Јас не сум слушнала до сега за некоја што имала спонтан од вежбање. Вежбам активно долги години. Значи не се терам себе секој први или секој понеделник да почнам и да извежбам три пати во месецот, туку вежбам 4 дена во неделата, 3 дена пешачам 12-13 км и ми треба тоа. Имам две неуспешни бремености. Кога ќе дознаев дека сум трудна престанував да вежбам. Буквално солзи ми течеа што не можев да извежбам, мозокот и телото ми бараа. Кога разговаравме со докторот за мојата ситуација, му кажав и за ова, па ме праша зошто сум се мачела толку. За следна бременост ми рече да не престанувам со вежбање, само да припазам на тежина, напнување и слично.
Здраво, дали треба да го вадам гелов од нокти за пораѓај? Наводно требало чисти нелакирани нокти... Не сум прашала доктор
Тврда столица од многу причини може да е. Мене чај од нане ми помага да ми се смири стомакот, ама за запек не знам дали има ефект. Ако немаш друга мака, сливи ке ти помогнат да се олесниш.
Да. Преку нокти се гледаат многу работи. Посебно ако си царски, а секогаш може да дојде до итен царски.
Не е дека воопшто не можам да одам во вц, ама малку потешко. Ќе пробам со чај од нане, обично ми помагал порано кога ми било вака. Фала ти.
Jas sum bila 2980 soprugot 5000 malata se rodi 3310 a sea ke vidime so kako so bato se si e do samoto bebe Kako se razviva
Моето беше со сите параметри назад, ама ептен, но кај мене беа проблем протоците. Прва ми го увиде овој проблем Петровска на сосем обичен преглед во Систина и сугерираше клексан. Од пусти страв дека се е за пари отидов на ГАК исклучиво кај Данева, знаев дека е најдобра и по препорака, не и кажав ништо, сама го потврди истото и во консултации со Јане ми даде клексани и до 36та ме водеше она. Сепак сеа, има различни причини, може кај тебе не е истиов случај ама сепак кога се работи за вакви ситуации, исклучиво преглед кај перинатолог. Во Систина тоа се двајца, Петровска и уште некој беше а на ГАК Данева и за Самарџиски знам. Сепак некој специјализирал во оваа област и знае најдобро. Појдете на преглед кај некој од нив, штета нема да има во секој случај
Јас потполно се согласувам со твоето мислење, дека секој е различен и треба да бира дали и со каква физичка активност ќе се занимава. Тоа што твојот тренер „одмарала“ во прво тримесечје не го оспорува фактот дека не мораш да одмараш и можиш да продолжиш да вежбаш. Нормално дека треба да се консултираш со доктор сепак, тој ја следи бременоста, има работи кои тој ги гледа а тренерот не може да ги види. Тахикардија, притисок, скратен цервикс, крварење и ред други работи се индикација дека не треба да се вежба. Затоа јас препорачувам консултација и со тренер (доколку се одлучи индивидуата за физичка активност) и со доктор за да се има мислење од две различни страни, секој стручен во своето поле.
Тоа е тоа што и јас сакам да го кажам. Дека спонтан абортус од физичка активност не можи да се случи. Ниту сум сретнала таков случај, ниту постои научна студија која го поткрепува тоа. Жал ми е за твоето искуство, а браво за твојот доктор што те охрабрил во одлуката да вежбаш
Не си слушнала пошто нема. Спонтаните во првото тромесечие се заради неправилна делба на клетките, во ретки и екстремни случаи поради голем стрес на телото, предизвикан на пример од незгода. Не ми се свиѓа што на темава се изнесуваат вака неточни информации, па голем дел од членките од страв нема ни да почнат да вежбаат, а не се ни свесни за бенефитите кои ќе ги осетат во подоцнежна бременост. Од проблеми со грбот, до вежби за потпомогнување на карлицата и самото тоа полесен пораѓај, итн.
Јас бев со приоритетен Завршив работа. Ја замолив сестрата. А таа после ја праша докторката. Ако не обиди се. Тука по темава можеш да прочиташ кој доктор кој ден е во амбуланта.
Кај мене исто Бев на трет скрининг. Ми кажаа дека се е во ред. Ти как кого имаш правено скрининг? Јас баш поради ова 33 недела правев.
Добро сериозни се за муабет со кг? мене ми е од секогаш пример слаба точка тоа, цел живот мака мачам горе долу и тоа можно е да го очекувам да ми се речи ? немање на емоционална писменост а ќе речиш доктор. за тоа со сликите и јас немам ниедна од првата бременост од мојот матичен од што му е смачено мислам за жал
Приоритетен барај за на ГАК за амбуланта 28 и на чисто ќе си. Едит: Видов си пишала нема опција за приоритетен, а не е точно. Мене ми имаат издадено.
Во однос на вежбањето, внимавајте кај кои тренери одите бидејќи еден куп од нив се приучени. И сакам да прашам, дали на некоја од вас ви се случило наеднаш да ви се стврдне стомакот. Мене синојка тоа ми се случи. Поздрав
Мене ми рекоа дека дури и не е пожелно да се роди големо бебе ради низа проблеми кај мајката.. така да нема мака...ја сум се родила 2700 па сум сосема добра сп топ имунитет