Јас имам свежа, ама секако за да ми стои повеќе ја замрзнувам и секој ден ставам во смути по 15-20 зрна. Така да каква и да имаш.
Дали е дозволен aqua maris strong во бременост? Многу ми е затнат носот ништо не помага. Обичниот спреј го зедов како да не прскам воопшто..
Vlegov vo wc, ama svetilka ne zapaliv, i ne vidov deka ima svekrvata staveno bref vo soljata. Bev po mala nuzda i otposle primetiv deka ima bref koa se svrtev da pustam voda Odma vo kada se izmiv, no mi e strav da ne e stetno nesto za plodot ? Ve molam ima li mesto za panika?
Дали и при поправка на заби сме ослободени од плаќање како трудници или ова важи само за здравствени услуги поврзани со бременоста?
Убав ден на сите. Сега се враќам од преглед, за матичниот втор скрининг важеше овај преглед, ама ќе правам и во Плодност наредна недела, здравје. Според него се е во ред, и срценце и уста, нос, очи, правилно поставени, мерки одговараат. Девојче е рече според мене. Плацента на заден зид. За неа кога го прашав ме изнервира. Као демек како дали е во ред плацентата поставена, мора да биде во ред. Бог да чува. Цервикс 3,3 па 3,5 см, затворен, цврст. Рече добар е, нема страшно ништо. Ако е така и наредно ќе ми ги прекине Дабростонот. Пеперуткава си пливка, цело време, радосна е дека и мајка и се израдува дека се е во ред.
Само поголемо меше може да биде показател за скриен шеќер? На последен преглед, док ми рече дека бебето е според тоа како тој ме води 18+6, а според ултразвук 18+5, вика нема гајле еден ден пссс шо е еден ден, за тоа нит јас не се грижам. А инаку, според менструација сепак бев 18+1, ок нема врска, стартно така ме води. Зборов ми е, кога дојдов дома ги прегледував мерките, барав на интернет мерки по недели за тие 4 параметри, bpd, hc, ac и fl - дијаметар на двете хемисфери, обем на глава, обем на меше и бутна коска соодветно. И сега гледам дека мешево според интернет мерки му е поголемо, и тоа салам 10 дена. За тоа тој не рече ништо. Па како го најде тој еден ден да е поназад според ултразвукот? Некако компјутерот прави пресметка? Да требаше, сигурно ќе ми спомнеше, нели?
Моите се од старт за 5 или 6 дена поголеми од тоа што треба според последен циклус ја прашав докторката ми кажа не е тоа ништо ни одговара да бидат поголеми. И матичната кога ги мери се поголеми не ми искоментира дека е тоа нешто лошо.
Па ултразвукот си пресметува и докторите се водат по тие мерки. Апликациите и мерките на интернет не знаеме дали се апдејтирани, кој извор ги пишувал т.е дали се точни и на крај за кој регион во светот се однесуваат (има држави каде што луѓето се едноставно поситни/покрупни). Кај мене бебе беше цела бременост 2-3 дена поназад со главче и меше а на последен преглед 2 недели понапред, си варира тоа и докторката рече до 2 недели се толерира и си е нормално. Не си барај грижи таму кај што ги нема и уживај си. Бебе си расте, некогаш нешто ќе е назад, нешто ќе е напред па ќе се изедначи и така во круг
Ако има нешто доктор ќе ти каже. Ако си гугламе дома за се едно нешто кај ќе ни е крајот Еве јас уште на прв скрининг со мерките хаос бев. Главче на една недела одговара по мерки, меше на друга, бутна коска на трета. И просек некој зимаат од тоа па така излегува за која недела одговара. И главната мерка (ова колку јас што сум разбрала) е од главче до газе.
Хаос сум со спиење, немам преспиено цела ноќ цела недела. Енос сум 12та недела, како ќе биде натаму до ова не знам, отсекогаш сум имала проблеми со сон, сега се на максимум. Главата ме боли од ненаспиеност ми се плаче. Инаку почнав да јадам нормално(ако ова се смета за нормално) ама јадам разновидно, ама луѓе вкусов во устава е неподнослив, до кога ќе трае, кажете ми некој спас, не е метален вкус, повеќе е како некој блуткав, нешто како кога си настинат, стварно не знам од што е ама ме полудува.
