Читав дека бебињата и во утробата имаат скокови во развој, од 6 месец натака, односно во трето тромесечје на 4-5 недели и последниот е всушност кога се раѓаат. Трет ден на планина, овој пат ич не ми се идеше и со право, времето не е убаво и има многу премногу инсекти и скорпии од кои нормално се плашам. Едвај чекам утре да осамне да се спремиме и после ручек да бегаме.
Фала ви женски на одговорите секако ке одам во понеделник на лекар па ке барам и на ехо да ме погледне. Инаку ддимери во која недела проверувавте? Ми кажаа сега во 28ма да проверам.
Не знам искрено, сама треба да одлучиш. И Митко е стручен во тоа што го работи. Можеби го препорачува Димески зошто навистина смета дека треба, може зошто се колеги од иста болница… Како и да е штета од прегледот нема, освен што сигурно кошта како уште еден скрининг. Ама сите знаеме дека не штедиме кога ќе ни кажат нешто…
Јас за првото дете правев, ама поради индикација. Ме гледаше на ехо 3 пати од 24 до 32 недела и до крај не можеше (или не сакаше) со сигурност да потврди. Цело време водеа дијагноза суспектно и на последната контрола остана нека се роди па ќе се потврди дали има или нема дијагноза. Ако е поголема аномалика сигурно и на скрининг ќе се видело, ако е како кај малиот мој суспектно за ВСД и ако решиш да правиш би ти препорачала да одложиш за покасно 28-30недела зошто секако нема да може порано да потврди.
Jas sum 34+1, I seuste nemam ispituvano d dimeri. Nekolku pati spomenav na maticnata,ako imalo indikacii ke me pratela...
Не ми спомна на мене ништо такво, рече дека тоа што он може да го види во врска со срцето е се добро. Најверојатно ако имало било каква индикација и сомнеж ќе ми кажеше и ќе ми речеше задолжително да одам. Вака ми рече како сакате вие, во стилот дека тој докторот бил само за тоа и многу детално ќе видел се што треба. Јас се мислам, ама мм е против, негов став е дека не можам ништо да направам и сменам со тој преглед во овој период од бременоста. Ама ајде има време ќе размислам убаво.
Од моето лично искуство, маж ти е во право. Ако била страшна аномалија ќе се видело секако, а ако е мала како кај малиот мој, која не е причина за не дај боже прекинување на бременост, подобро по раѓање да се направи контролно ехо на срце, зошто секако тогаш ќе се види прецизно. Ова е бар мое видување од моето лично искуство, ама сепак ваше е да одлучите.
Може ја праќа само за рутински преглед. Не знам ама некои лекари рутински препорачуваат ехокардиографија.
Др. Митко води близначка бременост на блиски луѓе и исто ги препрати кај др. Драшко. Мислам дека стандард му е тоа,не дека по индикација го прави.
Не се секирајте воопшто Барем денес докторите се малку сурови во тој поглед и веднаш директно кажуваат вест па и најстрашна да е...така да ако имало било што секако ке ти кажел,не гледам причина да те поштеди
Јас одев кај Димчев на прегледи и скрининг, баш го прашав дали треба да правам дополнително преглед на срце кај Драшко, ми кажа нема потреба, доколку јас видам нешто сомнително секако би те упатил, вака само џабе пари ке даваш. Исто ми кажа секој добар гинеколог што има искуство со ехо гледа дали има или не проблем со срцето, после тоа се детаљи што може Драшко (Димески) да ги види, прецизира и дијагностицира. Сега вака и мене да ми кажат би се замислила, подобро конкретно, не ми е јасно нешто тука што гледам, направи си превентивно преглед а не вака абе се е супер ама јас да ти кажам "рутински".
Здраво јас сум 30+4 од вчера па наваму осеќам како некоја тапа менструална болка, тежење на стомакот и болка во препоните дали е нормално, вие што сте во близина со мене како се чуствувате
Ке има и такви периоди, меѓутоа не е страшно, радувај се. Јас при крај на 8ми еве и 9ти веќе сум боксерска вреќа. Мава, клоца, удира Еднаш бев и на ехо да видам дали е се ок, зошто маваше многу агресивно. Така да пиј си кафе на раат, после нема да можеш
Здраво девојки! Кога почнавте да пиете чај за доилки? На самата амбалажа на Holle чајот пишува дека е погоден за доилки и жени во доцна бременост, па ме интересира вие што сте започнале да го пиете пред породувањето, кога го почнавте?
Да да и сам ми рече дека препорачува на сите негови пациентки, секако ако спомнеше дека нешто му е сомнително или не дај боже се гледа дека нешто не е добро, немаше ни да размислувам дали да одам или не, уште одма ќе барав термин.
И во Плодност на сите препорачуваат ехокардиографија. За првото бев, за второто не. Твоја одлука е, ама ако имало нешто ќе видел и на скрининг.
Jас не бев ни за првото ни сега. Ме гледаа на гак и во болницата во Битола докторот со кој бев договорена за породување. Двајцата рекоа дека е ок. Да им било сомнително нешто ќе ми кажеле па ќе одев детално кај Драшко, ама и двајцата рекоа се е во ред а плус и матичната ме гледаше кон 26-27 ма недела и таа рече дека е ок и поради тоа одлучив да не одам кај Дршако.
Јас во четврток сум на втор скрининг кај Таше значи да се спремам пак за трауматично кажување како мора да се прави и ехокардиографија. Како за нифти што ми направи со неубави случки издраматизира. А во плодност имаат ли доктор за ехокардиографија или препорачуваат каде да одиш ? Од понеделник 21 недела последна од 5ти. Летна второво тромесечие