Фала ти мила, ќе ги разгледам опциите, ама ако веќе од сега ме болат колковите, сигурно ќе биде појака болката понатаму, 26 недела сум
Ооо да, и стомакот тежи. Јас од тоа имав најмногу мака. Ќе легнев странично и стомакот како што тежи ми ја оптеретуваше многу половината. Сега со перницата си го потпирам стомакот на неа, ја ставам и меѓу нозе, а назад половината па и цел грб си ги потпирам со другиот дел од перницата.
Јас ја имав втората, ама не ми беше практична и се спласна, сега додека пишував ја нарачав од Сомниа, наводно не спласнува и не се расипува формата. Ајде да видиме. Добро е што може да ја пробам па да ја вратам ако не ми одговара. Со Карго 1320, а само перницата 1190. Мене попрактично ми личи оваа големата од малата и таква нарачав.
Јас ја имам од Сомниа, се сплеснува по малце кај што е лежена многу. Јас ја пуштав у машина и се враќаше.
Цела ја пикнав, навлаката ми беше комплицирана за вади стави. 8кг машина треба минимум, во помала не ја собира
Кога ги купивте перниците? Мислам кога осетивте потреба од нив,кога почна да расте мешето или пред тоа?
Најавено е повлекување на Вуди кремвишлите од пазарот поради присуство на Листерија. Обавезно секоја трудница која ги конзумирала последниот период да го извести гинекологот, со оглед на тоа дека трудниците спаѓаат во ризична категорија.
Јас касно ја земав, пред некоја недела и жалам што се мачев досега и што не ја земав порано. Ако мене ме прашуваш можеш да си ја земеш одма штом ќе почне да ти расте стомачето. Веројатно кога ќе посака, ако посака. Јас сум 30+2 и веќе страв ме фаќа дали ќе се сврти, докторите ми викаат има време, може да се сврти до крај ама ќе видиме дали ќе посака дечкото
Перницата не ми смета во вртењето, ми смета стомакот Од него не можам да се свртам, ми тежи и само офкам. Инаку перницата не, баш ми е погодена.