Девојки дали некоја од вас има клострум ? Кога ви се појави ? Јас сум 28ма недела , деновиве приметувам мокра маичка баш кај брадавиците, прво мислев сум се потурила со вода нешто ама, испадна дека не е , ми се дешава 2,3 пати у ден. Мокро кругче баш кај брадавиците,дека по дома сум и без прслук. Дали е нормално? Да не е многу рано уште за тоа ?
Нормално е, јас имав во првата бременост, не памтам само кога прв пат се појави. Не беше којзнае колку често и обилно ама имав. Откако се породив одма ми дојде млеко. Не се секирај.
Девојки од синоќа имав стресна ситуација...се убив од плачење не можам да престанам. И сега цело време мислам на бебето.. Може нешто да му се случи? Да одам на ехо?
Па не верувам дека му е нешто,скраја да е. Ама викаат дека бебе осеќа кога мама плаче. Јас често си плачам , што од хормони,што и така сум си плачка во животот. Па кога ке ми текне дека си ја нервирам беба уште толку повише криво ми е. Гали меше и обиди се да си по релаксирана
Не може да му се случи ништо, иако осеќаат кога мама не е добро. Мислам дека скоро и не постои трудница што не плаче. Освен стресни ситуации, играат улога и хормони и слично. Јас имам бура од емоции во мене од сѐ што се случи претходно и едноставно е невозможно да не заплачам некогаш, полошо е мислам да чувам немир во себе. Наоѓам начин да се смирам и да продолжам напред.. Не се секирај, ништо не му е на бебенцето, потруди се да не се нервираш во иднина.
Жива се јадам себе кога така плачам и се нервирам ама некои ситуации не можам да ги избегнам.....за жал...
Јас си го имам уште од 18та недела. Исто не обилно ама пошто не носам дома прслук и ја, знае да ми се појави кругче на маичката. Повеќе имам од левата града, ретко од десна.
Ај со вас да се консултирам другарки. Утре сакаме да прошетаме низ државичкава наша на една дестинација 80тина км оддалечена. Се мислам дали да одам заради патот. Имам нормална бременост без крварење и болки фала Богу, едино што цервиксот ми беше 3,2см во 16та недела, ама нели не е страшно, кај повеќето е толку во тој период. Денес сум 20+0. Можам да прошетам, или да си седам дома? Инаку патуваме и онака некои 40тина км до кај родителите на сопругот кога одиме ги видиме. Исто и матичниот ми е толку далеку.
Нека кажат и другите ама мислам дека немаш гајле. Не си во ризични недели и цервикс добар Обично од 8ми месец натака не препорачуваат.
Нормално е, јас уште од прво тромесечие имав. На периоди ми капнуваше. Ништо страшно, добар знак е тоа. Ништо не му е. Од искуство зборувам, цела бременост ја поминав со стресови, со панични напади, со липање. Бебе живо здраво, пргаво, еве го сега трча по цел ден.
Има начини,ќе си земеш упат за Гак во амбуланта 36,ќе кажеш дека си за преглед и дека нема термини за скриниг па ќе те препратат. Бременост водење само кај матичен па и скрининзи едно големо не.
Ако немаш забрана од доктор и се чувствуваш добро прошетај. Јас во 18 бев на одмор (300км пат во еден правец) нормално со консултација со докторката што ме води.
Па искрено и не сум го прашала до сега за тоа дали смеам да патувам. Ама и тој сам е свесен дека секако патувам за до кај него за преглед, плус и за скрининг ме праќаше за Ск, а далеку ми е повеќе од 100км.
Девојки еден апдејт од мене. Добив резултати од Нифти и фала му на Бога сѐ е во ред. Машко е бебенцето… Не знам што ми е, но откако го прочитав резултатот не можам да се смирам… се тресам како лист и плачам.. Благодарна сум што сѐ е добро, ама фактот дека пак е машко ме тера да се чувствувам виновно, како да го изневерувам моето прво бебе.. Не знам што ми е.. дефинитивно морам да разговарам со некого и да си ја средам главата…
Истата ситуација ја имав Првото што го изгубив беше женско, второто пак женско. Некој тогаш ми рече дека првиот пат не било спремно да го види овој свет, ама сега ќе дојде. И некако ми се всади во главата тоа верување, колку и да звучи глупаво, ама некако таа мисла ме туркаше напред цела бременост И баш периодов пред 3 години ќе ми беше термин со првото, пред некој ден се сетив. Ама болка и тага не осетив. Разговарај со најблиските за сѐ што ти е тешко, ослободи се од товарот. Ќе бидеш и ти во ред
Znam kako ti e,bev vo slichna situacija (moite izgubeni bliznachinja bea mashki,sega imam sin-iskreno i zelba imav potajno za mashko).Ke pomine napliv na emocii e. Nemoj da se chuvstvuvash vinovno,gospod taka sakal,raduvaj se i gali go sinko
А зошто? Ако докторот е сертифициран за скрининзи, има знаење и досега втора бременост не утнал ништо, зошто да не одам само кај него? Мора ли да одам на друго место? Не, нема потреба да одам на ехо на 2 недели, на двајца доктори и слично, ако се е во ред нормално. Еве се консултирав со уште еден доктор на телефон и ми рече дека нема апсолутно никаква потреба за да залепам 6000ден за скрининг во Систина покрај мојот доктор. Мислев со приоритетен да одам, зборував за тоа најмногу, ми рече докторот што и требаше да ме гледа дека ако мојот доктор смета дека е ок, ок е. Јас избирам да му верувам и да не се тресам за секој муабет, да го прашувам и да го малтретирам и него и себе, за се отворено зборувам со него и досега ако го занемариме муабетот со селцето, докторот ми е топ, немам зборови. Ако требало да се води бременост на 2 места верувам дека ќе ми кажеше и он и ќе беше тоа и пракса во здравството, а не вака од лаички мислења. Разбирам да има проблем и потреба, патолошка бременост, проблеми, нервози, ама очигледно е дека нема и не планирам да си трошам парите на прегледи додека се е во ред.
Изборот е твој. Но штом не може да го види срцето јас би побарала второ мислење. Ништо не го чини да ти даде приоритетен упат Секако нема да те вратат на гак. А и прегледот е бесплатен.