Абе види, мене јасно ми е дека треба да бидеме слаби за да имаме здрави прави деца и здрави бремености, ама па сеа боже мој, не сум слаба, што да направам. Башка познавам трудници кои се многу подебели од мене и ниедна не кажала дека не можеле бебе да видат. Ќе се породам и ќе ослабам, еднаш ослабев не можам ли пак, ама ме иритира на сред преглед да ми рече Салцето смета. Апсолутно, но без термини за скрининг на државно, немам да дадам кај Димчев толку пари.
Јас сум 33 недела, а стомаче на бебе е како за 32, глава како за 34 недела И цело време ми е со стомаче една недела назад, а глава напред. Докторката вика во ред е се, ама јас некако не сум мирна, дали имате искуство?
Во ред е, моето беше така главата поголема за неделата а мешето помало. И татко му е со голема глава, цел е на него.
Затоа и напоменав дека кај уредна бременост може да се продолжи. Ако има било каква медицинска индикација да не се вежба, тогаш без разлика дали била физички активна, ќе треба да престане. Мојот коментар е во врска општо со физичка активност во прво тримесечје дека сите кои сметаат дека не треба да се вежба, а нема медицинска индикација за истото се во заблуда.
Затоа ризикот од спонтан е најголем во прв триместар, од толку "стручњаци". Крај краева секој си има различна бременост и гинеколог што го води па нека си се консултира со него. Јас го изнесов мојот став, во претходна консултација со доктори што ми ја водат бременоста.
Лежи и спиј на високи перници, мене само ова ми помага И за ручек обавезно малце кока кола за побрзо да се свари храната
Па и гинекологот не е стручњак за вежбање ако така гледаме на работите, зошто би го слушала него во врска со вежбање? Треба да се прифати стручно мислење и од доктор и од тренер кој е квалификуван да работи со трудници. Порано велеа и дека воопшто не смее бремена жена да вежба, ама денес науката е малку понапред, па докторите треба да знаат подобро и да се едуцираат. Ризикот за спонтан дека е најголем во прв триместар е точно, ама дека ќе се случи од физичка активност е чиста глупост.
Ние сите луѓе исти ли сме? Некои имаат подолги нозе, некои имаат пократки раце, некои се високи а некои ниски… не обрнувај внимание на такви детали, се додека бебето си расте и напредува немаш потреба да се замараш со некои просечни статистички мерки. Мене синчето ми го водеа и над две недели со поголемо главче а со помали колкчиња, глупости живи, еве го здраво право високо детенце со совршено главче
И кај мене е така но докторот рече дека е добро дека е во граници на нормала, инаку и генетиката има улога ниту јас ниту сопругот немаме стомак а и една недела помало поголемо е дозволено сепак и мерките не им се толку прецизни
Не постои за скрининг таа опција а и едини добар доктор за срце гледање да бидеме искрени е во Систина, и ми го спомнаа Органџиски (мислам беше) на ГАК ама фаќање термин е лотарија. Пред 2 недели беше 1 недела назад, денес се израмни, така да мерките ништо не значат од недела во недела ако се вкупно е во ред.
Ај да си прашам јас сум родена 2500гр. мојот брат е роден 2900гр.дали има врска колку сум тешка родена па и бебето мое да е од малечко дали генетски се наследува или нема врска јас сум родена една недела пред термин значи не сум порано мисла ми е не дека се потресувам нешто ама една докторка на болница ме праша колку сум родена битно било ама не ја препрашав пошто на почеток беше.
Мислам дека нема некоја битна улога тоа. Имам другарка што е родена скоро 5 кила, а роди бебе од 3100гр. Иако се родила како големо бебе цел живот е слаба, т.е со нормална тежина и просечна висина.
Мојот тренер во прво тромесечие кога беше бремена "одмараше" па после продолжи да вежба со сличен интензитет ко пред тоа. На прашање за вежбање секогаш ми викала консултација и со гинеколог, а од нејзин аспект дека треба да се продожи со вежбање ако е се во ред после 1 тромесечие, со сменет интензитет (да се внимава на пулсот и правилно кревање и бирање на тежини). А ако пред бременост не си вежбала ништо дека по препорачливо е пешачење, јога нешто со послаб интензитет а не во бременост да почнуваш не знам каква физичка активност. И јас со ова апсолутно се слагам. Вежбање во бременост има огромен бенефит и не го оспорува тоа верувам никој, ама малку и осет, зошто има и жени што и да сакаат не бива да вежбаат или едноставно се плашат ради икс причини (оправдани или не)
Во државна барај да те види Горан Кочовски, се ќе ти каже. Јас лично имам одено кај него и кај Димчев.... За салцето нема да коментирам, стварно ми е излишно....не е секоја бременост и секоја жена иста.
Девојки од сабајлево имам малку тврда столица и некое чувство во стомакот како нешто да ме жеже, не знам како да објаснам. Како можам да си помогнам?
Самарџиски да не е... Мене он на ГАК ми праеше 2 скрининг и срцето го гледаше. Во среда е сабајле во амбуланта 28.