Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Па имаше коса мојава ама не верувам во тие муабети. Знам бебиња со многу повеќе коса што се родиле па мајките немале мака :D
     
    На mace89 и Ena0310 им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    6.964
    Пол:
    Женски
    Туку кажете ми тие со болки во колкот, мачкате нешто? Некоја маст смееме, масажа со нешто помага? Страшни болки имам магнезиум и парацетамол не помага
     
  3. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    7.012
    Пол:
    Женски
    Еве јас на пример. Се роди со коса а немав киселини. Ама па ниско го носев цело време, може и тоа има улога :D
     
    На Nala37, Ena0310 и Bebce ❤️❤️❤️ им се допаѓа ова.
  4. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Кумата моја не можеше ден да искара од киселини, бебето кога се роди немаше ни влакно на главата. Ретко излегуваат точни бабините деветини :D
     
    На anngelique и Ena0310 им се допаѓа ова.
  5. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    8.250
    Пол:
    Женски
    Има магнезиум и во вид на гел, ама ако не ти помага прашок или таблета, не знам локално да мачкаш колку би било ефикасно.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Нормално е да те болат бебе тежи и притиска, а магнезиум последните недели не се пие ајде истрпи уште малку при крај си ќе се гушкаш со бебка за брзо.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    6.964
    Пол:
    Женски
    Докторката ми го продолжи до крај магнезиумот, 2х7.5мг пијам дневно. Не знам зошто во мк не го даваат до крај, ја прашав рече дека нема никаков проблем со него. На тие чести грчеви во муслули што ги имам, магнезиум мн ми помага.
    За болките на преглед ќе прашам ако има некоја маст, ако не тоа е, ќе си трпам уште малку :)
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    5.790
    Пол:
    Женски
    Бабини деветини.
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.338
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро
    Да се пофалам
    Нолпазава ме смири. Подобро сум. Сега ја пиев на гладно а во меѓувреме варам ориз.
    Недела ,совршен ден за неправење ништо.
    Туку да ви кажам ништо не сме средиле за бебе,освен 4 бодинња и едно креветче кое не е склопено ништо немам земено....
    Време ке има ама ме фака паника.:D
     
    На Sienna_MK и Ena0310 им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.635
    Допаѓања:
    113.645
    Пол:
    Женски
    Јас имав ти викам киселина така јак, да ме изгоре, не можев воздух да земам од болка, скоро 15мин дишев кратко оти земањето воздух ми беше како со игли некој да ме боде во грло. Ужас. За 3 дена пиење ме смири, ама сепак јас тогаш не бев трудна, да се разбереме.
    А да пробаш на лева страна да лежиш? Желудникот е од лево и ако лежиш на десно фактички киселината се враќа, бар 1час после јадење, да не се враќа несварена храна назад и киселина со неа нормално и да те мачи. И за срцето е подобро на лево да лежиш, знаеш. Бар така ми кажал мене докторот, не знам, може па и не е така, што знам, ама еве а се разбудам на десно јас не сум доспана, на лева кога спијам и се будам сум супер свежа.

    Утро од центарот на хаосот, на купче сите у дневна, на дете му е супер забавно, на нас помалку ама се трпи. Се е у дневна напикано и плус на сето тоа креветот на дете, нормално јас спијам на него. Ќе имаме забавни месец дена, во среда иде мајсторот и најавува дека ќе заврши за 4 дена, ама после треба да средиме ние остатокот и да се сместиме, а тоа е потешкиот дел. Се надевав на помош ама помош од никого, е арно де, ќе памтам и јас. Сум изигравала амал ама веќе нема. Ќе си се однесувам така како што се однесуваат со мене. Бар еден ручек да понудеше некој, ама не, ништо, сите се тргаат на страна, епа и јас ќе се тргам од сега натака. Коа ќе ми текне која будала сум била, ми се плаче ама тоа е. Не, не очекувам ништо од никој, ама па криво ми е искрено.

    Ај доста негатива, од позитивна страна гледано конечно ама конечно ќе имам нормална спална, конечно ќе имам соба за дете, конечно ќе имам функционален плакар што е уште повеќе позитивно во целата ситуација. Едвај чекам да заврши се тоа и да се спремаме полека за бебули. Едвај!

    Убав ден мешиња, јас денес ќе се затрпам во алишта и нема мрдање!
     
