Хахахахах кај мене е уште рано па нема реакција од маж ми, си се навикна дека вака си офкам дење ноќе
Јас сум 18 недела и уште од сега сум со болки. Стомакот ми рипна наеднаш пред некоја недела (докториве викаат затоа што две носам, сè ќе биде порано). Ете повеќето ти пишале дека им е топ перницата, ама еве јас ја земав одма таа големата перница и не можам да ја навикнам. Гломазна ми е, се плеткам во неа, а сега со покривањево барем ич не ја можам, ставам дел само меѓу нозе, ама на секое вртење на пола саат се будам и се плеткам. Исто не можам ни да пешачам, километар, два и почнуваат бодежи страшни доле и морам да седнам, ми рекоа демек некој појас за трудници да земам. Навистина им се восхитувам на другиве како се снаоѓаат, мене уште сега ми е многу тешко, а ни на пола не сум. Само ќе мора да се издржи.
Перницата е убава, навкаката не е воопшто квалитетна. Цела со топчиња ми се направи. А делот со вадење за перење е кратка хорор приказна
Оф душичка, двечки дека си носиш затоа е така. Мене веќе почнува од сега да ми е тешко за спиење и еве барам решение. Ќе нарачам и јас перница, па ќе видам како ќе се снајдам, очекувам барем малку да помогне за да не се будам на секој саат.
Na muabetot za pernica, jas zavcera si kupiv od sitnik 1350mkd i mnogu e ubava. Navlakata lesno se vadi, ja isprav odma i bas e pogodena, ne samo za sega, tuku mislam deka ke si ja koristam ko gnezdo i za doenje. Videte tamu ako ste vo moznost.
На другарка ми бебето цело време беше во добра поза завртено, пред пораѓај се завртело со нозе па си ја вплеткало папочната и на крај после 10 часа мака и отворена 10цм докторите морале да направат царски, сега се добри среќа и она и бебе. Не сакам да ве плашам со приказнава него да кажам дека нема правила, бидете спремни на секаков случај, најбитно е на крај се да излезе добро другите маки ќе ги заборавите. Инаку мене емоциите ми се на најјако пуштени, ужасна носталгија имам, сакам да си одам дома, ми се јаде храна што ја има дома, ми се јадат специјалитетите на мајка, постојано некои спомени ми идат и почнувам да си плачам, абе некни плачев оти кучето ми било старо, вчера оти бавчата на дедо ќе била празна кога тој нема да може да ја работи, плачев на работа кога кажав дека сум бремна, плачам буквално за глупости. Многу сум осамена, освен маж ми никој немам тука, другарките што ми беа од работа сите се вратија во нивните земји, тимот е скроз нов, па и маж ми го префрлија на работа во друг локал и сега и на работа сум сама, буквално немам желба за ништо, само лежам, одам на работа и гледам серии, има денови кога не можам да се натерам ни да се истуширам, тоа ми се нема случено у живот да легнам нетуширана. Може е повремена депресија ради хормониве, може ради недостиг на храна немам енергија па со тоа ни желба за ништо, не знам што е, ама не се свиѓам ваква и се надевам дека со проаѓање на третиот месец ќе минат и овие чувства. На позитивна страна веќе ми е намалена одбивноста за храна, можам да јадам се и најголем дел од мирисите не ми сметаат, апетитот ми се враќа полека ама тежината во стомаков ми е ужасна, после секое јадење макар и лесно, необилно,одма осеќам како да имам камен во желудников. Уште придружено со блуткавиот глуп вкус во устата, сега имам и проблем со дишењето, осеќам како дијафрагмата да ми е притисната и ме спречува да земам воздух до крај. Не знам дали е киселини ова или проблеми со варење. 11та денес, уште две да истуркам со надеж дека ќе се врнам у нормала со исхранава па да можам да уживам малце и јас во бременоста.
