Јас исто одѓам во вц редовно и нема ништо од кога се вратив во кревет осетив и веднаш напнав го испуштив гасот и наеднаш ме здоболеа јајниците некои си 10 секунди еве сабајлево како нова сум без никаква болка само ми е мисла од што напнав да не се отворам за порагање или нешто на бебе да му биде недај боже
Уште не почнав со чајот, а со ланолин земав вчера и прв пат намачкав. Чај од оваа недела да почнам, по 1 на ден планирам. Немам ни м од млеко, ни капка. Ама па и страв ми е уште сега ако дојде а се породам за 3 недели . Тука некаде ни беше термин мислам почеток на октомври. Од 38ма ке почнам со чај па ке видиме како ке оди
Ај да не ти се смеам, ама смешно е. Таман работа од напон за прднување да се отваравме да беше токлу лесно не ќе постоеа провокации ... Бременоста не е болест, не се плашете од природни процеси, нормално е да имате повеќе гасови и болки во дигестивниот систем и потешко да функционира ем од вишок прогестерон ем од физички притисок на матката врз цревата
Која недела си ти мислам дека нема шанси да се отвориш, ама јас не се напнувам страв ми е само си седам така
Девојки ми фалите,Ма многу бев у гужви деновиве. Времето лета. Од вторник здравје 29та ја тераме. На 3ти октомври здравје ке го правам последниот скрининг кај Котларова. Времето ми е мераци ,само за под кебе...
Мислам дека е рано да се грижите за млекото . Кога се породив со ќерка ми, млекото си дојде откако почнав да ја ставам на града да цица, и тоа постепено. Искрено мислам и дека не е вообичаено да ни дојде млекото пред да се породиме
Да мислам дека сме 3 дена разлика во термин Јас не зимам ниту чај ниту ланолин сега, овде во болница дават бесплатно, да не трошам пари ако нема голема потреба сега
Нема шанси да се отвориш плус ако си имаш и нормална бременост нема потреба да си правиш стресови се тоа е нормално
Девојче, најдобронамерно ти советувам или да читаш и да се едуцираш за бременоста или да разговараш со гинекологот за да ти разјаснат некои работи и да не се стресуваш. Испуштањето гасови е природен процес и потреба и сигурно нема да запре за време на бременоста која исто така е најприродна состојба. Како би се отворила од испуштање гасови? Ако беше така лесно да се отвориш и да родиш сите ќе раѓале ко од шала, а провокации и царски немало да постојат. Со среќа и со лесно понатаму, ќе биде сè ок
Ти бладогарам знам дека сум чудна понекогаш и самата на себе си велам нрзнам дали да плачам или да се смрам др во странство нр не гледаат како во мк јас последен пат на 2ри август го видов бебето несакаа да ме гледаат минатиот термин имале прротокли и плус со 1 спонтан минатата год сум и сега се ме паничи сепак благодарам многу
Пробај да не се паничиш, не е добро ни за тебе ни за бебето. Следи тоа што ти кажуваат докторите таму, знам дека не ти е лесно ама имај го на ум тоа дека таму сите жени се третирани како тебе и имаат здрави и живо бебенца
Премногу ти благодарам за советот малку ми поолесна ке пробам и јас да не се паничам толку на секоја ситница
Со кој памет отидов на настан во Ист Гејт, па одозгора со стоење цел ден, од 8 до 1 бев на нога, сега моментално колковите не си ги знам за мои, ме кинат, ме убиваат... бебе од што се нафукав благи барчиња праи журка. Дојдов дома, сега лежам ама треба да станам да направам ориз и да направам едни кифлички, ќе имам гости на ручек. Золва ми и свекрва ми, не знам и јас да речам не, ми се јави свекрва ми дека сакале овие да им прави ручек а она ништо немала, а јас секако сакав за роденденот да ги викам, ај од Тинекс купив што требаше, па пола готов ручек, пола да го доправам и сега да долежам уште малку па ќе станам. Лежам на стомак и мајкиниов праи ршум внатре, ама дојде ли некој да го осети се смирува. Овој ќе ме вози мене како знае и умее, синко едвај чекаше да стаи рака татко му, епа редно е едниот да е мој. Друго договоривме мајстори за 2 недели, дур завршат ќе бидат 3, таман да дојде и плакарот и да се сместиме на готово. Едвај чекам да помине овој месец оти ќе биде тешко осеќам. Не сум веќе кадарна толку да работам, чистењето па ич не ми е лесно, ко куче со опавче, му реков на мм до крај толку беше, ако не фатиш ти ќе не јадат бубачките. Убав ден мајки, јас да ставам едно нормално кафе, да се фатам за работа и да дремнам ако имам време еден саат.
Го чистите со нешто папокот? Ептен црно имам соберано, а шубе ми е да го чепкам. При туширање не се чисте убаво, а вака грозно изгледа