Слабеењето не е само од повраќање. Ја почнав со 61, терав со иста килажа, се нервирав 60-61 стално на вагата. Земав пивски квасец ништо не бидна, после тоа земав таан и мед со семе од коприва(по 2 мали лажики на ден), смесата е од се по третина во тегла. Е од ова малку се поправив. Јас немав гадење и повраќање. Сега сум 31ва недела и пак сум 63, незнам зошто хахаха аама океј е бебето на ехо , јадам и повеќе од номално. Ваљда шо се нервирамси слабеам.
И јас толку ослабев во прво тромесечие па се беше ок со бебето. Ќе се стабилизираш со мачнини од второ тромесечие натаму и ќе почнеш да си јадеш, не се грижи, сè е најнормално.
Од искуство и консултации со дерматолог, јас би препорачала еуцерин, биодерма, ла рош итн ама не масло, туку лосион за тело. Тие ја прават кожата влажна и хидрирана цело време. Маслото и обичното млеко за тело се впиваат во кожата и бараат константно мачкање, особено маслото, прво е многу мрсно а по некое време и упива. Јас на почетокот се мачкав со путерот на хип до кај 4ти месец, па кокосово масло со не знам какви капки и на крај си вложив пари во биодерма (мене таа ми одговараше на кожа) мислена купка и лосион за тело што има мирис на лабараторија, жими се. Ама кожата ми беше мазна и мека. Никаде не ми се појавија стрии, а јас имам премногу сува кожа.
Не, молзење пред 38ма недела не е препорачливо, може да предизвика контракции. Остави си нека си тече, нормално е тоа. А зошто не си каснеш бурек, ако имаш таму де. Колешка трудна со мене мака имаше невидена и само од бурек не повраќаше, од се друго повраќаше, 9 недели точно повраќаше ко неарна, што год да стави во уста. Ослабе се исуши, еве ја сега супер е, 20 недела е. Не се сеќирај, ама најди тоа што ти прија и тоа јади, јатки ли, бурек ли, леб ли, што и да е. И земи некои пренатални за скеој случај. Добри сме, сепак синко бил немирен зошто мама била нервозна, многу ми беше стресно седењето во село иако се одморив за одмарање, ама па надвор беше опасно за дете и секое искачање стрес невиден. Епа сега е мирен, чат пат мрднува, ама добар е. Вчера така ми се пријаде месо, абе ми се плачеше и си направив ајде, се наместивме, седнувам да јадам, ја изедов супата и за месо и пире место, јок. Каснав малку ради реда и ајде на куцики остатокот. Е за сладолед после си направив место, нормално Па шетнавме малку да се раздвижиме и таман ми дојде. Сега зобам круши, па се мислам да идам еден ајвар да грабнам и да јадам тоа со сиренце за појадок. Убав ден мешиња, се надевам дека имаме мирна недела!
Каде е бебето деновиве? Јас вчера и денес го чувствувам пак долу ниско. Ретко погоре кај папокот. Ме нервира и ме загрижува, сакам убаво горе да седи.
И јас сум ослабена 5кг од почеток на бременост 11 недела сум , во понеделникот бев на контрола ми вика докторката супер се бебињата дури и поголеми за неколку дена исто и ја повраќам се што ќе ставам во уста и и викам од каде бебињата напредни кога јас ништо не јадам одговорот беше си се хранат они. Немаш уште многу до контрола издржи ќе биде се во ред некаде до 5 месец бебињата се хранат од резервите на мајката.
Иста бев и јас, еве 22ра недела со минус кг. Бебињата се супер, ама крвта кај мене многу слаба, а идат месеците кога ќе имат зголемени потреби, сега конечно имам малку апетит и се трудам да јадам тоа што треба, најмногу месо иако не можам да го гледам, ама сите доктори ми рекоа дека без него ништо не правам. Внимавајте и вие со крвта, земајте нешто дополнително, зошто ни се трошат резервите и станува многу тешко.
Знам за месото дека треба да се јаде, не сум некој месар али ете ми текна пред некој ден и мајка одма ми направи ми испрати али џабе една мала коцка изедов и два пати повратив од него. Утре ќе проверам крвта и ќе видиме што понатаму.
Женички јас од синоќа сум пак со болки. Се разбудив со силни болки во 3 часот, и едвај успеав да поспијам од кај 7 до 9 сабајле. Ми закажаа за цтг во 16 часот и ми рекоа да одам спремна со торбата, ако покаже контракции ќе ме задржат. Малку е рано, ама сепак сум во безбедна зона. Wish me luck
Цело време кога ке видам дека ти си пишала мислам дека готово еве се породи После тебе знам јас сум на ред Ајде со лесно мами, да имаш брз и лесен пораѓај
Исто, вчера беше баш доле и некако повнатре го осеќав и кога мрдаше ме тераше во вц на мочањеи некако поретко го осеќав. Денес исто доле ама напред и се познава на стомакот како претходно. Сакам да си се врати на старо јас воопшто ни еден удар горе не осеќам и мене ми е во мислаимам една слика од интернет каде што покажува во 20-22 недела се качува баш горе, на средина кај папок, јас сум 19 па ќе видам ќе почекам
Te прочитав погоре да се качи на место, рано е, ќе се качи, а и да не се качи не е страшно. Синко ниско го носев па на пораѓај се качи во желудник. Мене денес ме мава во пупак.