Мамиси, ај плиз кажете кај вас дали се стврднува стомакот? Оној осеќај ко неколку секунди ко здивот да ми се зема. Не е класична контракција, баш е малку стврднување. Е сега, кај претходната бременост ми почнаа подоцна, сега порано, како вака? Малце мисла ми става. Ај кажете кај тие со втора бременост дали ова е честа појава дека наредна бременост е во прашање, матката вежба и сл. Дајте некое објаснување.
Па не знам тоа некако рано ми е, нели предизвикуваат контракции, а мислам не е добро толку рано да имаш контракции. Јас одвај во 38ма се натерав, ми летна времето некако
Јас имам пишано тука, уште од 7ми месец имав такви стврднувања. Језивко е ептен. Прашував матичен, како лажни контракции без болка ги нарече, мислам нормално е
Не движам поради тоа што е преладно и имам слаб имунитет одма настинувам сеуште не ми е ни помината настинка од еднаш што прошетав ,др причина тоа што не живеам во мк и ако тргнам пешки неможам со такси да се вратам дома кога ке ми се примоча да напоменам 19та нед секој 45 мин во вц одам а околу зграда не ми е интересно овде немам никој мм работи во смени сама и ми е страв да шетам така да и плус минатиот пат мн шетав на рака перев чистев џамови све и свашта и за жал имав спонтан а тука за чистење со крварење и болки од 7 сабајле до 15 часот чекав маки мачев кој еднаш се изгорел ќе дува и на ладно фала богу мм е прекрасен не ме остава ништо да фатам он чисти пазари се и сешто не дозволува од чаша потешко да кренам и нормално дека се паничам на се и сешто после спонтан гпдина ипол се обидувавме едвај додека се фане и се паничам плус затоа што немам со кого да се советувам ниту стручни лица така да благодарам на одговорот се надевам некој ќе ме разбере
Ама ти одиш од крајност во крајност, од форсирање во тотално затварање, нит едното нит другото е добро. Умереност само. Јас сум 25та недела и одам и на работа и познавам еден куп трудници кои одат на работа, не само јас, како ние функционираме. Мораш да се опуштиш зошто ќе почне на психа да ти удира толку многу затварање. Излези околу зграда, во некој парк, ќе издржиш на 2ч без да одиш во вц. Мора да бидеш похрабра, дете ќе имаш, утре задутре и детето ќе биде затворено. Не знам каде живееш, ама викаш преладно е, не е ваљда минусни температури, поработи на имунитетот, ама и за тоа ти треба прошетка на свеж воздух и сонце, а не седење дома. Пробувам да те окуражам, не да те обвинувам.
Во ред е да ти е страв, ама преголеми паники само полошо ќе направат, не ти треба тој стрес. Ти рекле дека се е во ред, нормална бременост имаш, спонтан абортус во прва бременост е многу честа појава за жал, не дозволувај тој страв да те спречи да уживаш во оваа бременост. Се ќе биде во ред, мисли позитивно и јас сум во иста состојба, сами сме со маж ми во странство, немам многу начини на забава и разонода ама мала прошетка околу зграда и тоа како помага, сигурно имаш парк во близина, не можеш да седиш под стаклено ѕвоно, не е потребно и не е здраво, ниту за психа ниту за физичко здравје.
Е тоа сакав. Значи има врска со втората бременост. И мене рано ми почнаа, дури од 15та можда. Море и порано имав слично чувство, ама ај реков да не си умислувам. Исто и бебево веќе го осеќам од 15та или 16та недела, движења. А постелка е на преден ѕид. И јас со првото, тогаш имав. Прва бременост ти е? @Nala37 да да се разбираме, како некоја воздбуда во моментот, некоја трема. Не е нешто пријатно, ама колку толку да не го регистрираме. Секој ден ќе е така, сигурно. Ајде здравје само.
Мене ми се јавуваат такви стврднувања, баш како што опиша дури и како губење на здив. Кај мене плус се подигнува десната страна од папокот(тоа не знам што е) или само средниот дел, околу папокот и така стои стврднато неколу секунди и се повлекува. Доста е непријатно, не знам дали е контракција или бебето се мести? Ова ми е прва бременост, сега сум 26 недела а ми почнаа можеби кај 18 по малку ама сега се зачестени во текот на денот.
Ананасот предизвикува контракции, урмите и чајот од лист од малина се за омекнување на грлото. Јас така прочитав и не знаев дали е ок, затоа и тука прашав, мене секако ми е уште рано
Бракстон хикс т.е лажни контракции се. Нормални се. Мене ми почнаа во 5ти месец а прва бременост ми е.
Imase porano vo trgovski neznam dali seuste raboti a ima kaj pazarceto vo bunjakovec butik za trudnici Eva
Devojcinja dali e dozvoleno da se jade luto vo bremenosta nekoj velat ne e dobro za bebeto drugi pak zdravo e se zaboravam da prasam doktor no eve sigurno nekoja od vas znae se nadevam ke mi tekne sleden pat koga ke odam na kontrola da si prasam
Мене ми е 1ва бременост и овие ги имам од 7ми месец , цели тупаници се ова . Ваљда нормално е. Се движи.
Јас ти го разбирам стравот и нема да те осудам воопшто. Само жена што поминала низ траума знае како е да се стресуваш на секој еден симптом и битен и не битен и како одма се палат прашалниците во глава дали е сѐ во ред, колку и некој страв да звучи банално. Тоа што се случило дај сѐ од себе да го оставиш во минатото. Не е лесно знам, борба со сам себе е.. Јас истерав бременост до 33та недела и познати ми се сите симптоми, па пак се паничам на секое. Камо ниедна жена да не треба да осети какво е чувството да тераш бременост после загуба, воопшто не е лесно верувајте. Секогаш кога ќе имаш некој сомнеж прашај тука и ќе се најде некој што ќе те утеши и разбере. Труди се да си ставиш една убава слика во главата, како на пролет ти, бебенцето и маж ти се шетате во некој парк, не е ладно и ништо не те боли, среќни сте и исполнети. Мене секогаш кога ќе забегам вакви мисли и слики ме враќаат во живот. Ќе успееме овој пат и сѐ ќе биде добро.
Сосема се нормални во 7ми месец. Ме интересираше дали се вообичаени и доста порано да почнат, дека втора бременост. И други имаат така, значи во ред се. П.с. заспав од 22 и 30 до 24 на полноќ, во дневна. Се префрлив во спална, мала пауза на телефон и заспав пак сѐ до 5 и пол сабајлево. Сега не можам да презаспијам