Девпјки некој да сподели искуство повеќе од денот го минам дома и сега моментално бев испадната по саат ипол движење ми се појавија болки од десна страна од кај слабината негде и накај половината но само таму седнувам го снемува пак станувам пак неподнослива болка дали од ранчето што го носев малку тешко е дека внатре триста глупости или има ли можност нешто да се случи со бебето ве молам нормална ли е ваква болка од делот под гради се до стомакот но позадо не кај стомакот ве молам хелп
Пак паничиш за мала работа, смири се, сама кажа дека имаш нормална бременост, не си болна бремена си, нормално е да имаш повремени болки и нелагодности, органите се поместуваат, бебето расте, притиска на нерви, лигаменти, ги притиска органите. Мораш да се смириш, од потешко ранче не можеш да се повредиш, значи бремени жени има што на поле одат ти де плашиш од потешко ранче. Не ми е намерата фа те карам, ама мораш да научиш да не паничиш за се и сешто, едуцирај се, читај на интернет што е нормално што не е, читај книги за трудници, ќе видиш дека нема потреба од паники за се.
Убаво ти пиша @1209 , пак паничиш за мала работа. Тука има жени што работат тешка физичка работи и жени со по едно или две други деца кои треба да ги креваат во текот на денот и да се грижат за нив. Јас немам деца, прво ќе ми биде ова ама дома правам сè, кога сопругот е на работа а јас треба да одам нешто да испазарам, одам и го правам тоа и влечкам потешки ќеси па фала Богу сè е во ред засега. Знам дека ти е тешко ама пробај да разговараш со некое постручно лице да ти објасни како стојат работите и дека не можеш да живееш во стаклено ѕвоно. Освен тоа, стресот што си го правиш сама на себе највеќе ти штети. Опушти се и ќе бидеш добра
Јас ја имам таа од сомниа, ме истера мене во првата бременост и после тоа братучетка ми ја користеше не беше мрдната. Е сега дека 3 години спакувана под кревет незнам што ќе излезе, да завршиме со кречење и да се приберам па ќе ја вадам. Таа е подобра од обичната, затоа што на неа можеш и наназад да се потпреш, а да не залегнеш на грб. Мене многу ми помогна во првата бременост, се надевам ќе биде добра и сега зошто веќе болкиве се неподносливи. Плус зимово ако има рестрикции, стоплена ќе сум И да вадење/ставање навлака е хорор, ама тетка ми соши обична и таа планирам да ја користам и перам, а оригиналната да не ја пипкам.
Фала ти мила, прочитав добри коментари за перницата, една навлака има ете маж ми нека се мачи да ја вади и става. Деновиве планирам да ја порачам и бидејќи е квалитетна и не губи форма добро ќе ми се најде.
А и брзо стигнува, јас се сеќавам ја нарачав во понеделник, во среда наутро ми беше на адреса. 1320 ден платив со достава, а во Лала прашував ми кажаа дека била 2200ден и мислам дека претерана им е цената.
Веќе ти одговориле дека од 9ти. Јас почнав денес, 38ма сум Јас па обожавам урми, баш ми се јадеше денес си уживав во нив Зедов и чај од лист од малина, сега ќе си сварам. За движењата преска го осетив неколку пати, сега па е мирно. Не сакам да замарам толку во болница, ќе почекам уште ден два да видам дали ќе има промени. Од денес официјално нова болка, во десен кук и надоле во нога, ама неподнослива е луѓе. Пешачев мислев ќе помине, ама не бре, си боли
Да да, ми одговорија. Некаде читав дека од 33та недела се почнувало за да има подобар ефект па затоа прашував за ваши искуства.
А зошто не се движиш? Зошто само дома да седиш? Не знам која недела си и колку тешко си носела, ама рачунај дека тука има трудни и со ризична бременост што кревале деца во раце. Еве сега беше внук од јатрва и девер и си го држев, си игравме, се гушкавме, многу убаво си поминавме, малото имало 11кг. Е сеа син ми се размрда дека се најадов лути смоки ама па слатки ми беа. Малку претерувате со грижи за сенешто, знам не е лесно секогаш, ама за се ако се нервирате ќе ви биде само полошо и потешко да уживате во бременоста. Нит кивање, нит одење пешки ( секој ден одам по минимум 5км пешки во денот) ништо не ми е фала богу и бебе си е во ред. Физичката активност во здрава бременост може само да биде од корист, не може да наштети. За ризична бременост не можам да коментирам. Фала ви за позитивните искуства од перницата, мило ми е што не сум направила утка.
Мене ме болат колковите како да сум лежела на нешто тврдо. Ми се укочува страната. А душекот не ми е воопшто тврд. На вас ви се случило ли вака ?
Да да, скроз исто. Секој ден се проверувам да не ми помодреле. Спалната си ја обожавав, конечно душек убав погодивме, а сега ми е како да спијам на камења.