Душо не мислев на уредни бремености, членката има кафеав исцедок, лошо се имам изразено. Меѓутоа и кај скроз уредни бремености, не би се сложила дека пример дигање тегови е нешто најнормално или трчање или било каква претерана физичка активност. Сите гинеколози препорачуваат после 12 недела да се практикува физичка активност. На почетокот се вгенздува плодот сеуште и не се препорачува.
Девојки, тука ве има најмногу па ќе си прашам. Имам голема стара лузна од операција на слепо црево и сега како што нагло ми расте стомакот (секој ден ми е сè поголем, а 16та недела сум), лузната се вцрви и ненормално чеша. Ме чеша цел стомак, ама најмногу лузната и ме загрижува црвенилото. Дали некоја од вас се соочила со такво нешто и знае што можам да направам? За една недела сум на преглед и ќе видам што ќе ми каже матичната, ама дотогаш ако знае некој нешто, би ми било од помош.
Реплицирано беше на членка што збореше дека има кафеав исцедок Крај краева секоја бременост е различна и секој како си се осеќа и нормално како препорача доктор така нека прави. Жени и кросфит вежбаат у бременост а има некои и што се релација кревет вц. Не сме ние стручни да расудуваме што може и е нормално што не. Јас коментаров го сфатив како совет кон членка со мака. И беше ок совет според мене.
Баш дигање тегови, односно вежби за зголемување мускулна маса се препорачуваат повеќе во бременост. Центарот на гравитација на телото се поместува и полесно се справува со оваа промена доколку има мускулна маса да ја поддржи промената. Секако со поголема претпазливост и помала тежина. Трчање/кардио се препорачува но со поголема претпазливост заради олабавување на зглобовите, нешто што се случува во бременоста заради испуштање хормони. Самиот плод е добро заштитен од карличната коска во првите 3 месеци, затоа и нема некои поголеми ризици кои би допринеле за прекин на физичката активност во овој период. Напротив, во случаи каде нема индикации за мирување многу полошо е доколку не се практикува физичката активност. Се додека вежбите што ги правите се прилагодени и имате осет за вашите граници, продолжете со вежбање доколку сте вежбале претходно. Доколку не сте, ништо не ве спречува да почнете сега и да си го олесните процесот.
Колку стара лузна? Јас имам лузна од слепо црево си се зацрвенува од време на време (25та+) ме чеша нон стоп ,стомакот уште толку. За ублажување мачкај си уље. Јас си го земав од Дм уље за трудници ме смирува.
Јас да пријавам еве веќе 2-3 часа немам болки повеќе. Изгледа лажна узбуна ќе е, или најава да си се спремам за во скоро време. Фала ви на сите
Немам лично искуство ама велат дека многу помагало маслото на Еуцерин против стрии. Пробај го, многу е убаво, јас превентивно го мачкам и ја прави кожата еластична и мека.
Јас како читам од напишаното велиш дека до 12 недела не се препорачува пешачење. Тоа е пишано, ако си мислела на друго си испуштила. Точно е дека се вгнездува ама нормални активности не се забранети. Пешачење е една од нив. Реплицирано да ама пишано да се однесува на сите бремености. Пак ке кажам, исцедоци крварења спонтани претходни итн се третираат на друг начин. Бременост кај која е се во ред нема рестрикции. Се прави исто како претходно, само вежбање со помал интензитет.
Па од вчера после прегледот почнам со дабростон. Ми рече доктроката 3х1 да ги пијам, сабајле кога се случи ова се имав веќе едно напиено… и кога и се јавив ми рече веднаш да испијам 4 наеднаш и д продолжам со терапијата на секои 6 саати по едно апче. Сега мирувам. Станувам повремено низ дома кратко и толку… Сега пак се слушнавме со докторката рече да вклучам и магнезиум бидејќи си имам повремено тапи болки. Се надевам позитивно е ова, се мести сакусот и расти (така се тешам бидејќи вел ден плачам) а воедно не напоменав ми виде и циста во лев јајник околу 4 цм, па си велам да не ми е од неа вака… Па сега и хормоните у вис, отварам форумиве читам спонтани абортуси и одма плачам…
Да испив 4 апчиња наедна дабростон (и претходно едно пред да го видам исцедокот како регуларна терпаија) Сега сум ок немам исцедок повремено некои тапи болки, ми вклучи и магнезиум да пијам.
Пробај да не се стресираш и да се опуштиш. Знам дека ти е премногу тешко ама стресот само ти одмага. Примаш терапија значи си покриена од тој аспект, сега лежи и мирувај. Речиси секоја од нас имала таков исцедок во рана бременост ама на крај ќе се среди. Со лесно
Многу стара, од пред 30 години. Досега никогаш не ми се вцрвенила, ова сега првпат со растењето на стомакот. И јас го имам тоа масло, мачкам сабајле од него, навечер павловичева со ад, па ќе видиме.
Јас земав првин крема мустела, ама не го поднесувам мирисот. Сега го имам маслото од дм на babylove, тоа ми е евтино, а и не е лошо, а навечер мачкам павловичева со ад измешана. Кожата ми е пресува, затоа толку мачкам уште од сега, стрии немам, ваљда е рано, само тоа црвенилото на лузната и околу неа. Ќе го пробам и еуцеринот по се изгледа.
Негде читав дека павловичевата нема никаква хранлива вредност за кожата и на некој начин за џабе се мачка. Пробај го и путерот на Хипп, убаво хидрира и е околу 400ден ама Еуцеринот е незаменлив во поглед на хидратација.
Јас и навечер и насабајле ставам вагинално, и така некогаш како грутки, мислам дека е нормално. Сигурно има дејство.
За првата бременост, во последните месеци, се мачкав само со Павловичева. Не ми се појави ниту една стриа. Е сега може е и од тоа што во цела бррменост се поправив само 6 килограми, а и се породив во 37 недела.