Леле душо па ти си била пак бремена честитккии и со лесно да си ја износиш бременоста. Баш ќе ни биде интресно со малешаниве дома и плус новороденче Јас ќе ти дадам совет да не се замараш со бети и глупости, еднаш си направила и доста е сега ќе си чекаш да си одиш на преглед. А иначе ако веќе испитуваш треба во иста лабараторија за да се спореди резултатот, за 48/72 часа треба да се диплира, Гушкиии до вас
Фала ти. Успеав да ставам кантарионово масло едвај и излегов малку во вц па ми се намали болката. Сега ставив еден крем пишува дека е за надворешни, белки ќе помогне и кај внатрешни. Ќе пребарам сега за таблетите дали ги има овде. Белки нема да ми се врати пак болката, многу неподносливо е
Офф знам.. јас и сега се мачам со внатрешни, надворешните ги снема. Приметив само канатрионот ми помага. Кога одам во вц, ко пак да се пораѓам боли, 2 пати ставав чепче за да се олеснам. Сега почнав и чај да правам од сушени сливи, манџички помрсни со месо.. супи .. Пробај и со исхраната малку да смениш и често ставај кантарионово.
Ти останаа и по порагајот или тие поминаа па нови се појавија? Многу мачно е ова, кој имал знае Ја прашав матичната за таблети рече сега никакви, по порагај ќе ми дале некој ако сум имала уште. Да продолжам со кремот и кантарион рече. Со исхрана се трудам некако, мада јадам се не се многу ограничувам. Ама изгледа ќе морам да тргнам благо, црвен пипер и тврда храна.
Друштво, давајте совет како се справувате со менструални болки околу половината, и стомак што тежи надолу и боли од што тежи на секое станување од кревет? Првпат ми се случува болка во цела бременост (денес 34+1, близначка бременост, вкупно двата плода треба да тежат нешто повеќе од 4кг, а јас висока 150цм ) Цела ноќ имав како на пола саат такви болки во кичмата и ме провоцираат за во тоалет... таму кога ќе појдам дали и 3 капки ќе измокрам. Стомак ме боли само кога ќе станам за во тоалет, бидејќи тежи надолу (и таа болка од денес ја имам). Лежам од 25та недела, со скратен цервикс 1.8 цм, а пред 5 дена 1.6. Налет се, па и почна малку по малку и мукозниот чеп да пушта. Бев на цтг сабајле, мирно е, значи менструалните болки се лажни контракции Од докторката сум покриена со терапија: 2×утрогестан, 2×б6, 2×магнезиум (си воведов и трето апче) ... понеделник имам закажано термин за преглед, викендов мора некако да се издржи. За траење на болките ќе се истрпат, само да не се искомплицира нешто, барем до 35та недела сакав да можам да издржам. Дали издржала некоја со вакви болки некоја недела плус?
Јас сум веќе повеќе од месец со менструални болки, болки во кичма и стврднувања на матката, цтг исто мирно. Издржливи се или многу јаки? Моите се издржливи и поминуваат и после некој саат или некој ден па се појавуват. Ако се издржливи мислам дека не се страшни, прати на колку време се појавуваат и дали се константни
За издржливи, издржливи се, само некако ме провоцираат да станам за во тоалет "да се ослободам"... а таму очекувам дека ќе ја испразнам бешиката, ама ништо. И на толку станување, веќе стомакот ми тежи, и ме боли како надоле да влече. А кога лежам не ме боли стомак. Ноќеска мислам дека цела ноќ имав менст.болки, ме фаќаа и пуштаа, и затоа отидов на цтг, си реков дека тоа е тоа... ама мирно беше... а сестрата за секретот од мукозниот чеп ми рече штом не е измешан со црвено како крв, туку е само како кафенушлаво, не е страшно... Само викендов да го издржам Дека првпат ме фаќа болка малку паника ми створи. Досега само си лежев и не беше страшно
Нови душо, внатрешните сите ми се последица од напнување и надворешни нови имав, ама ги снема нив . Штом така ти рекла матичната, терај со кантарионот, ќе се намалат
Оф леле значи никако спас од нив, да си се подготвам психички Немам искуство со породилни болки, ама ете мене често ме боли веќе долго време. Мислам дека ќе издржиш уште. Само мирувај повеќе. Кога имаш болка одмор обавезно, мене тоа ми помага најмногу. Ќе бидете добри, веќе и за бебчињата нема ризик. Со лесно
Здраво искуства со спуштен цервикс? 28 недела сум денес матичната на рутинска контрола ми кажа малце како спуштен да ти е цервиксот,иначе 29мм ми е и со серклаж сум. Btw јас прв пат слушам за спуштен цервикс омекнат,скратен и сл имам слушнато меѓутоа за спуштен денес прв пат..
Здраво девојки, во која недела се прават вторите брисеви? Првите ги направив во 16 недела, сега сум 24 и следна недела сум на ехо преглед.Фала.
Првите обично се прават 12-13 недела, после од 21-24 ( не се задолжителни и не ги прават/препорачуваат сите гинеколози) и после од 33-36 недела. Јас вторите не ги правев, на првите се беше ок и матичниот рече нема потреба. Така да консултирај се најдобро со матичниот.
Женски од како влегов во 7ми бебето како послабо да го чувствувам. Удара и клоца ама не силно и често како и претходно. Нормално ли е? Многу сум исплашена да не се случува нешто лошо.
Леле исто. Не ми се верува. Пред неколку дена влегов и послабо осекам. Претпоставувам дека растат па немаат веке толку место за роварење. Јас и на докторот му се јавив вчера да го прашам. Ми рече доколку ја осетам 10 пати во денот, добра е.
Девојки заврши и вториот скрининг, супер поминавме, фала му на бога бебушки добри. Е сега докторот ни даде предлог за срцињата да одиме кај докторот Димески, многу подетално можел да види се. Немало никакви индикации, рутински тоа го предлагал на сите. Какво искуство имате вие, го правевте ли тој преглед?