Денес испитував крв и урина, и бидејќи имам многу кандида оваа недела, во садот со урина дури белу партали имаше, ми беше срам да го дадам дури Сега ми се јавија за резултати, се е супер нема ништо ама као имало песок во урината.. Па се мислам, ако има песок зарем нема и нешто друго да покаже на резултат, како се е океј ама песок..? Дури за 2 месеци ќе се вратам на преглед,па дури тогаш уринокултура вели. Хмм чудно ми е баш..
Тоа порано им го мереле стомакот кога немало волку софистицирани апарати, мене до сега така не ме мереле.
Jas od 6ti mesec pocnav da otecuvam, a eve vekje sum 9ti. Samo oblogi so acidi borici stavav,I noze potkrenati na visoko.
Мене на почеток ко останав бремена ми падна, па матичната рече да почекаме и ако на наредна крвна слика е паднато ќе ми даде суплементи. На наредна крвна слика беше супер, се стабилизира. После наредно ми падна после 25-26 недела и тогаш ми препорачаа или Лактиферон да пијам или Ферозомал.
Аа фала ти на објаснувањето, грешка сум разбрала. Се трудам здраво да се хранам иако овие денови не јадам речиси ништо. Ќе внесувам барем по малку овошје и зеленчук. Ќе издржиме
Не, тоа е веројатно некое застарено мерење. Големината на стомакот нема врска со растот и развојот на бебето, туку со конституцијата на самата мајка. Ете јас кога бев на преглед последно имаше жена висока сигурно преку 1м80 и така крупничка, беше негде 26-27 недела и стомакот минимално и се познаваше, а јас тогаш 29 недела со мојата висина од 1м64 и поситен раст во стомакот бев како да имам голтнато лубеница Така да не читај се и сешто, докторите си ја знаат работата.
Ама оди докажи им на луѓево шо имаат мислење за се Страшно ме фрустрираат коментари од тип лелее колкав ти е стомакот, ко за осми месец, на ќерка ми толкав и беше пред да се породи. А ќерка и 2 метри, јас 1.65. Инаку точно, ниеден доктор не ми спомнал дека зависи големината од растот на плодот туку зависи од конституција на жената, дали е повеќеплодова бременост и дали е прва, втора, трета бременост.
Леле јас не можам игнор. Барам објаснување, знам дека е глупо да се објаснуваш со човек кој ти го коментира изгледот, ама не можам да се воздржам. Јас би ја прашала што е грешно во стомакот и би ѝ кажала дека сите сме различни во телото. Една комшивка порано, во претходната бременост кога ме праша кој месец сум, викам 5ти, таа леле колкаво мало ти е мешето, се почуди. А не беше мал, складен беше, па и дека прва бременост со толкаво бебенце. И ѝ враќам оти велам колкав треба да ми биде? Ам ам почна да објаснува, мојот во првата олку, во втората огромен ми беше... И си викам најубав лек за да не ти зборуваат е да не се дружиш
Женски од каде можам да си порачам градник за доење? Некоја страна да ми препорачате што ќе ми донесат до дома?
Кај да ги барам ФБ или инста?Ако сакаш плс линк прати ми. Па не сум големо бројче. Имам многу мали гради ама мислам да земам бројче две поголем прслук нели очекувам да пораснат повише.
Со тоа поткаснување аман веќе сум Прво ме маваат киселини па одам по ладно млеко, малце поминуваат и ми текнува дека ми се јаде во 2-3ч по полноќ, па ќе легнам и пак киселини и сабајле ќе стане синко во 6ч и толку нема спиење. Цел ден ко пијана сум хаха ајде уште малце ќе издржиме
Дали некој има, имал болки во стомакот во 31ва недела? Имам и во дел од бутовите и препоните. Бев денеска на преглед се е супер. Нормално ли е? Ми се плаче искрено...
Свежа во секој случај е подобро, но попрактично е замрзната. Јас замрзната конзумирам. По околу 10тина зрна дневно