Мислам дека ако одеднаш се испијат 4 апчиња Дабростон имаат исто дејство како една инекција Прогестерон депо, веројатно затоа така и кажала докторката.
Јас ја имав од сам почеток, бодежи, при седнување, станување, некогаш и во мирување. Сега фала Богу многу ретко. Многу ме нервираше. Не ја знам и јас причината, дали беше многу ниско па матката притискаше, сега можеби е поткрената нагоре затоа немам толку често. Го прашав во една прилика матичниот не ми даде прецизен одговор. Мене вчера и денес еве ме боли лева препона 19+0 сум денес, нормално е?
Најубаво јави се на телефон прашај зошто мислам дека во Авицена се закажува однапред и само во понеделник го прават ама пак не сум сигурна. За во Синлаб прашував секој ден можеш да отидеш до 10 часот најкасно ама само во одредени нивни лабаратории, не во секоја
Истекува секако дел, не му се сеќирај. Никако цела вагиналета нe се апсорбира. Со колку боцкања? Јас прашував за со 3 боцкања, 550ден ама треба да закажеш. Во Биотек е 600. Јас таму направив, тука кај нас во Ѓорче. Фармахем беше 700ден. Упат со термин за беспари 2 во неделата пуштаат и никако да фатам па си отидов со плаќање.
Нормално е, бар така вели докторот. Еве мене веќе два дена ме скина препонот, а и тој период 19та ме заболуваше и тогаш ми има кажано дека е нормално. Бебето расне, матката исто се тоа е притисок и тежина врз лигаментите и коските. Ми објасни и медицински ама заборавив точно како беше.
Здраво мешиња,сега приметив еден заб почнал да ми се рони,матичниот стоматолог ми е во Ѓорче,дур да се јавам да закажам дали смеам нешто да се напијам ради превентива да не си имам мака и со другите заби,ептен ме фати паника.. Со првата бременост немав никаков проблем со забите ама затоа со оваа се што немав со првата сега искусив со вторава бременост.
Иначе 28ма од денес...до сега многу мочав ...ама луѓе ова што ми се дешава од пред 3 дена аууууу....буквално можам у вц да се преселам
И јас се преплашив штом видов кафеав исцедок, ова беше во 6та недела. Дури во 11 навечер бев на ургентен во Систина. Нема што да правиш освен да чекаш, Скоро 19та недела, исто и јас, на секои 15 минути. Дури глупо ми е од колегиве на работа, постојано во вц.
Па на почеток не се препорачува физичка активност и пешачење, до 12 недела. Плус и со исцедоков, лежи одмарај, не дигај тешко. Скоро сите сме го поминале ова. Доколку се влошува може и прогестерон депо ке треба да примаш, тоа со матичната ке видиш.
Убаво пиша членката до 12та недела не се препорачува вежбање. И луѓе што имале редовна физичка активност, во прво тромесечие се препорачува нешто умерено, и тоа ако е се во ред. Плус одговорот се однесуваше на членката што има кафеав исцедок. Во такви случаи си треба мирување.
Не мислам дека се поразлични од било кои други слатки, колачиња, крем, сладолед и сите останати што ги има на пазарот.Можеш слободно да си провериш шеќер и да се види дали имаш предизпозиции за покачување, не верувам дека од нив конкретно би можело да се зголеми шеќерот.
Штетно е се што е претерано. Секој ден скитлс е претерано. Имаат многу вештачки бои, ароми и додатоци и 50-60гр е многу. Ако јадеш еднаш неделно не е страшно, ама секој ден не. Подобро да изедеш секој ден различно колаче во кое знаеш што има отколку ова запакувано минијатурно бонбонче што вришти од бои и ароми. Ако бараш научни докази немам, мое мислење е тоа само.
Еве што пишува. Убаво сум реплицирала. Уредни бремености. Исцедок не е уредна бременост. Кај 3 различни доктори бев и никој не ми кажа да не пешачам.
И јас од старт пешачам, и тоа истата релација ко Хомме, 25-30мин наутро накај работа. Ама уредна бременост без исцедок. Ми дозволи после срцева акција и да вежбам ама страв ми е па си движам доста вака и затоа не вежбам. Односно не вежбам по програма, вежбам друго, јога за трудници.