Мојот гинеколог баш за првата бременост ме прашуваше колку сме биле јас и сопругот на раѓање, неговата логика е дека генетиката има врска.. инаку и ние сме биле ситни бебиња и син ми се роди ситен
Е тој. Ќе му пишам на докторот, ќе земам за среда. Да не знае некоја кога да одам со приоритетен? Мислам кое време.
Јас бев кај него вториот пат со приоритетен уште во 8 сабајле и љубезни беа, брзо ме примија, одма после првиот закажан.
Имате некоја храна по која сте луди? Јас комбо путер и лук, можам да изедам тон. Еве сега со пилешкото од вчера правам каша некоја и ставив тон лук, ми мириса врв, и пропржив со путер да омекне, мераци. Сите наопаку ја терсене е муабетов. Од кромид пржен ми се гади на пример.
Може да се случи, во ретки случаеви ама може, свекрва ми е доказ, изгубила трето дете поради физичка активност која ја извршила несвесно, а вклучувала голема тежина. Не сметам дека вежбањето пречи при нормална бременост, ама сепак добро е првите месеци да се избегнуваат нагли потези со поголема тежина. Јас сум физички активна, има денови кога сум 12-13 саата на нога и активно работам, со седнување во еден саат на пауза, измеѓу не можам да седам, не осеќам дека ми штети, ама дека ме болат нозе и половина кога легнувам, ме болат и порадо би го поминала тој период во одмарање. Јас мислам дека е паметно до прв преглед да се одмара и да не се форсира телото оти сепак до тогаш реално не се ни знае дали имаш нормална бременост или немаш, ама ако дозволи доктор не гледам зошто не би се практикувал физичка активност.
Дали знаете Ана Данева дали е вратена од конгрес од Турција треба да се врати оваа недела но незнам кој ден
Голтнав една семка од маслинка и ми помина. Знам еден другар така кога го болеше желудник/стомак секогаш пиеше наместо апче и му помагаше. Фала ти.
Девојки, како си помагате за вагинална болка? Кога седам и одмарам, немам гајле, ама штом малку се раздвижам после тоа ненормално боли. Не пешачам многу, ни 2 километри на неколку дена, ама после тоа премногу ме боли ниско скроз доле и ме сече и во вагината, а и позади. Не знам дали е од тежината, рано е уште, 17та недела, макар што бајаги стомак имам. Пијам магнезиум по едно од 400мг пред спиење, ама некако не помага.
Суви сливи и пробај смути од една лажица чиа семе, јаболко, лажица лен, мед можеш да ставиш. Еве ти го рецептот. После пиење на пијалоков, одам побрзо во вц. https://fitlife.com.mk/напиток-за-чистење-на-дебело-црево/
Женски го користи ли некоја од вас овој магнезиум? Или обичниот е подобар? @Iris-1234 решив да го сменам мојот ради што има б комплекс плус а пијам и други витамини. Ти кој го пиеш,овој или обичниот магнетранс од 375?
Јас обичниот го пијам засега од 375 и понекогаш по потреба земам по три бидејќи во трето тромесечие сè те боли Овој е комбинација од оксид и цитрат и треба да е подобар од стариот Магнетранс
Дали некоја пие или пиела чај од листови од малина? Ме интересира и каде можам да го купам ако знаете?
Јас ги пијам овој навечер а зелениот наутро, ама се заборавам наутро, а многу подобро ми е кога пијам по 2 на ден, ги немам тие глупи болки во раце и нозе. Мене почна тешкичко да ми е одењето наутро на работа пешки, ама не се откажувам, само ќе си ги активирам патиките што ми се за одење најудобни и тоа е тоа, до крај со патики ќе одам. Имам уште 3 недели до крај на второ тромесечје и искрено ова тромесечје мислам дека ми летна, ко врапче. Затоа трето тромесечје трае цела година.