Се намалува да. Ама јас си ги носам сеуште трудничките со ластик. Пошто ме боли стомакот ако ме стега ластик од фармерки или тренерки.
Конечно и јас си го дочекав моето бебувче. Поубаво нешто немам видено во животот. Се заљубив веднаш, преубаво мириса, толку е срценце, не се опишува со зборови какви чувства се појавуваат. Нагони на бакнежи постојано добивам. Не можам да престанам да го гледам, мирисам, бацувам бебуш. Знам дека она што следи допрва е тешко, ама кога го гледам бебуш мал, само чувствувам потреба да го заштитам и да му биде се како што треба. Не сум дечар, не сум љубител на луѓе, но толку љубов да имаш на прв поглед и толку да засакаш некого силно и веднаш, да ми кажувале немаше да верувам. Пораѓајот нема да го паметам по убаво. Помина се како што треба, но чувствата и целокупниот настан ме оставија со ,,лузни" што искрено се надевам ќе се залечат со времето. Кога сум со бебувче, заборавам, но кога сум сама со своите мисли, се уште ми е тешко и кога зборувам воопшто не ми е пријатно. Сега сфаќам зборот и појавата мајка колкава тежина имаат. Мајка е апсолутно кралица. Со лесно нека ви е на сите кои си ги чекате бебушите. Се има цена во животот. За да ја имаш најголемата љубов, треба и да ја почуствуваш најголемата болка.
алал да им е на сите што пазат, пазев и јас, цела една недела и толку. Ќе пазам коа ќе се породам сакала нејќела. Качив за 5м 6 кила и ќе ги симнам, ја симнав 25 пред да забременам па нема да ги симнам пак ли. И да, хелоу несоница, ама овој пат ќе те решам, не зјапам во тел, еве да дочитам и гасам.
Добро утро ранобудни, јас ем ранобудна, ем не наспана. Втора ноќ колковите ме растураат. Ме болеше само левиот предходно, па спиев на десна страна, сега ни на една ни на друга, двата болат. Преку ден не ме болат, ни кога лежам ниту во движење. Се надевам нормално е, сигурно се шират коските, се прави место.
Еве јас Склона сум кон дебелеење посебно без терапијата што пијам, во првата бременост качив 31кг, се помачив ама си ги симнав после скооро се Сега сум 15та, 5кг ко ништо ги имам качено, плус патолошка, ќе качам пак за машала Се пазам кога можам, ама ми се јаде бре, стрвна сум, ако видам да јаде некој нешто, сакам и јас Слаба сум на најлошите раб, тестенини, месено и благо Денеска ми се увртел в глава комад со зелка, и ќе си истегнам дома, за ручече Мајка, ќе ги симнеш, о и те како со бебуле после Само од болница ќе излезеш -10/11 Толку излегов и јас, минус 11кг само од болница, а бебе глуфче 2700 Он топик, се е океј сега за сега, се мачам со спиење уште, ужасно ми се спие а ме болат колкови од сега, а до крај, ужас Матичната ме изнервира вчера, дали сум јас крива или она, еве не знам, не сака да ми отвори боледување и после патолошка бидејќи не сум напраила брисови и скрининг кај неа
Честитки @Alexandrite нека е живо и здраво! Мешиња ова со вртењето во мускулите и зглобовите не е нормално колку е интензивно и болно, не се трпи навечер, ма и преку ден. Подколеници и коленици, подлактици и лакти, шаки и зглобови на шаките, ме убија, ко гнили да ми се. Не се трпи! Имате некоја ваква мака? Еве пишувам и сфаќам дека и прстите и зглобчињата ме вртат... Како нагло ме спопадна вака, најверојатно се поклопи и со промената на климата, ќе си пукнам, ко бабе некое.
Лелеее ме наежи цела, постот блеска од емоции Честитки мајка, живи и здрави да сте, уживај во моментите заедно
Најискрено се утешив малку, нè имало доста, само не сме збореле тука. За пазење не знам, секоја чест на тие што можат. Можев и јас претходно, ама сега кога мислам и за двеве срценца во мене, не можам да пазам, туку само давам што ќе ми побара организмот, секако без претерување, умерено од се. Да износиме здрави прави бебиња па ќе мислиме после на килограмите. Исто страшно ме нервираат коментари еј одма си се поправила, јас кога бев бремена не ми се познаваше до осми. Ок де, различни тела, различни организми, различни терапии примаме и различни бремености се. Шо потреба одма да се пофалат и споредуваат?
Ич да не ти чуе кој што зборува, јас такви одамна ги рендам веднаш со контра реплика, мене генерално ме нервираа муабети кога се исчудуваат како тоа ми е лошо, повраќам, ме боли стомакот,несоница сум имала па требало да се опуштам и да уживам итн итн..и тоа од жени кои веќе раѓале,ама нивното лесно било,ние сме сега разгалени генерации Туку јас си знам, си накривувам капата и правам што највеќе ми одговара. Инаку ми се чини дека сета килажа ми е во стомакот,ептен ми е испапчен нанадвор како лубеница
Јас од прогестеронот сум многу надуена целата, а и општо имам мака со задржување вода во тело. И така исто се разочарав зошто минатиот пат кога останав бремена ич не ми се познаваше а сега одма ми скокна стомакот и општо целата отеков некако и во гради и секаде. Ама реков не се замарам веќе само живо здраво бебе да родам, изглед и килажа се средуваат.