Јас мислам дека природно си е природно, жената е така програмирана па тоа е сосема нормална работа за женскиот организам. Не верувам во тоа бебето се мачело, па што ни фали нас , да не се сеќаваме случајно како сме се мачеле. Јас пак имам читано дека бебињата родени со царски се помрзливи... е ај сега де, на кој да му се фати за точно ЈАс сум за природно, дај Боже да имам можност и така да бидне работата. Во приватните болници без прблем се прави договор со родилката за царски, всушност они и тоа го преферираат. Сењорита, ич да не се секираш како ќе стасаш до Скопје, не е тоа баш така болки и одма раѓање, има цел процес, од првата болка до пораѓајот ќе поминат уште намалку 3ч.
овде во приватните клиники одамна постои тоа право на родилката да избира како ке се породи, оти и ремедика и систина не сакаат да пораѓаат бебиња со некакви аномалии, тие ги праќаат на клиника, а тие што ги прифаќаат да се породат во приватните се претежно со здрави бебиња, и за тоа и ги прашуваат како сакат да се породат. Оти моето бебе има проблем со мочните канали во ремедика им е страв да ме породат и за тоа ме пратија на клиника, (во државна) и таму кога зборев со лекарот за пораѓај што како, тој ми постави прашање како сакаш да го изведиме породувањето царски или ако има можност природно. Со тоа прашање заклучив дека ми дади право на избор.
ова право на избор го има и во државните болници, ете јас сум сведок другарка моја летото се породи на договорен царски, а исто и сега една се договори за во декември, а се е во ред и со неа и со бебето, ама на првиот порагај поминала многу лошо и тешко, и сега од страв оди на царски
Сега со новиов закон секој гинеколог сака да пораѓа царски и ако е можно трета смена. Царскиот им носи повеќе поени и поголема плата, да не ве чуди што е тоа така. Порано не беше така ама сега секој гледа што повеќе да профитира дури и докторите.
Не пораѓаат на дежурство заради пари ,туку затоа што тогаш се послободни ,а и условно има повеќе слободни сали и плус докторот е тука уште некои 5-6 саати ,па може да те надгледува. За на клиника со врски можеш да договориш царски или доколку има некој здравствен проблем сеедно дали мајката или бебето.Во сите други случаи се почнува со нормален ,па доколку нешто зашкрипи се оди на царски.
100 пати е коментиран муабетов и мислам дека може да се заклучи дека секаде каде што приордниот пат се одвива во нормални услови ќе пораѓаат природно, ни приватните ни државните клиники нема да сечат онаму каде што нема потреба. Моите другарки што се пораѓаа во Систина сите природно се породени, далеку од тоа дека сакаат само да земат пари доколку нема потреба. Во државна се породија 2 пријателки со царски рез откако во последен момент кај едната се замотало бебето со папочната врвца околу врат, а кај другата била многу заматена водата, инаку ги чекаа до последно да се породат природно пред да сечат. А за случаи каде докторите однапред сами предлагаат царски рез тогаш нема што ни да се размислува.
Нема врска дека докторите земаат повеќе пари за царски правен ноќе. Без разлика дали докторот прави операција на вечер или пак спие во некоја соба него му исплаќаат ноќни саати.
Јас со др.Кочовски кога се договарав он ми рече во никој случај царски (освен ако не мора), многу подобро било природно и не за џабе се вика природно. Освен тоа коа ке се породиш царски ти ставаат на раната едно со песок и ти стои 24часа за да не ти се отворела раната, ова знам мајками ми го има кажано нејзе и го ставале а дали сега ставаат не знам.. Имаше една во предпородилна бебуш и беше свртен карлично и чекаа чекаа и пред да ја однесат на операција пак проверија да не случајно се свртело..
Мешиња јас штотуку се вратив од одмор па да ве поздравам! Посебно ја поздравувам Оленце86 ( видов дека си бремена ) и искрено многу се израдував ! Ти посакувам убава и лесна бременост,како и на сите други трудници
Супер што си дошла до Кочовски,јас многу го почитувам затоа што е исклучително нежен и покажува разбирање (за разлика од другите).Инаку песокот стои 4-6 часа ,а 24 часа треба да ги поминеш на интензивна,но во случај да е голема гужва ,тогаш може и порано да ја напуштиш.Царскиот како породување и не е така страшен,ако си со целосна не знаеш ништо и бебето ќе го видиш дури кога ќе те сместат во соба,а доколку си со локална тогаш предсебе имаш зелено платно и не гледаш ништо,но затоа штом го извадат бебето и ќе го видиш и ќе му го чуеш првиот плач.Следниот ден после царски е тежок затоа што треба да станеш,а самиот рез те затега и не ти дозволува убаво да се исправиш,а и малку боли,но во терапијата се аналгетици па тие помагаат.Веќе од наредниот ден почнуваш и полесно да се движиш и се е полесно.За 3-4 дена веќе си супер со тоа што и во наредната недела-две на станување и на легнување резот те затега.
