Кај мене беа воспалени ептен до крај еве сега има знаци дека почнуваат да се смируваат,8 дена како сум породена. Мене од ништо не ми поминаа.
Истово го применував, лакалут актив паста, курапрокс супер софт четка, плакнев со сода зовриена во малку вода. Не дека нешто помогна ептен... Мислам дека ако е до толку проблемот можеш да појдеш на забар да ти ги исчистат таму забите, не мора анестезии и чуда да ставаат, сепак се стручни..
Јас исто бев на хормони кога ми ги чистеа. Битно да не примаш анестезија. Алкохолот е медицински и служи за дезинфекција на непцата. Инаку лакалут користев, гелче....се живо и ништо не ми помогна. Само неколку третмани на забар. Инаку, забарката ми кажа после породување, за некоја недела се ќе си се врати во нормала, како да не било.
Се од горенаведеното, плус високи дози на витамин ц и испирање со Curaprox perio plus ( јас го знам како растворот со зелено паковање, бидејќи по бои се делени ) . Ова смирува многу, но ќе мораш и на чистење. Можеш сама да си помогнеш дома со чистење со конец, чисто колку да си олесниш малце.
Еве ме при крај, кога мијам заби, како некој да ме заклал. Почна од прво тромесечие и не престана. И курапрокс четка од најмеката и витамин Ц и пародонтакс паста, џабе. Најдобар совет што можам да ти го дадам, помири се. Евентуално ако имаш страшни болки тогаш оди на стоматолог. Ако ти е за крварењето, прочитај реченица погоре
Исто и јас. Функционирам исто како пред бременоста па еве 38ма недела сум и се е во ред од почеток па до сега. Незнам зошто толку паника ако се си е во ред со бременоста.
Можеби е на почеток од бременоста членката и затоа паничи. И јас кога бев на почеток за се нешто се секирав, дали е во ред ова, дали смеам она итн. Сите ние сме различни. За друг ми е многу полесно да дадам совет и мислење отколку за себе, едноставно не сум рационална. Се сложувам дека треба да функционираме колку што е можно "нормално" нели, меѓутоа мене нормално ми беше да пушам по кутија цигари, да пијам по 3-4 кафиња на ден, доручек во 14:00, кога ке земев да чистам од доместос, смак, арис, киселини и што уште не... Така да мислам дека бременоста е состојба во која треба да се потрудиме да бидеме најдобрата верзија од себе си и да се прилагодиме на состојбата... Убава вечер мешковци
Тие што сме изгубиле бременост колку и да сакаме да бидеме смирени и да не паничиме е невозможно. Секоја бременост е различна некој си функционира најнормално некој неможе од кревет да стане од што му е тешко му се гади, повраќа, неможе ништо да јаде нормално.
Со метален инструмент прави како масажа на непцата. Чувството во моментот е малку болно а истовремено и убаво,веднаш се чувствува леснотија. Без никакви лекарства или средства,само ја истиснува крвта.
Нормално дека треба да се потрудиме да бидеме најдобрата верзија од себе за новото животче што расти во нас, а и за нас. Јас мислам дека треба повеќе да се грижиме за психичкото здравје одколку за физичките обврски кој ги имаме сите жени во секојдневието и е во ред да ги извршуваме. И јас пушев цигари, пиев многу кафе, алкохол и користев јаки средства во големи количини без ракавици, но во бременоста се смена се. Престанав да пијам алкохол, кафе ретко и не јако, чистам со не толку јаки средства со маска и ракавици. Инаку имам голема помош од мм, за се нешто ми вели немој, остави јас... И цигари престанав да пушам а мислев дека не е возможно да ги одкажам. Порано знаев да се изнервирам за секаква ситница, а сега ништо не допира до мене, се чувствувам среќно и спокојно.. се е до психата. И посакувам на секоја жена како мене да и помине бременоста. И не дека поминав баш толку лесно, цела бременост ми помина со повраќање и страшни киселини а нема што не пробав, и со исхрана и со лекарства што се дозволени, ама таква ми била среќата, се помирив... само ми е битно кога гинекологот ќе ми каже дека се е во ред.
Факт е дека бременоста треба да биде убав и мирен период во кој што секоја жена ќе ужива. Ама исто така е факт дека живееме во турбулентно време во кое сѐ почести се лошите примери околу нас. Да не збориме па ако самите сме поминале низ трауматично искуство, шансите во следната бременост да не се крева паника се скоро еднакви на нула. Јас изгубив бебе во доцна бременост. Со оваа бременост моментално сѐ е релативно добро. Ама за мене лично никогаш нема да има целосен мир и дур не го дочекам бебето ќе се плашам и ќе паничам. Блазе си ви на тие што имате среќа да ви е мирна душата и така нека остане. Но не генерализирајте, не сме сите исти.
Охо три бремености поминав сум заборавила ама и дека имам кафеаво при бришење и страв ми е сеуште да не го изгубам и ова бебенце... 13+ сум а од понеделник натаму ќе влезам во 14 недела дали ќе можам сеуште да ѓи направам.
Иако со првата бременост беше од почеток до крај се во ред без никакви проблеми, иако таква болка не сум почувствувала да изгубам бебе не можам ни да замислам како ви било и баш ми е жал,иако со оваа бременост е се добро до сега фала му на Господ денес ги добив резултатите од пренаталниот тест и се е во ред ама јас пак не сум скроз мирна мене малку да ме заболи стомак јас паничам одма не знам дали е тоа карактер или што ама ете таква сум си....