    На Звездичка30, H.VAGA, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.194
    Допаѓања:
    40.564
    Пол:
    Женски
    Јас заради ова му реков на мм, ако имаш сила сам да завршиш 80% од работата ок почнуваме, ако не нема кречење. Он се нафати и така би. Со минимачна помош за ептен спуштање, кревање по некој елемент другото кутриот сам истрга. Дури и жената што дојде после за чистење, џабе и ги дадов парите, дел од работите мораше да пребришува. Јас затоа сум тешка на викање жена, ама таа другата што ми чисти, не можев да ја уклопам и требаше да ја чекам 5 дена, а ние моравме да се прибереме дома, тоа занчи големото ѓубре бар да биде собрано. Ама еве полека се расчистуваме. Алиштата секако ми останаа на мене, ама тоа секако јас ќе си го терав. Штом е исчистено и кревет послан, другото полека и на тенане. Таман е времево да соберам, зимско/летно, гочемо/мало и да прередам за да видам и за бебе што има, што фали. Тоа ми е реално најубав дел од средување, сега само малку со стомаков ми е мачно, ама полека ќе средам.

    Ај добро утро. Дома кај нас зима дојде. Извадивме ќебињата, а денски мора клима да се вклучи инаку не се седи. Дека и теписите се тргнати на перење ги дадов, студено:worried:
    Со дете во четветокот се журкавме, сред ноќ на детска го носевме имаше напад на гушење. Си заработи урбазон и инхалации со дексазон. А он вака општа состојба добра. Минатиот вторник еден ден температура имаше и одма се крена. На сета мака од петокот и забот што го лечиме почна да подболува, па овие денови, строго контрола што јаде и со потсетување на секој залак да џвака на другата страна, зошто ако допре храна на отвореното запче тоа е плачки со солзи до колена. Среќа во несреќа е што нема спонтана болка па некако да истераме до понеделник.

    Отидов и јас да се затрупам во детски алишта и да видам фактичка состојба со гардероба за мали.
    Туку што им е на ваикики со цениве:o. Свртев вчера да видам што има за да обновам нешто. Дупло поскапеле со цениве. Дуксерчиња што сум ги плаќала по 400-500, сега нема под 900 денари. Епа претерале:@. Омилена дестинација ми беше, ама изгледа ќе се префрлам на маалски дуќанчиња. За парталчиња што ги надраснува за 2-3месеци не давам толку пари.

    Ми тргна и имам уште многу да кажам, ама се одјавувам за да се фатам за работа.
    Имајте убав неделен ден мешиња и пазете се :sun::sun::f::f:
     
    На Звездичка30, Nala37, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    8.250
    Пол:
    Женски
    И јас земам уште магнезиум, прв пат слушам дека не го давале до крај, баш пред неколку дена бев на преглед ми рече гинекологот продолжи.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Некои доктори не го давале наводно за да не ги ублажел породилните болки(facepalm) Ако се ублажуваа од магнезиум имаше да се наголтаме пред пораѓај:rofl:
     
    На Anturium и Doktor F им се допаѓа ова.
  14. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    8.250
    Пол:
    Женски
    Цела кутија и на бокс :rofl:
     
    На Anturium и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    6.964
    Пол:
    Женски
    На Doktor F и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  17. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    109
    Луѓе, за колку време се готови резултатите од д-дмири и хемостаза?
     
  18. Алек***

    Алек*** Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Истиот или следниот ден, си ги земаш од кај матичниот гиниколог. Таму стасуваат.
     
    На jance му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Обично го прекинувааат за да можеш да ги осеќаш контракциите.
     
    На Iris-1234 и fana им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.574
    Допаѓања:
    289.746
    Добар ден. Терам 28ма недела, цела укочена.
    Обично до пладне функционирав добро, приквечер веќе бев со болки. Периодов турбо па болките ме следат од утро до вечер. Ако седнам после едвај станувам а првите 5 чекори ги правам буквално 5 минути...се влечам низ соба за да се придржувам за нешто. Една недела сме пред преселба и физичкиот напор си го прави своето...паника ме фаќа да не се влоши состојбата.

    За првата бременост и јас демек престанав со магнезиум, за џабе на крај кркав болките и грчевите. После, наредните бремености, пиев до крај и си олеснував колку толку. Кога идеа контракциите немаше шанси да не се почувствува, иако на крајот со дупли дози од 800мг бев. Болките и контракциите и те како јас ги препознав а никаков магнеизум не ги ублажуваше.
    Мебелот кај нас над 90% монтиран, почнавме со распределба на алишта. На маж треба на глава да му се обесам за на Викториа креветот да го монтира, мислам тој само уште остана од цела куќа. Последнава недела само да ја издржам, нмаредниот викенд да се преселиме....па белким ќе биде полесно.
    Тогаш на раат ќе нарачам и бебешко креветче и ќе почнам да купувам нешто алишта. Прочитав имало некои колевки сами го нишале бебето, таман како за нас:D.
    Доколку до пред 1/2 месеци мислев дека сум огромна како за 8/9 месец, сега се чувствувам преполовено:doh:, наредна недела сум на гинеколог, се надевам се е добро. Бебуш претка, па ми дава дневна доза среќа во целиов хаос.
     
    На ivance.., AngelOfArh, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.