Женски за роденден ги добив витаминиве, место чоколадо, од свекрвица. Да ми кажете дали некоја ги има пиено? Никаде не најдов искуство со нив, а докторот мој вика пиј ги, ок се, има внатре 180, значи за 6м имам, некако ми е неверно. Ќе ми значи вашето мислење. https://kirkhumanitarian.org/ Иначе ќе одам на второ на клиника, се договорив веќе. Мое мислење е дека нема ништо да ми смени, ама ме копка дека ако пропуштам нешто кога ќе се роди ќе доцни реакцијата, па ќе појдам чисто да знаеме. Таман ми е сега време, 24+2 сум, мислам дека не доцнам ако појдам следната недела. Иначе пак заборавам наутро магнезиум и одма осетив мака, зглобовите не си ги осеќам за свои, башка вчера малце му ја претерав со пешачење и колковите ми се ко раштрафени. Морам да си ставам магнезиумот во ташна па да си го носам на работа нема да пропуштам така.
Девојки моментално сум кај матичната 35та недела сум вика постелката се уште не била спуштена и да направам ддимери а правев пред неколку недели рез беа добри..што значи тоа дека не е спуштена
Тоа не е воопшто далеку, можеш и пауза ако ти е потребно да направиш. Плус ако си со нормална бременост и немаш ризици прошетка ќе ти годи. Јас патував цела бременост и на многу подалечни дестинации. Ама имав лесна бременост, а психички без опуштена дека не ми беше прво бебе
Хелоу мешковци, како сте? За една недела влегувам во 8ми месец и како полека ги купуваме работите за бебка и се спремаме така во мене се создава некоја бура од емоции која што не можам да ја контролирам. Цела бременост бев добра, не бев да кажам преемотивна како многу трудници ама сега некако сè ми станува толку реално и само плачам. 100 прашања и стравови ми се вртат во глава, дали ќе сме добри, како ќе помине пораѓајот, дали бебето ќе е здраво живо, како ќе се снајдеме после тоа итн. Претпоставувам дека ова е нормално, посебно кога се работи за прво бебе ама сакам да слушнам дали некоја мама е или била во ваква состојба П.с Си кажав што ми тежеше на душа, ми олесна
Да не работи свекрва ти во некоја болница? Кога бев на дежурен ми ги даваа овие гратис, некоја донација им биле. Докторката вика не и давај си пие она квалитетни витамини, овие некои којзнае какви се. Јас секако не планирав да ги земам, реков нека останат моите за некој што не може да си дозволи да си купи. Свекрва ти баш се потрошила.
E ako de uzivaj tuka sme si za se podrska ramo za placki Ako treba za gluposti za utehi I se sto treba
Edna nedela pred tebe sum znaci i sega pocnuvaat i mene isti vakvi paniki da ne fakjat. Se pravam samo planovi so treba da se kupi so ke treba za vo bolnica, krevetce kolicka uste 6-7 nedeli odvaj gi cekam da pominat da se guskame so maloto mazence
Не, не работи во болница, во градинка работи а таму не верувам дека им ги даваат гратис овие. Како и да е, витамини се витамини, во упатството пишува што има па докторот според тоа ми рече пиј слободно.
На самиот сајт ти пишува дека се наменети за ранливи категории. Во продажба низ аптеки ги нема. Дека сите витамини се витамини не се согласувам, особено на денешно време кога има милјарда на пазарот. Има разлика во квалитет и слично. На тебе е да си решиш дали ќе ги пиеш, јас само споделив тоа што знам.
Здраво мамички.. Јас од утре ја почнувам 27 недела.. Сакав да кажам во врска со патувањето јас скоро секој месец патувам од мк до бугарија и назад тоа ти се некаде 6 сати пат во правец а се врајќаме по два дена.. значи многу пат за кратко време.. имав малку крварење во 12 недела но не беше сериозно и докторката ми дозволи да патувам.. Сега сум во вторник на преглед одвај чекам оти моево бебе изгледа е премирно многу ретко мрда два до три пати во денот и тоа по два пати ако го сетам па да бидам мирна да ја слушнам докторката што ќе кажи.. Од пешачење ме болат колковите.. несоница неколку дена со ред.. Почнав да осеќам по малку како болка како жежење под градите се надевам нема да ми биди како првата бременост (ни јадев ни спијав од преголеми болки).. Си се пожалив па сега да ве поздравам и убав празник да си имате
Тие витамини ги пиеше братучетками и беа дадени на гинекологија биле донација незнам од каде точно важно знам дека ги пиеше и добро помина и крв и железо немаше никаков проблем тоа пред скоро 1 година беше
Повеќето што сме со прво сме исти, а верувам и тие што им е второ, трето... Јас сум во 9ти и уште сум со тие мисли а почнаа уште кога дознав дека сум бремена . Дали ке биде се добро, како ке помине, бебето дали ке биде добро, само на тоа мислам.. Многу не плачам ама паниката ми е пуштена на најјако
И јас не плачев ама овие два дена сум пуштена на најјако Како врви времето поголема е паниката ама си велам кај сите е така, не верувам дека некој без страв оди на пораѓај или па не се плаши далк со бебка ќе биде сè во ред.
Кај мене паника уште од 5ти месец ама деновиве и мене ми е пуштена на најјако. Се плашам од пораѓај, се плашам за бебе дали ќе биде се во ред. Имам голем ризик за предвремено дека краток цервикс. Се мислам дали уште од сега да спремам торба ? 28+4 сум, па си викам да не ја предизвикува судбината рано е , никако не сум... Се плашам дека ништо не сум купила и ништо не ми е спремно. Се плашам дали ке се успеам да се справам со бебе. Никогаш не сум држела толку мало бебе. Мисли и сценарија у главата милион. Јас закована за кревет , што ми останува друго освен да се паничам ?
Иста сум последните недела две. Си плачам секој ден, мм кога ќе ме осети постојано ме прашува “и сега зошто плачеш” а јас не знам што да му одговорам Од болките не ми е толку страв, страв ми е од компликации, дали ќе биде добро бебето, дали ќе се справам како што треба со него потоа. Мислам нормално е да ги имаме сите тие паники, ама реално кас не очекував ваква да бидам
Те разбирам апсолутно ама штом е вака кај сите значи нормално е, веруваж дека сè ќе си дојде на свое иако сигурно нема да е лесно, посебно на почеток. Само да сме сите здрави и живи со се бебињата и сè да помине во најдобар ред
Женскии имам едно прашање сега ја редев машината со садеви и од едната страна ми пропадна и јас несвесно ја кренав за да ја наместам така наведната само едната страна ја поткренав малку и кога се исправив двапати ме сецна на лева страна и сега незнам недведно кренав беше полна машината дали на некој исто му се случило дали може да наштети на бебето оти брв наведната и кренав тешко
Ако ти е за утеха јас секој ден го кревам син ми 12,5кг со претходен царски сум и одвреме навреме осеќам некоја тапа болка, притисок, сецнуваме ама легнувам одмарам малце и поминува. Еве веќе крај на 8ми месец сум фала му ма Бога до сега сме добри така да не мисли дека е нешто страшно,само легни и одмори се малце
Не легнав одма незнаев испаднав до маркет и дојдов дома додека да средам нр мр болеше сега почна другата страна да ме боли кај јајникот и легнав сега ке лежам се надевам се ке биде во најдобар ред