Еве ме завршив со прегледот женски фала на секоја од вас за помислата . Во меѓувреме ми потече минијатурно парче темно црвено, се распаметив тотално. Убедена бев дека нешто не е како што треба, но на прегледот велат се е во најдобар ред. И вагинално ме гледаа и цтг се е уредно. Цервиксот долг, затворен. Се сомнева на постелката бидејќи е пониска или евентуално уринарна инфекција. Мада чудо, кога стигнав таму ни трага од црвено, розово. Ме гледаше вагинално да земе примерок од секретот тотално нема ни трага од крварење, бел секрет. Како воопшто да не поминало нешто црвено. Од каде испадна тоа парченце ни мене не ми е јасно. Битно се е добро и верувам на докторката и се надевам во право е. Утре ке правам уринокултура па ке видиме и тоа.
Не сум редовна во консумирање. Ако јадам овесна каша во неа ставам, ама ретко јадам зошто ме држи сита пола саат. Запек некогаш имам, некогаш не. Пробај со чиа, ленено семе, сливи..
Заби не се покриени од фонд. Мене од 5 и пол до 6 месеци ми скокна стомачето мнооогу. Како преку ноќ. Не се сите жени исто градени, не се сите бебиња исти. Кај покрупни жени не се познава одма. Прва бременост посебно.
Nema pravilo ni za positna ni za pokrupna, jas sum niska i sitna, stomak pochna da mi se poznava vo 7mi mesec. Nikoj ne me primeti deka sum trudna, luge ne mi stanuvaa vo avtobus, za da sednam od shto tolku ne se poznavav
Како се справувате психички со патолошката бременост? 19 недела сум, бремена со ивф и близнаци, од почеток на боледување поради неколку причини, најмногу поради често крварење, но сега фала богу се е во ред и ме фаќаат бубачките да се вратам на работа, пошо ме фаќа лудило дома. Од друга страна, не знам дали ќе се справам со стресот на работа, цело време под притисок и се е итно, плус и седење по 8-10 саати, а уште од сега ме боли кичма и колкови. А и понатаму ако ми стане потешко, не знам дали пак би ми дале боледување и сум ни ваму ни таму. Некоја да сподели памет?
Седи си дома, одмори се и спремај се за бебиња. После викаат нема одмор . Најди си некоја занимација, шетај колку можеш и колку ти дозволува состојбата на отворено, во парк и слично. Ако ти е стресна работата уште тоа ти фали да се изложуваш на стрес непотребно. Верувам дека ти е досадно ама ке помине. Како ке поминуваат неделите ке ти биде се потешко, нема да спиеш убаво, киселини и ред др работи. Има онлајн школи за трудници, можеш тоа да посетуваш да ти помине време, книги и сл. Ке ти помине многу побрзо времето отколку што мислиш.
Да не им се замараш ете так и јас во прва бременост немав ич, до 7ми, тогаш рипна одеднаш сега пак, исто, повеќе останатиот стомак ми се познава, оти ко ќе легнам рамно е мешево, 18та недела, а бебе и претка и се е ко што треба
Јас не одам на работа од 6ти месец, имам многу болки од седење и пак би избрала исто. Мое мислење е, ќе ти станува се потешко, може и со неспиење да се справуваш...Зошто да си правиш комликации додатно, неколку месеци се во прашање... А занимации ќе си најдеш еден куп ако ти е досадно.
Здраво,земав упат од матичен гинеколог за во Авицена за испитување скриен шеќер,дали некоја од вас има испитувано во Авицена да ми кажете што како и дали треба предходно да се јавам да закажам?
Здраво.Некоја да каже искуство со провокација со вагиналетка?Лежам во Чаир поради поминат термин,вчера добив провокација како инфузија немаше ефект ,нит се отворив нит болки добив.Денеска ми ставија вагиналетка пред 1 час немам никакви болки.Дали има шанси да ме фатат болки или штом нема досега да не се ни надевам
Мене првин вагиналета ми ставија, за два часа добив болки но не почнав да се отварам, потоа преку инфузии ми ставаа провокации цели 10 часа, имав баш јаки контракции ама само 2 прста успеав да се отворам и завршив на царски. Се е индивидуално, прашувај ги таму докторите
Исто како и на Ena Mena, д-р ми кажа до 36та недела дека ќе примам клексани. Сега ги купив последните 30 и едвај чекам да престанам со боцкање, најнеомилен дел од денот ми е, плус замарање потврда од матичен гинеколог, достава на барање за рефундација во ФЗО.. Ексик..
Пред некое време некој беше постирал видеа со вежби за породување. Не можам да ги најдам ако ги знае некој да ги прати. Ми фали малку физичка активност
Фала на поддршката и советите. Престресно ми беше на работа, еден спонтан таму ми се случи и реков уште еднаш нема да си дозволам, а еве ме пак со грижа на совест дека не одам на работа. Ама сепак ќе си го продолжам боледувањето, ќе си останам дома, бебињата се побитни од се.
Претпоставувам дека од шести ќе биде уште потешко, навреме си одлучила да земеш боледување. Инаку со неспиење сум сите овие месеци, по саат два ако врзам преку ден, инаку ноќе само шпартам низ стан, читам, никако не можам да спијам. Ми кажаа мелатонин да земам, ама пусти страв, ни тоа не сум пробала.
И јас примам клексан од почетокот ама до сега не ми е текнало да прашам до кога ке ги примам само ми каже матичниот продолжуваме со иста терапија продолжуваме со клексан и јас сега последен пат си препишав пак 30 до 37 недела ке ми се тие, а породувањето незнам кога ке ми биде дали 37 недела дали 36 сега треба да се договорам
Клексанот го примив сабајлето во 9ч а во 19 и 30ч се породив, значи немаше ни 12 часа. Така одлучи докторот а Јани сега во извештајот ми пишал 24ч пред пораѓај да се прекинат. Минатата бременост ми беа околу 2000 на пораѓај и после примав уште еден месец после пораѓајот