Фала за информацииве Аит , инаку за др.Кочовски и јас многу го почитувам и многу е нежен а и се што прави ти објаснува, многу ми е жал што нема да може он да ме породи бидејќи ке биде на конгрес , ама затоа и докторкава што ке ме породува не е лоша , премногу е добра и има разбирање Така да ако не се породам викендов , во понделник здравје боже одиме со провокација што јас искрено се надевам дека ќе биде успешна и нема да има потреба од царски
јас би сакала да ве прашам како е шиењето после царскиот рез ?? во битола не ги шиеле класично туку ласерски, и си немал мака, затоа што тоа било хоризонтално, и полесно се опоравувале... знам сестрами лани во струга се породи со царски и ја шиеја вертикално со конци и неможеше да мрдне неколку дена, а за тоа со песокот прв пат слушам
Јас се породив пред три ипол години со царски . Значи при царски рез се прават три реза ,на матката која се шие со конец кој подоцна се распаѓа и испага докај вториот месец по пораѓајот ,исто и вториот рез ,а кожата (најгорниот првиот рез ) се лепи ласерски ,има само два шава на краевите за да не се отвори раната . Одозгора се става лепенка ,која се отстранува пред да ве пуштат од болница . Раната не треба да се кваси една недела . И да се става врекичка со песок над резот неколку часа по пораѓајот ,тоа помага да се врати матката на место и во нормала . Слободно прасај ако те интересира усте нешто
Ајде добро утро од мене. Гледам сите сте се поспале и никој ниту пишал на темава, нути пак се понудил некое кафенце да стави да се расониме Еве едно скромно кафе од мене па ко воли нек изволи. Ах, да само да констатирам дека овој инстинктов или што веќе и да е за гнездење лом ме напраи дефинитивно, кога со сиот ум во 12 и пол ги средував испраните алишта, малку торбицата да проверам дали се има и дури и алишта за кога ќе чукне часот за на болница да не се мислам многу си извадив. Сега е дилемата што да носам за враќање дома од болница ееееее главо луда. Али ајде, подобро со вакви глупости да се окупирам да мислам, отколку на негативни и страотни мисли и тресење што и како ќе биде. Што би, би. Ниту прва ниту последна на породилен бокс. Идеме храбро
Aaaa Noelle ти скоро скоро ќе не частиш ваму а??? Ххаха да не излезе како на Уник работава, цел месец ја чекаме ,скоро да биде Јас денес поспав малку, дури до 9ч спиев, а си легнав во 2ч , така да солидно е, и за чудо само еднаш се разбудив за во вц Конечно си ја земавме машината и од денес се пуштам на финални подготовки за бебуш се надевам ќе завршам до понеделник, па да имам време и нашите потопли алишта да ги средам . Многу некако работа ми се насобра, а мене паника ме фаќа од пораѓај, паника ме фаќа дали ќе стасам, целата сум испаничена. Како вака ќе видиме на крај. Позитивно е тоа што се помирив со болките кои треба да се истрпат при пораѓајот, некако воопшто не им придавам значење и сум спремна дека кога ќе дојдат мора и да поминат. Само дај Боже да биде природно, многу ми е важно тоа. :geek: Ете една добра вест кај мене во последно време, изгледа како си одминува времето ние жените сме така програмирани па сфаќаме дека нешто нормално ќе ни се случува
Добро утро мамички. Си поспавме денес, која до 9 која до 10.. ајде уживанција уште малку дур не почнат да плачат мачињата. Да ве зирнам, со утринското кафенце и после тешко мене. Свекоров ми врти околу куќа и чека. Непријатно му е да ми рече ајде бре снашке денот помина..хахаха... а требаааа да кречиме. Сами јас и он. Претпоставувам он ке кречи ја по него ко кученце со крпата. Аууууууууу тешко мене.Инаку, нели ме имаше фатено паника дека јас сум единствената трудница на светот што ни во 20 недела не може бебенцето да го почувствува??? Е конечно ми успеа, вчера.Видов на интернет финтата со хартијата на стомак .. И се мрдна хартијата ... Ауууу побудалев од радост. КОнечно, во 22 недела.. Ви пракам бацки имајте убав ден
Меу време ќе има се помалку, ама по некој си парадокс како се подолго ќе ти се чини. Јас си сум спремничка, со мноогу мали додатни стварчици за да купам а еве од вторник го фаќаме терминот. Ама па се ми се чини дека на буцево му е убавичко внатре и како абер да си нема.
Ance јака ти душа, кај сега со крпата и кречење не зезај, гледи што помалку да седиш во просторијата, да не вдишуваш. Noelle абе незнам, мене како за инат ми летаат деновите, се ми е кратко времето, дали зошто ништо не успевам да завршам, ама ми се чини како да лета времето а јас во место стојам. Ако нека си седат внатре, нека се дебелат, па после тешко нас како ќе ги вадиме прасенцата мали
За тоа дали ќе биде хоризонтален или вертикален рез се одлучува по тоа како е градена мајката .Оние кои се слаби или малку полнички добиваат бикини(хоризонтален) рез.Мислам дека ако жената има многу масно ткиво тогаш прават вертикален рез,бидејќи така можат да направат подобар простор за вадење на бебето.
Здраво и од мене трудничкиииии. Јас немав време да ви пишам уште сабајле , станав во 10.30 и одма за работа се фатив, не успеав ни првото утринско кафенце да си го испијам па дури сега седнувам пред лаптопчето и уз добро друштво со вас си го пивнувам ај на здравје Правев кифли денес, направив една доза синоќа и ми испадна перфектни, ги изедовме со мм 3 останаа само па си реков денес да направам уште една дупла доза и да им однесам и на мојте, попладне здравје планираме да летнеме со мм до нив и временцето летничко па може утре и едно капење во морето да направиме, да го испратиме овогодишното лето како доликува , за Мк не знам, ама тука е 32 степени моментално, се врати летото, само до кога ќе биде вака којзнае. Исчистив , изџогирав, прашина избришав, кифлите готови и дури сега седнувам од сабајле па ќе правам ручек и ајт доста е за денес, башка и се изморив, не можам веќе. Така мешенца мои, ве поздравувам и уживајте во екстра топлиот викенд кој ни следува.