Како што ве читам тука, најискрено комплекси си набив. Не знам како успевате сите да не качите килажа во бременост, разбирам за прво тромесечие, ама дека во 6, 7 месец не сте ни грам поправени ми звучи ко да сте суперхјуманс. Дај нека каже една барем дека јаде нормално (дека не јаде само салати и протеин, туку се и свашта) и си качува по две-три кила месечно, да не се осеќам ко фрик и со грижа на совест.
Јас качив 11 кила , од ништо не си скратив цела бременост , една недела после пораѓај бев на стара килажа
Еве јас јадам скоро идентично како пред бременост, и на почеток од 8ми месец имам 10 кг плус. Со тоа што почнав со нормален БМИ, и не смеам многу физички да сум активна,па поголем дел од времето лежам.
Добро е, ве имало Јас на почеток со мачнините изгубив 3 кила, ама штом ми завршија, за нецел месец си ги вратив и сега можам да јадам нормално и си јадам се што ќе ми текне. И благо и солено и кисело, и тестенини. Ама како што читам, се ме фаќа паника дека сите пазат, режими, откажување од ова она, само јас сум неодговорна. И плус се плашам тоа што почнав сега да си јадам и благо нормално, да не ме доведе до гестациски дијабет, ама ми се јаде и ако не каснам благо се тресам.
Исто, терам патолошка, први три месеци строго лежев поради константно крварење, а сега по малку само се раздвижувам, уште ми е страв. Ама апетитот сега ми е добар, исто како пред бременоста и ништо не си кратам, освен кафе. Бев испод килажа пред инвитрото, ама еве 17та недела ем многу брзо се пополнувам ем нонстоп сум гладна. Очекувам најмалку 18 кила допрва да качам, дека две носам, а може и повеќе ќе отидам како сум тргнала
Јас не дека нешто посебно пазам, качив 6 кила до сега ,7ми месец сум. Навечер после 6 не јадам, не зашто сум на режим туку имам проблем со желудник и ако се прејадам не можам да дишам , ама и убаво ми доага да легнувам ненајадена. Едино морам да признаам избегавам пици и хамбургери .....
ја у глобала тешко се поправам со тоа се мачам едно 5 години и пак ништо а јадам душмански , посебно благо . на едно јадење цела тегла од 450 грама крем ја јадам и сум голем лебар , и да сето тоа само се транспортира низ мене без ефект . Очекував дека во ваква состојба ќе качам ваљда од некакви хормони некое кило, ама ништо , после 7 месеци 2-3 кила, мизерија
Јас искрено се сецнав уште на стартот,бидејки на првиот преглед у 5та недела докторот првото што ми рече е да припазувам на исхрана,зашто најчесто проблемите во бременост настануваат од неконтролирано јадење,притисок,дијабетес,тежина итн.
Мене според бми би ми било нормално до 14 да качам вкупно... Се надевам нема повеќе,затоа што пак не е лесно на пораѓај па и отпосле со вишокот. Во првата бременост качив околу 12 кг... Се трудам сепак умерено да јадам, но понекогаш имам напад на глад во сред ноќ
Тука сум 15че +. На почетокот се стресирав што толку качував, сега си реков колку и да се после ќе мислам на нив. Се трудам да се хранам здраво, ама знам да си дозволам и нешто калорично, е благо секојдневно обавезно
Јас имам проблем со јадењето, до скоро ништо не можев да јадам. На секој преглед се плашев дека ќе ми кажат дека заостануваат бебињата. Сега очекувам да почнам да се поправам и да заличам на трудница.
Јас сум многу склона кон дебелеење и пред бременост константно пазев на се и се држе испод нормална килажа. Ама сега едвај стигнав до оваа бременост и ми е страв дека ако гладувам и мислам на своите кила, може да им наштетам на бебињата. Затоа си се опуштив и јадам што ќе ми побара организмот, плус и скоро ич не спијам, дежурам цели ноќи и ми се грицнува и касно. Искрено се надевам само дека мојов начин е ок, затоа што како што читав по овој форум и по тој дневно мени за трудници, повеќето се умерени и не внесуваат ни по 1000 калории, или барем така само пишуваат, не знам што да мислам.
Ех да се враќаше така лесно. Еве сум јас месец и пол после пораѓај ги имам истите кг како пред бременост ама телово ми го нема истиот облик.
Еве ме. Со 58 кила останав бремена, сега сум 73 . Претходно не дека пазев ама јадев здрава храна, тоа ми беше стил на живот, ми беше вкусно. Никогаш не сум имала проблем со тежина, ниту држење диети. Сега јадам мајонез, пржени компирчиња, пици, пасти, све што некогаш не сум сакала и сум јадела ептен ако морам Ич не се ни замарам да ти кажам, си го сватив ова како период што ке дојде и помине и после секако ке се вратам у нормала. На почетокот од се ми се лошеше и гадеше и имав одбивност кон здрава храна . Не е оправдување или нешто wow дека сум направила ама тоа е реалноста .
Ете ме и мене со мајонезот Знам дека не треба, не го препорачуваат, претходно не сум го ни сакала, а сега не знам што ми е со него, морам да си капнам на се И пица, со тоа сум најтаман најадена, барем не ми се јадат глупости после тоа. Гледам само да вметнам добра доза зеленчук и толку.