Здраво мамички, Дали користевте ланолин крема за брадавици и од кога почнавте со нејзино користење? Некое велат кога ќе влезеш во 9-ти месец да почнеш да се мачкаш со таа крема и се додека доиш, бидејќи ги омекнува брадавиците и спречува нивно пукање.
A probiotik koristite i pokraj prenatalnite vitamini? Mene nikoj ne mi kazal deka treba da zemam.. Sega i mi gi prekinaa vitaminite (Femibion 2 koristev) zaradi visoko zelezo ama za probiotik nikoj ne mi kazal..
Јас уште од 7ми повремено мачкам затоа што ми е многу сува кожата и ме чешаа многу. Само земав од поефтините од ДМ и на Леа, а за доење здравје земав пурелан на медела...
Девојки јас пак со мака до денес не сум имала болки никакви еве 17+1 но некна вечерта од нигде никаде почнав многу да кашлам кашлица сува и неможев да се доискашлам дури едвај пазев да не се напнувам многу при кашлање и ништо вчера дента јадев лути бонбони инхалирав со солен раствор супи и помина но мм купил некои како од ментол ке ставам долу слика за инхалирање и пред спиење инхалирав со тој раствор но нешто чудно ми се случи преку ден се беше во ред но неможев да отидам цел ден во вц а си јадев нормално и вечерта пак пробав не биваше само како гасови и станувам со болка во половината десна страна,десен јајник и стомакот како стврднат под градите брв во тоалет се измочав лргнав и сум заспала но откако се измочав болкага се намали дали е тоа лажна контракција или од тоа што не брв отидена во вц цел ден или можрби од тоа што сум спиела на таа страна па можрби лоша положба и денес супер е се никакви болки дп сега се избањав и една болка долу вп вагината таман дадов 1 чекор како внатре нешто да ме пресече и сабајле исто така осетив како со нож и одма ја снрмува ве молам помагајте дали да одам на хитна термин имам нареден вторник за контрола ке полудам
Нормално е да се јавува и запек и болки, тоа се карактеристични симптоми за бременост. Сите имаме и болки и запек, некои денови повеќе некои помалку. Не се паничи, сè е нормално.
Многу се потресуваш, смири се, болките ти биле од гасови, јас и кога не бев бремена ги имав, сега ако не идам во вц и ако се стискам пак имам, нормални се. Исто ако отвориш на интернет и прочиташ ќе видиш дека болките и бодежите во вагината исто така се нормални, телото се менува, мускулите и карлицата се шири, хормоните се покачени, лигаментите се притиснати, нормални се повремени болки и чудни сензации. Се додека е издржлива и повремена болка без крварење, без онесвестување, без да можеш да извршуваш секојдневни рутини не би требало да е ништо страшно. Не си стварај само стресови, тоа е поштетно.
Баш ја прашав Јасна на една од работилниците за доење дали да почнам пред пораѓај со мачкање на ланолин, таа рече дека нема потреба. Јас мачкам само од маслото за стрии што ми е, и тоа ги омекнува брадавиците
Како ми тргнал мешко, во 17та недела ми личи како шести, седми месец Туку, нека расте, ваљда ќе ме собира низ врати Само ова бодеживе низ стомак нормални се за овој период? Одвреме навреме ќе ме забоде нешто кај папок, па доле ниско, па од страни, не трае долго ама сецнува на секое. Бебињава не сум ги осетила, т.е.не знам ни како се осеќаат. Нешто ми мрдка цело време,ама дали е од јас што не сум смирена па ми лупа срце по цел ден, или гасови или нешто друго, или па они се?
Да се надоврзам... Марина од Ремедика сега имаше предавање за доење советува мачкање во 9ти месец за да се спремат градите. Сепак мислам дека е индивидуално кој како ке си одлучи, може и така и така, некои викаат да некои не, исто и за чаеви за лактација и таблети.
Убави мешиња имам едно прашање дали во бременост испуштањето на гасови пример осеќам дека во стомакот имам и напнувам за да испуштам но потоа осеќам 2 3 секунди болка во јајници дали можеби не треба воопшто да давам напон или можеби не е ништо страшно дали ако вака напињам би можело да се отворам или сл ве молам хелп
Веројатно е убаво да мачкаме нешто поради омекнување. Јас и онака цела бременост мачкам од маслото на веледа па планирам само тоа до крај. А чаеви пиеш ти веќе? И доби ли веќе млеко? Јас сеуште немам ништо, некогаш имам само како жолто засушено на брадавицата. Сестра ми знам во 8ми некаде веќе имаше малку, знаеше капка да и потече некогаш. Се надевам ќе надојде после породување
Синоќа се случи една многу стресна ситуација дома, многу се исплашив се тресев не можев да се смирам со саати. Сега помина ама се плашам да не му наштети толку стрес нешто на бебето?
Дали имаме некое искуство мешиња ве молам споделете со мене да не се мислам од што ми беше болката во јајници
Нормално е тоа не му наштетива на бебето и јас го имам истиот проблем прашав и матичниот и димчев кога бев на втор скриниг, болка осеќам дури и целата се укочам не можам да мрднам додека да ми помине грчот за напнување незнам да ти кажам за тоа што јас не се напнувам одам повеќе пати во веце и така си седам за џабе