И јас бремена си чистев за вселување во нов дом ама со помош на мажот ми и лека полека згора на се јас имав розево кафеаво... веќе се вселивме има уште некоја ситница ама веќе не се замарам толку... најбитно ми е се да биде во ред со бебето.... пердињава не ми се донесени сеуште и моите дечиња секој ден по прозори прсти прсти епа неможам секој ден да бришам згора на се одам и на работа...
Не се грижи толку можеби дека со благо си почнала од сабалје и затоа ти дошло да повраќаш...а имат рок уште цел месец... па и да биле бајати си ѓи поврнала си се олеснила
Звездичка, нешто се мислам нели сме 09 месец , рокот не е поминат , можеби некој зачин во составот на бомбиците ти го надразнил желудникот.
Да мила денес сме 26.09 а тие имат рок до 26 следниот месец ,ајде денес ке следам ситуација па ако продолжи така ке отидам на доктор.
Не е за секој ден, ама има лепак, малтер, што е стварно потешко за чистење, а јас со конизација, цервикс 2ипол цм, ни смеам да кревам ни ништо... Со првата бременост и јас така, косев низ двор до 7ми месец, шетав и кичиња што ги имам што имаат 70-80кг ама сеа едноставно не смеам... а баш се осеќам и океј и се, полна со енергија, ама ете ми е страв да не напраам беља па да ми се скрати цервиксот, скали не смеам, односи исто ми е забрането пример ех да имав нормална бременост, до сега немаше ни да се мислам
Можам ли некаде да видам или ако знае некој да пише кои доктори се понеделник и четврток на ГАК за прв скрининг?
Козметика користам иста од пред бременост, ама јас и претходно се преориентирав на природа колку се може. Декоративната секако кај нас нема избор. Само ретинол е забранет во бременост, а од другите некои како салицилна и слично не се препорачуваат, ама не е строго, има поделени мислења, ама за помали концентрации (пр. Салицилна 2%), ја сметаат за безбедна. Ај добар дени од мене. Денес втор скринин, помина одлично. Бебе по сите мерки си одговара на неделите, сите органи, се на место и соодеветни. За срценцето усто нема индикацика за аномалија, ако сакаме околу 28 контролно само за него, ама има време ќе размислам дали ќе биде тогаш или по породување ќе правиме. Бебе овие 10 дена преактивно и само салта прави низ стомак. Еден момент го осеќам долу ниско, после 5 минути на папок, за после 10 минути да удира лево/десно . Денес и со ехото на докторката се бореше, она стиска од горе, тој клоца од внатре. Почна да ги поздравува и брат му и татко му со по некој удар. Викендов битно на големи плакарот го расчистив, денес уште некои финеси, па здравје може полека да се спрема и катчето за бебе. Повеќе да видам што останало читаво после 5 години од големиот, за да знам со врме што треба да се купува. Од големи подлога за преслакање и корито ќе треба, ама од ситници ќе треба повеќе, дека и различна сезона ќе бидат (големиот сред август, бебево Јануари). Туку сакам за излегување да најдам плетено скафандерче, внатре фатирано или слично. Ако некој види некаде нешто такво пуштете абер. Ајде да поработам. Имајте убав ден
Девојки колку Магнезиум од 250 смеам дневно? На Натурал Велт го имам, некако како да не ми врши работа... За грчеви ми е, 9+4 сум.
Ќе ти пишам кога ќе ги донесат кај мене, лани беа 950ден, годинава и 1500 да се се исплати. Скоро па исто и јас ќе бидам, на иста мака, зимско бебе со пролетно бебе, ама пролетта ни фати и студ. Макс 4, ама земи некои појаки, тие ептен се слаби и 4 да испиеш е малку.