќе се разболам од корона да ми испитуваат д димери. Превенција е да се едуцираат луѓето како да појачаат имунитет за да не дојде до таа состојба. Сексуално да образуваш млади, да си го знаат телото и да знаат што е секс, како се добиваат СПБ и како се прават бебиња. Да едуцираш за пушење, за пиење, за вежбање. За клукање со лекови за секоја главоболка и дијазепами за живци. За антибиотици клукање од онака. Многу работи се не е една. Не велам дека цветаат овие работи секаде освен кај нас, ама поголемо внимание им се посветува и затоа имаат такви пристапи. За мамографии и пап тестови, на оваа целосветовна свесност за тие состојби не сакам да верувам дека високо развиени земји немаат превенција за тоа. Нејсе, да не забегувам оваа тема не е за вакви работи, ќе кажам уште ова. Слушајќи приказни од сите страни има луѓе што паничат и мислат на најлошото, поради тоа и прават секакви испитувања во бременост макар имале нормална бременост. Читање тука искуства од жени кои навистина мораат да ги прават сите тие испитувања заради некоја нивна состојба, дополнително им ствара паника зошто нив не им рекле испитај тоа. Некогаш се во право тие жени (со оглед какви се доктори има кај нас), некогаш не. Зависи и како ќе ти се потрефи е работава (или приватно колку ќе платиш). Има такви и што после спонтан колку и се да е во наредна бременост имаат страв. Има и трудници што се лабави. Секој со своето. Дур не осети човек на своја кожа не може да знае како му е на другиот.
     
    На juice_ и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  19. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Јас сум кај Котларова. Многу сум задоволна од докторката и до сега интервенции што сум имала во Ремедика супер сум поминувала и со сестри и со персонал. Ако си закажеш преглед не се чека многу. Ако отидеш на незакажано, се чека.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    @fana @Bella_Stella @sani99 @juice_ @Doktor F @Bubce38 @le.soleil @Ano @lia22, девојки фала ви многу на убавите зборови. Дури сега сфаќам колку многу ми фалел форумот а најмногу сите вие. Толку многу ми е полесно кога сум тука, секое мислење на секоја од вас многу ми значи.Многу се радувам што не сте ме заборавиле сите вие со кои се знаевме од претходно, а секако и сите членки со кои не се познаваме од порано а се тука да помогнат.
     
    На mace89, Ano, juice_ и 4 други им се допаѓа ова.