Продолжи си со витамини штом ти рекол и удри јако на производи полни со железо. Јаткасти, суви сливи, можеш и урми по една две, какао, чиа семе, цвекло, чај од брусница, црно чоколадо, варено јајце секој втор ден, леќа, месо. Скоро сѐ јадам од ова плус пренатални и хемоглобинот ми е последните пати два пати 110, а секогаш ми е висок. Е железото ми е 28,8 од горна граница 27. А пак, еритроцити и хематокрит ми се намалени, ама и во претходната бременост ми беа, толку тоа не е страшно. Сепак ниту мене не ми даде засега терапија, рече нареден пат. Ќе сакаш да ги сликаш кај тебе вредностите да ги видам?
На бебето нема ништо да му се случи, може само ти да се повредиш...Доколку нема директен удар во стомак или пад, воопшто не треба да се секираш, лигаментите се опуштени како резултат на хормоните и често трудниците се склони на повреди и истегнувања
Да ве прашам вие што имавте од Комфи Ангел перници за доење, беа со топчиња или памук некој? Ова што ми стигна мене е памук некој како за перничињата мали украсни и не верувам дека ќе држи ова долго, мислам дека ќе се спласне.
Памук. Јас баш таква барав, да не е со топчиња. Досега не ми спласнала, можеби минимално само кај главата, надоле е топ.
Ја немам перницата ама од она што го прочитав и пребарав на интернет тоа е всушност ball fiber filling. Не топчиња, туку самиот полнеж внатре има како оформени топчиња. Нешто како на сликата ми дава Google. Он топик, 19+ недели. Сеуште не ми е преголем стомакот, немам потреба од перница. Овие неколку денови киселини во желудникот имам почесто од помрсна храна. Следна недела преглед кај матичен, претпоставувам како скрининг. Преглед на срце кога се прави? Во мојот град нема опција за државен преглед, па ќе мора тој на приватно.
Девојки хелп. Дали е нормално на влез на 8ми да слабеам и огрднувам? За три дена слиинав . Буквално сум ко исцицана во фацата. Сите ми коментираат. Дали дека женско носам па огрднувам? НезнМ стварно ама се загрижувам. Испиена,ослабена,огрднувам,само на заби сум. Може и ради проблемот со желудникот дека бев на режим два дена....незнам...ко болна сум Прееска од шо се изнервирав коа се загледав ,се изнајадов и ручек и благо и сега пак ме стегна желудник
Немој така да се перцепираш, ниедна мама не е грда. Сигурна сум дека од проблемот со желудникот си ослабела. Не ги слушај коментарите од околината, сакај си се и почитувај си се. Голема работа прави твоето тело во моментот и убаво е такво какво што е.
Немој така да мислиш. Пробај да уживаш во овој убав период и имај на ум дека не секој има привилегија да расте нов живот во себе.
Исти болки имам и јас, осовено околу папокот. Букбално како воспалени мускучи и на допир боли. Тегнењето на кожата е. Ако не намачкам нешто масно некој ден станува поинтензивна, ако мачкам се смирува. Ама периодов дека бев растрчана не сум намачкала цела недела и од вчера особено ја осеќам ептен како истегната кожата Да во претходната бременост ми препорачуваше и доктрката што ме води мед и семе од коприва со лимон.
Сигурно од проблемот со желудникот си ослабела Јас пак ослабев уште од почеток, и некако уште слабеам. Кој како ме види ми кажува дека сум ослабела. Јас па и немам некој апетит, јадам повеќе пати во ден по помалку, зашто брзо се заситувам.
Мила, пробај да уживаш во овој период, ние растеме нов живот во себе и тоа не е воопшто ниту лесно ниту едноставно а и не е лесно да гледаме како телото се менува особено во последните месеци кога стомакот е огромен ама некои жени сè би дале да се на наше место. Околината и луѓето батали ги, безосетни коментари секогаш имало и ќе има ама тоа нека не те допира воопшто. Уживај си со мешето уште малку, за брзо ќе уживаме во најубавиот мирис на светот
Ипак не ја враќам. Арна е, не е страшно, ќе врши работа. Сеа дур се испере навлаката кој ќе дочека. Прееска легнав малку на неа, стаив пешкир под глава, уф 5мин дремнав ама дали од мисла или од што ми беше удобно, уф ќеиф дремка. Станав и одма се фатив за работа, маж вика што не кажа порано ќе ја земевме, пауер нап во вистинска смисла на зборот. Сега еден туш и едвај чекам да потонам во неа. Ќе си ставам под глава пешкир ама вечер ќе спијам со неа