Сега веке на построго мирување до сега одмарав но и се движев, а сега контроли на 2 недели и дома строго мирување
Здраво мамички, откако почнав да пијам магнезиум од 400 во кесички комбиниран со Б витамини од тврда столица стигнав до дијареа. Дали ви се случило истото и дали сте пиеле некој друг магнезиум?
Еве ме и мене да дадам извештај после контрола. Беба е супер 1200 грама, недела понапред е. 27+2 сум. Слаџот што мислевме дека се исчистил испадна дека се појави пак, ми дадоа уште една доза сумамед 1грсм дневно 7 дена. Грло скратено 1.6/1.7 цм. Примив за зреење инекции денеска прва доза, утре ќе треба втора. Ме теши докторката дека имало случаи како мене па на крај им ставале провокации за да се породат. Ме советува ако тргне пред време директ Систина. Ремедика немаат такви инкубатори за толку мали бебиња. Молете се за мене и малата моја да истераме барем уште 2 месеци Прашањето ми е дали имате инфо за Систина колку е пораѓај и колку е инкубатор ? Јас имам приватно здравствено што покрива до 10 000 евра па ме интересира да си направам пресметки не дај боже ако беба реши да искачат порано.
Знам мила, и јас се спасив од тврда столица бидејќи примав прогестерон депо на 3 дена и многу ми беше тврда столицата што морав да користам парафинско масло.Можам да кажам дека и мене ме спаси од напнување и подолго седење во тоалет ама еве денеска два пати бев со тоа што второто беше ептен меко, па не знам дали и тоа е нормално. Не знам што да правам, утре нема да земам од истиот магнезиум ама би сакала да знам дали можеби таблети би било подобро да се зема.Дали тебе ти е проблем или така си тераш со мека столица.
Инкубатор и неонатална нега за толку малечки бебиња е од 500 евра дневно а може и поише, зависи каква нега ќе добива. Провери со осигурителната компанија дали покрива такви трошоци. Јас кога прашав, мојата не покриваше.
И јас се надевам, ти си ми мотивација Само оваа инфекцијата ме заебава пак, тмн се радував дека се исчистила.. Рече Петрова нема никаква штета ако земам уште една доза сумамед па ќе ја послушам. Голем е Бог , да не чува сите
Мешиња здраво да ве прашам дали скитлс бонбони се штетни во бременост и дали би можело да добијам шеќер од нив 1 нед редовно ги јадам по 50 60гр ви благодарам
Ke si isteras do kraj, ic da ne mu ja mislis samo lezi celo vreme, pernica pod noze malku da ti se potkrenati. Gospod e golem, ke ne cuva site do kraj
Женски 28+ сум. Десниот препон ме скина од болови цел ден и срамната коска кога се движам. Освен магнезиум дали може да се напијам уште нешто и дали е нормално да боли?
Да ве прашам за совет, бидејќи во цела гужва денес, заборавив да прашам - треба утре да испитам димери, хемостаза, се на трансфузиологија. Треба да одам гладна, така? Благодарам многу.