Мешиња од синоќе имам малку поголеми менструални болки дали е тоа некоја најава дека бебе доаѓа? Порано имав послабо ама брзо поминуваа. Сега ми се константни, се напив магнезиум и парацетамол, се истуширав со топла вода, спиев, и сеуште ги имам. Нормално е нели да не паничам?
Може да бидат, зависи во какви интервали се јавуваат. Ама чим си спиела не верувам да се вистинските болки. Како што вика мојот доктор нема шанси да не ги препознаеш А чепот ти падна?
Девојки... мислев дека бременоста е најубавиот момент во животот но за мене е премногу стресен. Претходната недела бев кај матичната ми рече плодот е 4мм дојди следна недела на контрола за срцева акција, доаѓа следната контрола ми вика плодот ти е 3.5мм, јас и викам докторке прошлиот пат ми кажавте 4мм вика не прогрешно си сфатила, а убаво ми има напишано во претходниот извештај дека е 4мм.... многу сум уплашена незнам што да правам, ве молам кажете ми некок добар гинеколог на приватно, некој што стварно си ја разбира работата
Срцева акција нешто слушна или...? Секако не може до толку точно да го измери плодот ама и од памет те извадила... Во Систина и Ремедика генерално сите се добри, можеш да закажеш таму. Не е скрининг или нешто за да ти препорачаме некој конкретен, туку утврдување на бременост, мислам дека кај кој и да отидеш ке бидеш задоволна. Јас имам идено кај Димитров - ремедика, Димчев - Систина и сум задоволна. Блиски имаат одено кај Корнелија, Јане и се исто задоволни. Ти посакувам се да е во ред
Девојки идни мајки здраво! Вашето искуство сега ми е доста важно. Вчера бев на преглед, видовме сакус со жолто кесе добро поставен, дури докторката беше изненаде од тоа колку е голем за неделата во која сум. Рече се е во ред, ми препиша Дабростон да пијам 3х1. Синоќа ми протече некој бледо кафеав исцедок, не многу. (Имам и слика за доказ ама срам ми е да ја прикачам за да ја видите бојата….) Сабајле тргнав на работа(пешачам околу 25 мин до раб) и ко едно време се почувствував доле мокра, трк во вц кога стигнав на работа истиот исцедок пак иста боја само малку повеќе во обилност. И се јавив одма на докторката ми рече веднаш да испијам 4 апчиња и да легнам да одмарам. Ве молам за ваше искуство, совет… Инаку сум денес сум 5 недели.
Не слушнав срцева акција, ми покажуваше на тоа екранот црвени точки и ми рече еве оваа црвена точка што е до ембрионот треба да влезе внатре во ембрионот за да се види срцева акција
Примај терапија и лежи додека да се смири исцедокот. Додека си баш со таков исцедок избегнувај да пешачиш. Одмарај се и ќе помине, ќе се среди.
Абер нема од чеп и водењак, само болки не се на интервали постојано ги имам, ама буквално мислам во секој момент ќе ми пробие менс такво чувство имам
Одмор максимално додека се смири исцедокот, ако го имаш повеќе може и прогестерон депо да те поцнат побрзо делува но сега си ја слушам матичната одмарај и се ке биде добро
Jас имав такви болки ден пред да се породам, плус ме болеа и бубрезите и имав нагони за повраќање, језивко беше. Сите ми викаа ништо не ти е, ама вечерта водењакот ми пукна. Уствари не вечерта, после денипол, сабота ги имав болките, во понеделник ми пукна водењак.
А да си отидеш на доктор сестрами со првото немаше никакви болки но и пукна водењакот,а со второто имаше многу болки но водењакот тамо и го пукнале а и она така постојано ги имаше и кога отишла 9п рста отворена среќа дома што не роди, иди во секој случај во безбедна зона си не ти е рано
Исто и јас имам како некој нагон на повраќање, го имав и пред да добијам. Имам чувство дека бебе доаѓа скоро Сега почнав да чистам и чекам да ми се исуши пиџамата ќе спремам торбата, ако не поминат до вечер ќе одам. Фала ви девојки
Почнав да ставам вагиналети утрогестан навечер, ама секое утро штом станувам гледам дека е истечено. Дали воопшто имаат ефект? А ги ставам скрос длабоко. Дали имате решение за ова, како да направам да не истекуваат, и дали воопшто имала дејство капсулата ако истекла? *Морам да ги ставам вагинално навечер, затоа што примам две дози, од сабајле пијам, а навечер ги ставам вагинално.
Фала ти многу Искрено се надевам дека бебе ќе поседи уште малку во меше, ама ако решило да излезе тоа е Ќе пишам до вечер
Нормално е и се случува скоро кај секоја втора трудница. Ама кога ќе ни се случи на нас лично паниката е до плафон. Какви 4 апчиња ти кажа да се напиеш? Може да те боцнат прогестерон депо и избегнувај напор, кревање, работа низ дома. Можеш да пешачиш ама не многу, одмарај си повеќе.
Женски дали сте се соочиле со болки во ректумот 28+ сум и секое сабајле едвај станувам од болка, ама денеска еве уште трае. Кога легам ми е супер, ама на станување боли многу и кога ке се раздвижам поминува, ама дури се раздвижам едвај се исправувам. Дали бебето дека е поголемо притиска, матката ли...Не знам ама ич не е пријатно.