Мене ми беше така, блуткав вкус со лачење на плунка, беше неподносливо и ми траеше цел ден. Ништо не ми беше слатко што ќе изедам, јас на пример не повраќав но затоа мачнини и лачење ба плунката беше константно до некаде 15-16 недела. Сега бебето малку е повисоко, ми го притиска желудникот и не можам да јадам нормално, туку по малку, во спротивно пак ми се јавуваат мачнини и ми се лачи плунка, сега сум 27 недела. Се’ зависи од поставеноста на бебето и дали ќе имаш мачнини и киселини, индивидуално е, но нема решение, ќе мора да се прилагодуваме цело време Кај тебе верувам дека ќе се смени состојбата, ќе поминат мачнините
A зошто гуглаш? Зошто дијагнози си бараш? Кулирај! Тие мерки колку се прецизни? Со ехо земени? Па и ехото којзнае колку е ново и прецизно... Не се оптоварувај, зошто да си ставаш мисли во главата. Најди си доктор на кој ќе му веруваш и тоа е тоа. Како не ви е мака да гуглате не ве знам. Е јас упорно заборавам на тој магнезиум од наутро, упорно. А ме вртат коски и мускули ако не го пијам, ми се плаче. Бебе нешто умно денес, знае дека сум ненаспана. Да, не се наспав, станував неколку пати ми се мочаше а зошто не отидов да мочам да ми е да знам, а не знам. И место да одам да си завршам работа јас се превртував упорно и пак ненаспана. Па маж околу 6 коа се раскашла, не се спиеше. Ај да речеш ќе си одам дома ќе спијам, ама не бе, нема шанси, со мајстори сме дома. А ни ручек немам. Угоре високо, удоле длабоко! Утре свадбица! Ајде нека пројде и ова па викендов да се кречи и да се средува дома, да се спастриме оти не можам веќе во хаосов, ми се темни. Убав ден мешиња!
Исто ми е и мене, уште сега кога јадам макар и 3 залчиња одма ми е тешко на желудникот, го осеќам полн и како во грло да ми е, ме притиска не можам да дишам. Вкусов и мене ми прави ништо да не ми е слатко, нон стоп само плукам, полна уста, дома имам чаша до мене оти ми е одвртно дури да голтам, кога сум излезена со салфети нон-стоп. Јадам ама како што рече ништо ми нема убав вкус, не ми е мака од мириси и јадење ама ми е мака од што не ми е слатко и што ми е тешко на стомак, ајде да се надевам ќе помине. Јас сум голем гурман, мене готвење и уживање храна ми е слабост и една од големите радости во животов, за мене ова хорор одвај издржувам.
Здраво женски, Одамна не сум пишала, редовно читам ама имам прашање сега дали некој се соочил со слична ситуација. Јас сум општо специјалка и секогаш нови компликации ми излегуваат, да се чудиш. Терам втора бременост , 30+2 недела. Првата ја одлежав, скртен цервикс, серклаж, се породив 36+2, неврзано за цервиксот, туку изгубив плодова вода и малото веќе не растеше. Оваа бременост пак скратен цервикс, немам серклаж и тоа си е ок, мирувам и таман си помислив можеби лесно ќе пројдеме, на преглед завчера - 30+0, докторот забележа зголемен отпор во артеријата во папочната, како кај жени со висок притисок, што би значело дека протокот не е баш добар. Немам висок притисок, бебето напредува одлично. Бев на ЦТГ веднаш, таму беше се добро, па контрола за 7 дена. Клексан и аспирин примам секако од почеток. Свесна сум дека сега треба да се следи често, ми кажаа и притисок да мерам ама чисто ме интересира дали некој бил во ситуацијава, искрено барав по мислења, не најдов ништо.
Така е, ама ајде де, самите доктори си се уфилмуваме. Ехото му е ганц ново, приватен доктор е, не зема за џабе околу 50 евра за детално ехо скрининг на фетус. Баш пред месеци кога одев на прегледи, му велам ајде да го сефтосам ехово и за бебе. Вели ајде нареден пат бремена да ми се вратиш. Па така и беше. Убав помин, па да го видиме стајлингот твој за на свадба.
И мене ми е ко блуткаво, ко алкален вкус во уста дури и горчливо чудно. Ама пак, имам и чувство ко да ми е суво грлото, што и да каснам, после останува ко суво, и тоа сега од пред некој ден. Значи се опседнав со мисли јаооо што се нервирам. Ќе помине твоето шо да речам, издржи.