Исѕо, стара лузна. Мачкај си кожата се растега и предизвикува чешање а за лузната мислам дека нема ништо да се деси поминало доста време.
Дечки дали е нормално да ме боли цел стомак? Не само јајници...туку цел стомак од сите страни,горе доле,лево десно,желудник,папок, се....дали од што расте ? Офкам на секое станување и легнување.....а и два дена еве многу често одам во вц (голема нужда)
Тоа ми беше едино прашање кога бев со синко голем трудна, ко да ме тепал смок по стомак, кожата ме болеше мислам. Докторот ми рече дека е сосема нормално, се шири, се тенчи кожата, да не се сеќирам. Се дури болката не влијае на бебе и негово движење се е нормално. И сега како расте стомак осеќам дека почнува пак да боли. Денес некако бев летаргична и едвај се движев, станував со потпирање на сите страни ко да сум 9ти месец. Ама нагло ми порасна стомакот некако и затоа мислам.
Еве јас мачкав и еуцерин масло и павловичева со витамини и масла. Испукав на почеток на 9ти. Така да и генетиката игра улога, внесување на течности исто. Инаку ја прави кожата баш мека и убава.
Да да, знам дека генетиката има најмногу влијание ама сметав дека маслото ќе и помогне на членката во однос на раната. Кога мене почна да ми расте стомакот многу ме чешаше и печеше околу папокот па од маслото ми помина тоа чувство. А за стриите најмногу влијае генетиката ама сепак секоја од нас мачка по нешто превентивно.
a zasto lezenje da izdrzis? Koja nedela si? Hemoglobin i zelezo ti se super bravo, jas nikako da gi kacam
Сега дури ми се малку намалени хемоглонинот до пред еден месец ми беше 139, инаку да лежам заради постелката имам маргинална планцентна превиа а сум 31 недела барем до 37 да стасам
Знам дека ти е тешко, и јас минав низ истото и потполно те разбирам. Јас во 5+6 имав кафеаво розев исцедок и така испаничив. Ми појачаа прогестеронска терапија, после во 9+0 пак се повтори и тоа повеќе. Светот ми се сруши во моментот, ама кога прочитав куп искуства тука и почнав да мислам со глава, а не со срце се смирив. Пробај и ти, на бебенцето му требаш мирна и спокојна. Немој да се грижиш, не те тешам, стварно веќе секоја втора трудница има таков исцедок и прима прогестерон.
Феминки добро вечер на сите . Влегувам во 33 недела бременост пред некој ден ми дојде млеко малку испаничив ,ми извадија памет дека брзо ке се породам . Со прво дете немав млеко воопшто беше на ад сега баш се изненадив . Ве молам за совет дали треба да правам нешто ,да се измолзувам секое искуство ми е добродојдено .
Сабајле се мерев, 5кг дсум ослабена од почеток на бременост, се грижам дека ќе му наштетам на бебето ама не можам да јадам скоро ништо. Наутро имам малце апетит и успевам да каснам по една овесна каша и смути или леб со мед, попладне ми почнува мачнината и не можам ниту да смислам јадење, со маки овошје каснувам и леб малце, ама солено не можам да смислам, нагон ужасен, се ми има вкус на метал, од помислата трчам во вц да повраќм. Сега сум 10та недела, стварно се надевам дека ќе трае до крајов на трети месец и дека после ќе можам да јадам, стварно ми е страв како напредува бебето, плус и дека никаков преглед немам до 13та недела, се убив од мислење дали воопшто расте…ми се јаде бурек со месо ми се плачи
Благодарам, добро. Денес се породив со многу мачење.. но океј испадна. Ви посакувам на сите 100 пати полесен пораѓај од мојот