Мамички, дали сте мачкале канестен за габична инфекција на нозе? Почна да ме чеша стапалото па да прашам дали некоја имала ваков проблем?
Знае некој што прави бебчето ако се случи неколку секунди, минута како вибрирање на стомакот? 35та сум.
Мене ноктот ми е како бледо пожолтен, го имам третирано и претходно и баш го прашав гинекологот дали може да ставам капки егзодерил/канестен, или лак за таа намена, ми кажа може локално се употребува не е никаков проблем. Ама јас од што ми беше страв не ставав. Инаку конкретно да ти одговорам може.
Можеш да пробаш со хидроген ако не ти е страв. Јас имам фобија од папоци и не можам да го гледам целиот оптегнат а почна и да се испакнува И мене ми е таков пробав со влажна неќеше и ми е страв веќе не го чепкам.
Пробав како што пиша @sweet.woman со масло и со чепкалка за уши, едвај со цел страв малку одозгоре успеав да исчистам, внатре не. Ама подобро е вака. И мене ми е многу језиво
Јас од стручна гледна точка ќе ти кажам дека си во заблуда. Првото тромесечје кај уредна бременост е најбезбеден период за физичка активност, па дури и со повисок интензитет за жени кои претходно држеле такво темпо. Тогаш ризикот од повреди е најмал и може да се прави се што се правело претходно доколку нема гадење и повраќање, па дури и кревање тегови
Не ти е болката во јајниците туку во мускулите кои ги напнуваш на исто место се па често ја мешаат болката дека е во јајниците. Ама подобро да не напнуваш...
Физички активности може да практикуваат оние кои што практикувале и пред и тоа кај уредна бременост, членката која што праша имаше крварење во тој случај и тоа како е потребно да избегнува физички активности особено првото тромесечје
Ja porano za malata greev tetra peleni a sega so toa sto e so visna mislam ili so semka od cresa da go zemam
Помина и контролниот скрининг на срце, докторот е упорен дека не се гледа од салото, јас не знам тие трудни со по 120 кила како ги гледаат на ехо, еве не знам. Ама ајде, нека е се добро само. Ми рече ако евентуално сакаш кај Димчев, ама прескапо е, не одам, нема да ми смени ништо. Чоекот битно цуцаше палец, ете така, слика не побарав срам ми беше, а сакав ама ајде, нека е. Не знам што им е тешко на докториве едно сликче да извадат, па за нас тие нашмрљани слики од нашите деца додека да ги видиме на раѓање значат се, башка синко едвај чека слика, ама ајде, тоа е сега. Сеа криво ми е што не реков едно сликиче може ли. Таа слика најубава на свет како цуца палец, леле ме стопли ова ладно утро. Докторот го стиска ехото он мава, се буни срце на мајка, спие со тоа палче во уста, абе топење, топење.
Девојки , ве молам совњт дали некоја пиела терапија за желудник? Гастрогард не помага, млеко и такви совети немојте ништо не помага...фамосан,ранитал дали сте пиеле? Многу имам мака...у грло ми е ,ми се поврака нонстоп,едвај јадам по малце ко маче. Навечер нема шанси да јадам зашто ке умрам од маки.....ми се смачи веке....
Фала ти мила за одговорот, и на мене ноктот меѓу малите прсти ми е побелен, т.е не е проѕирен како останатите, имам како излупена кожичка меѓу прстите и вчера баш ме чешаше на тоа место. Денеска не ме чеша. И мене не ми се става ништо ,ептен ако е неиздржливо. Ќе гледам така да терам.
Со столицата како си? Овде ми спомна докторката дека имало некој сируп за желудник ако имам поголеми маки да ѕвонам ќе ми го дадат, не прашав како се вика. Прашај во мк дали има. И јас имам многу болки, ама тоа само додека да се натерам да идам во вц, потоа веднаш поминува. Внимавај на храна повеќе, само лека храна јади. Знам многу е мачно сето тоа, цел живот си страдам од гастритис
Јас не знам што им е на докториве... И јас имам вишок кг посебно во пределот на стомакот и освен една млада докторка во 36ка амбуланта на Гак (крш им беше апаратот, се гледаше како со сенки), никој не ми рекол дека не може да се види од стомакот, а сигурно бев кај 5-6 различни доктори и на државно и на приватно. Као сите божем треба да сме манекенки па после да раѓаме деца..
Намерата не ми е да кревам паника и влевам страв. Чисто си споделувам лично искуство за да бидат сите претпазливи. И мене матичниот ми правеше скрининзи во првата бременост, па и на посебен за срце ме викаше и тврдеше дека сѐ е во ред, а воопшто не беше. Јас матичните не ги сметам за способни за скрининг, особено не за втор.