Добро утро девојки. 24+6 сум и сум цела отечена. Прсти, нозе, лице. Ако паднам од 3ти спрат ништо нема да ми биде, чаре некое?
Исто… баш гледав ние и тука некаде сме со термин, ајде со добра мислам и Господ нека ни е на помош, ќе биде се добро
Ќе прашам, за 2 недели сум на преглед. Притисокот ми е добар, проверувам често. Патував и сменив клима ама никогаш не ми било вака. Фала многу
https://health.acibademsistina.mk/b...g-za-najrano-otkrivanje-anomalii-kaj-fetusot/ еве линк од текст на д-р Драшко од Систина за феталнаехокардиопграфија
Фала за линкот. Јас го откажав тој преглед за сега. Втор скрининг ќе правам наредна недела, 22+0 ќе сум, здравје. Па ако тогаш каже Др дека треба да правам ехокардиографија ќе ми закаже тој.
Притисок цел живот 90/60 и прв и втор триместар. Во трет триместар на неколку мерења 110 со 75. Дали се смета ова за покачен со оглед на тоа што притисокот пред бременост знаел да ми е и 80/50. Или е нормално во трет триместар благо покачување? Инаку не осеќам никакви проблеми.
Супер ти е притисокот. Јас имам исто низок и стандард во бременоста сега ми е 110/70-120/80, истото прашав и ми рекоа нема никаков проблем, супер е.
Веќе како тенк се осеќам Цело време сум у движење, ама денес бајаги се изморив. Навечер исто нема спиење, киселини страшни, само станувам по кисела вода...Ус пат и поткаснувам нешто Сите ми викаат наспиј се сега после нема а мене вртење од една на друга страна ми е олимписка дисциплина, и не дека нешто сум огромна ама ми тежи стомакот. Текстов ме растажи некако, многу емотивна станав што не е својствено за мене . Кере лупа од синоќа, журка си прави, сега и благо и дадов па продолжуваме. Убав ден
Мешиња овој 9ти месец ми е претежок, ми наплати за цела бременост која ја поминав во уживање Кажете ми има некој со покачени леукоцити и пиете нешто? Од неделата сум со нагони на повраќање, едвај апнувам по нешто и мн болки во желудник. Ми дадоа апчиња помагаат по малку, ама после некој саат пак исто. Леукоцити покачени, знам дека често се случува во бременост, се сомневаат на вирусна инфекција ама не ми дават антибиотик сега при крај сум, откако ќе се породам ќе ги провереме пак. Има некој начин природно да ги намалам? Уште тоа ми фалеше на запекот, хемороидите болките во кичма и колкот. Си се испожалив
Покачени леукоцити укажуваат на бактериска инфекција, не на вирусна. Ама во бременост е нормално да се покачени, сега не екстремно ама благо покачување. За вирусна инф не се дава антибиотик. Поработи на имунитет, здрава храна, свежи салати, витамини. Уште малку ни остана Издржи
Женски за железо што пиете? Никогаш во животот не ми било слабо железото,денес на крвна слика железото 11. Денес 9+1 сум. Ке одам во вторник кај матичната сигурно ке ми даде нешто да пијам нели?
Дали докторот ви го мери стомакот со метро? Најдов на нет дека и големината на стомакот укажува на растот на плодот. Само не сфаќам како треба. Пишува да се легне на рамно и со метро од пубична коска преку стомакот да се измери до кајшто оди надолу стомакот, преку папок. Колку недели си, толку цм требало стомакот да биде. Вака треба?
Мене последно ми беше 7.1 и не ми дадоа суплементи. Само препорака за конзумирање на мед со семе од коприва, спанаќ, аронија, цвекло..
А за кај урината пишува кај бактерии два плуса,и нитрити има плус,што значи тоа? Ке треба уринокултура да правам? Немам ни чешање ни пецкање ни болка при мокрење,ништо.