Здраво феминки, сакам да замолам за инфо, колку време после прокрварување да очекувам исцедок. Втор пат ми се случува за две недели. Фала ви однапред.
Имам некоја болка,не е остра така некоја нелагодна ко затегнатост кога лежам не, само кога ќе се исправам и кога се движам доле десно. Бев на ехо се е во ред, ме гледаше и вагинално исто се е во ред. Дали е можно од што се зголемува матката па да притиска лигсменти мускули, пошо сум петти месец и некако овие недели наеднаш ми ррипна стомачето?
Папокот ми се имаше испакнато нанадвор и при допир ме болеше, сабајлево гледам се пикнал пак внатре како пред почеток на бременост. На што иницира ова? И бебушка синоќа слабо и сабајлево ич не ја осеќам, мада знам на почеток кога ќе почне да се осеќа може да ја нема и со денови.
Моево во последно многу ика, секој ден има епизода. Не знам дали е причина за загриженост, се ќе прочита човек на интернет Дали и вашите бебуши икаат? Инаку сум 32 недела.
Сум читала дека ако бебе притиска на папокот тој оди нанадвор, ако се тргне од тоа место и не прави веќе притисок, папокот се повлекува.
И моето, некогаш и повеќе пати на ден и баш долго трае. Дури и икањето му го осеќам позади кај анусот, језивко е Се надевам дека е нормално и дека не се мачи беба
Дали знаете за колку време ги праќаат резултати од Институт за трансфузиологија на матичен доктор? Денес ме боцнаа, кажаа резултати кај матичен, ама не ми кажаа кога, а во хаосот не ми ни текна да прашам искрено.
7ми месец сум и сум поправена 5кг. Се надевам до крај уште 5кг и се на се 10кг да сум. Мислам дека повеќе од 2,13 кг не е нормално. Во некоја од европските држави ги праќаат мајките на психолог што се здебелени повеќе од 13кг. Јадам како и претходно, глупости ретко, но знам и тоа да изедам. Благо не секој ден ама почесто, е тесто слабо јадам. Овошје, зеленчук, млечни производи секојдневно. Разноврсно се хранам и во нормални количини. Мислам дека бременоста не треба да ни е изговор за да јадеме секакви глупости како да нема утре и да качиме по 20кг. И тоа дека организмот ни тражи што знам, мислам дека повеќе е до психа.
Како некој пулс ми личи на мене. На почетокот кога бебето беше помало мислев дека тоа му е срцето и јас го чувствувам Сега поголемо и стомакот ми пулсира кога ика
Zdravo mamicki Denes bev na kontrola 24+4 sme no mi rece deka malku mi e tvrd stomakot no ne kaza niso drugo .. iskreno mene mi bese polna besikata mislev deka ke se pomocam dali mozebi e od toa ili sepak ne e dobro .. Fala vi
Мајки, знам дека и овде за сушални сме пишувале. Ако може некоја да ми пише информација Колку киловати троши сушалната ако може некоја да види на налепницата на машината? Барам инфо по сетек нептун, дава за годишна потрошувачка, ама не ми треба таа бројка, туку киловати и за која марка. Прашањево не е за овде, знам, ама ми треба побрзо одговор. Па нека го избришат после
Леле како ми рипна машко за недела дена, аууу, отиде напред. Сите ми викаат не ти е голем стомакот ко за 6 месец, ама мене ми личи ептен големичок, а и мајмунов како мава денес, многу е весел. Али срамежлив, бато го чекаше 15мин да мрдне овој се скри. Жени се мислам нешто, можно ли е да е поврзано трнењето на рацете и нозете со Ддимери? Докторот ми рече дека нема потреба да испитуваме, наводно втора бременост ако се било ок, немало потреба, ама сеа ми е на ум. Ќе побарам во понеделник упат, ако не на приватно ќе ги направам, ама мене сеа на мисла ми е. Ми вика колешка и ниско железо и давало такви симптоми неа, демек дехидрирани вените...
Искрено не знам дали има врска трнењето на рацете… ама можам да ти кажам дека нема врска тоа дека е втора бременост. Јас во првата ниту примав клексани, ниту ништо. Пиев од некоја подоцна недела аспирин само, заради лакуни. Втората бременост ми беше неуспешна, и тогаш, по предлог на матичниот испитав, и испадна имам мутации. Неколку доктори, меѓу кои и Јани, ми имаат кажано дека обично кога има мутации, првата бременост е ок, и се појавувале понатаму проблеми и морало терапија. Нека ти даде упат, или земи од матичен општ лекар, направи си за да не мислиш, димери и хемостаза. Само нека стави таму шифра за трудница за да не ти наплатат. Ако нема термини, можеш само лабараторија и истиот ден ќе имаш резултати. Верувам дека се е ок, ама да не ти е на мисла. Сепак ќе кажам ова е мое искуство, да не плашам некој.